Многу ми личиш на Спенсер од Pretty Little Liars (Troian Bellisario) Шминката ти е убава и нежна, само подобро изблендај го руменилото/бронзерот нареден пат.
@Trxmx @Irreplaceablee Е ова се добро нацртани веѓи! Не ве знам точно, ама ќе кажам дека на девојката од десно совршено би и стоела виолетова/ розова шминка, оние фенси нијанси, плус може и глитер или сенка со многу светки.
Побарај мои мислења во темава ќе видиш само со розево и светки се шминкам баш Инаку за веѓите не давам никој да ми ги чепка мене, само јас знам вака да си ги погодам убаво за мој вкус фала ти инаку
Не сум забележала, од време на време отварам, ако е убаво ставам "ми се допаѓа", ако не е убаво скролам или давам конструктивна критика. Сега ептен ги забележав веѓите, па морав да пофалам, ептен се про. Нема на што.
Прекрасни сте женски.Убаво и нежно нашминкани.@Trxmx ми се допаѓаат твоите веѓи баш е убаво што се подебели ти одговараат спрема облик на лицето .@Irreplaceablee имаш природна убавина и многу убави црти
После денешниве слики на човек да му е незгодно слика да стави Девојки убава шминка. @Irreplaceablee со понежна шминка многу ми се допаѓаш.
Како прекрасно се шминкате, срам ми беше да прикачам слика до сега ама нека, од критики ќе научам нешто. Занемарете ја устата, размачкана ми е од јадење .
Коментарите околу хајлајтери, блендање, техники не се избришани. Меѓутоа, ве молам во иднина придржувајте се конкретно до темата, без муабети кои може да се дискутираат во други посоодветни теми и без тотални оф-топици (коментари за бои на коса можеме да си разменуваме во соодветната категорија ). Поставувајте слики, а дискусиите сведете ги на минимум, колку што се може. Темата секако е отворена за критики, пофалби и слични коментари, меѓутоа сепак не одете предалеку со муабетите - да им дадеме предност на фотографиите и да го испочитуваме трудот на девојките кои ни постирале по нешто.