Иста боја се вратот и пудрата, не знам вака на слика зошто испадна изгледа ради сонцето што ми го фаќа вратот, а лицето под сенка Спојлер
Си ги прецртала усните а тоа според мене е големо но-но. Останатото е супер. Која пудра користиш и каква кожа имаш?
@Trxmx Карминчево е сон. Ај кажи бројче и марка само те молам немој да кажуваш дека си нарачала од интернет.
Задоволна си од пудрата, како издржа на овие горештини? Не знам можеби и така изгледа, мене од сликата ми се гледа како природната линија на горните усни да е доцртана. Е сега, можеби според тебе тоа не е прецртано, според мој критериум е.
Искрено на моменти од горештиниве јас се осеќав како да ми се топи лицето и си викам којзнае колку ми е лом пудрата ама на изненадување си беше на место се. Можеби и дека ставам камена одозгора не знам, ама задоволна сум, ја препорачувам
Сум приметила понежно се шминкаш ама преубавооо Женски сега јас се приклучувам , и дека почнав од пред година и повеќе да експериментирам со шминка ќе поставувам и ја слики ..
Девојки, ве потсетувам дека тука во темава прикачуваме наши лични фотографии, со шминка која сме ја сработиле самите. Фотографии од наши дела на трети лица не се дозволени, дури ниту со нивна согласност. Темата едноставно не е за тоа, па ве замолувам да се придржувате до ова правило дадено од авторката на темата, за да нема потреба да отстрануваме фотографии повеќе. Ви благодарам и продолжете да постирате.
Веѓите како и секогаш катастрофа, во фаза на растење, никако не можам да си ги погодам.. На устата имав кармин меѓу розова и виолетова боја, само не можам да најдам слика каде што се гледа убаво...
Сенката е на Мода од тие моно сенки што се, не ми текнува бројчето ама на тестерот веднаш ќе ја приметиш една е таква. 134 мислам дека беше ама не сум сигурна. @M.laDy Трепки од Алиекспрес си порачувам цело време и овие се некој од таму. Многу ми се добри и влакната ептем природно изгледаат. Инаку многу ви благодарам девојки.