Ако не грешам, сенките се светкави, што не се препорачува, потокно пптемната. Не се добро изблендани, скоро воопшто. Подобро би изкледало доколку потемната нијанса е мат и малку од неа да биде изблендан во crease линијата или над неа. @Irreplaceablee светките се тие крупните во кутивчиња?
Ај некоја нека се нашминка со Bourjois CC кремата, без прајмери и пудри одозгора, да го видиме ефектот на кремата, дали стварно вреди
Да, светкави се. Инаку ич не ми оди со сенкиве почетник сум. Гледам видеа, туторијали ама никако да ми излезе ко што треба.
@lovemme фала ти многуу. @Emotional123 розевите се од поголемо кутивче, а лиљаковите се од тие долгнавестите. @hristina7 околу 500ден.
Ако имаш инстаграм пиши farahpromakeup јас ја следам и дава одлични мини видеа за како се нанесува сенка,туш покрај неа има и други мејк ап блогерки јас така се научив. На почеток не е лесно ама со вежбање ќе се научиш. Јас едно лето секој втор ден се шминкав.
Не е ништо страшно. Постапката е како што си направила и блендањето на капакот на двете бои е солидно, исто така и тушот. Само линијата над crease линијата со четка за блендање со кружни движења блендај и тоа е тоа. И потемната само малку повеќе блендање и да биде мат ( иако е ствар на избор). @Irreplaceablee ај те молам во порака прати ми слика од нив
* што се однесува за пудра итн, истите продукти од претходните постови... * сјај Лореал бр 701 * кафено моливче
Најобично за на кафе *Не ми замервајте на забите ја носам протезата Спојлер: . Карминот моливче од Есенс 06 и Голден роус десетката Друго се е исто од претходната слика
Маскара - од Авон - Mark Бело моливче на Maybelline За уста моливче на Trendy и течен мат сјај од Malena 119
Се е океј, ама мене лично, на таков облик на очи не ми се допаѓа како стои молив на долниот дел на окото. Имам сличен облик како твојот и кога ќе пробам да ставам црно моливче имам впечаток дека ми го прави окото помало. Можеш само на крајот малку да ставиш или барем од средина до крај и да го споиш со тушот. Инаку можеш да пробаш некоја друга маскара, оваа не ти ги истакнува трепките доволно, а не ти се кратки.
Шминкава е за сликање за л.карта гледав колку по нежно да се нашминкам , а прајмеров ко што гледате ништо не помага , по катастрофален прајмер немам користено, порите видливи и пудрата 'распукана'..
Пробај го на лореал Пудрата преубаво легнува,го измазнува лицето, и за порите сум премногу задоволна и ја држи шминката преееемногуу долго. Прекрасен е има преголема разлика. Околу 650 ден е.
@koritsaki Лично мене вака без ајлајнер си ми многу поубава . Кое бројче е карминот на Аура? Прекрасна нијанса .
Една со блиц една без. Шминките се апсолутно истите од претходните слики освен карминот Голден Роуз мат 1.