Сликава е од 2010-2011.Кога сакав да се шминкам,сега ич незнам .А убавка ли е?Сама се правев дома никој немаше .Лудо чупе
Си купив четкичка денес и морав одма да ја испробам Значи на сликава имам само сенка ставено, и бидејќи не сум многу вешта во ова, добро би било да ми посочите каде и дали грешам и што треба да поправам. Спојлер Ова беше за проба, инаку би ставила и пудра,маскара, туш и се тоа. На сликиве сум само со сенка.
Спојлер Се извинувам за лошиот квалитет на сликите,од телефон се бидејќи имам проблеми со апаратот и не можам да ставам слики.Имам малку темна сенка и крем за да го истакнам обликот на очите и молив за очи тиркизен(кој не се познава на сликите) и виолетов,маскара секако .
Иако обожавам темни и впечатливи кармини, мојата начеста комбинација е истакнати очи + неутрални усни
Кази ја тајната за вакви прекрасни трепки каква маскара употребувас? Мегудругото имас прекрасни очиња
Благодарам Нема никаква тајна,имам природно големи трепки ..имам ставено miss sporty маскара,многу ми се допаѓа,ми ги прави уште поубави трепките.
Леле избегнувам вакви коментари долго време,ама сега не можев. Коритсаки, што е ова? Како пеперутка да ти повратила на очните капаци. Не знам веќе... Сериозно ваква шминка, па и вакви трепки, освен за денов кој измина, во друг нормален ден, никако. Па и моментот што ти имаш кафени очи...најџиновско не на светот. Не знаев дека уште се во мода проклетиве маскари во боја. Никогаш не ми станаа јасни.
^^ Мене ме интересира за кој повод е шминката? Коритсаки, ако навистина ти си се шминкала, а не било само игра каде што те шминка ќеркичката тогаш ова е „врвот„ на твоето шминкање. Имаш толку убава и квалитетна козметика, а ја користиш на толку погрешен начин. Не секој има талент и осет за шминкање, ама има луѓе што тоа го знаат, па одат други да ги шминкаат кога е потребно. Многу неубаво чувство ми дојде кога ги видов сликите, онака жал за шминките помешано со жал за тебе затоа што никој не ти кажал дека ова НЕ изгледа убаво.
Извини сега гледам дека ме имаш прашано. Искрено незнам точно од Авон некој сенки се, 4 се розевкаста, кафеава, крем, и темно кафеава. Мат се сите.
koritsaki имаш поставено слики само од близу. Претпоставувам дека не стои лошо кога ќе се погледне целата слика. Секој не сака да експериментира, а тоа што им велат на останатите да не експериментираат е неприфатливо. Како што забележав, секому не му се допаѓа маскара во боја или пак можеби не сакаат да излезат од зоната на комфорт. И не треба секому да му се допаѓа, но затоа тие не треба и останатите да ги ограничуваат. Можеби и не си козметичар на месецот, но не може секој да го бидува за се'. Затоа можеш да се потрудиш повеќе со посетување курсеви, разгледување туторијали бидејќи имам гледано поголеми промашувања што потоа се претворени во сосема солидни обиди. Поработи и на прецизноста.