Слична како аватарот, каква што те замислував. Да не идам оф топик, од мене. Нежно ептен. Боиве ми се баш за овој период .
Мала забелешка ако правиш контур ( на челото ) имаш премногу ставено и многу контра ефект има. Се согласувам со членката дека е претешка пудрата поради нејзината густина во текстурата. Инаку прекрасно се шминкаш.
Има големо чело и тоа трпи контури. Многу подобро изгледа вака него да и е цело чело иста боја. И баш напротив, нема контра ефект. Девојката очигледно знае што прави и го прави на добар начин.
Јас го кажувам тоа што го гледам, горе е темно накај косата а надоле посветло. Нели треба да има баланс. Не мислев ништо лошо, има подобра шминка од оваа. Исто така забележително е и кај очите да е побела од вообичаено, пудрата и двои кај вратот. Тоа е моето мислење и не е кажано како негативно.
Јас сакам да прашам каде можам да ги најдам тие сенки мур, шо цена се. И ако може слика да видам како изгледат.
Ви благодарам на искрените критики Пудрата е тешка, да, али ја мешам со масло, па подобро доаѓа. Инаку кога ќе стигнам до контуринг, најчесто немам веќе време и ептен брзам.
Спојлер: Користени продукти -МUR палета - Catrice hd пудра - L'oreal Infallible прајмер - GR terracotta - GR 13ka од малечките мат кармини - моливче за уста од есенс - моливче за веѓи - камена пудра од Кетрин - маскара од есенс
Спојлер: Користени продукти Спојлер Се сликав од кога се вратив од свадба. Немам подобри слики, шминкава е далеку од добра ама одамна ме немало на темава ...
користиги ти истите ама пак пишувајги оти јаас сега треба да вртам назад по сликите за да видам каков кармин имаш.Инаку,прекрасна си