Јас ќе ти ги пофалам веѓите. Приметувам разлика од порано во однос на веѓите и оваа форма ти стои преубаво.
Истите продукти ги користам секогаш, само сенките се на Sephora, карминот е Голден Роуз велвет мат 11, а моливчето е малена 207.
Две слични нијанси се, преферирам да не ги блендам сенките со светки бидејќи се разлетува низ цел капак и светам насекаде. Сепак благодарам на мислењето.
Многу убаво почнувајќи од сенките па се до карминот. Се е убаво вклопено, а и сенките се убави, нежни.
Спојлер: Продукти -сенки мур -пудра лореал стаклено шише -коректор катрис -бејк мур банана -контури есенс -хајлајтер вет н вилд -кармин гр 13ка -веѓи гр моливче -руж фридом палета
Не знам дали мене така ми изгледа, ама кога и да ставиш слика во темата, имаш само сенки. Иако шминката ти е на место, изгледа фино, природно, елегантно, би сакала да видам нешто поинакво кај тебе. Пример можеш туш да ставиш некогаш, немаш спуштени капаци што се преклопуваат, мислам дека убаво ќе ти стои.
Мислам дека не е кожа помеѓу тушот и трепките туку е горната водена линија на окото. Чудно е застаната и затоа така изгледа .
Таа линија е, и јас имам ваков проблем. Затоа пред да ставам туш, прво поминувам фино со црн креон, па ставам туш, па маскара, и ако повторно се гледа линијата, пополнувам со туш. Инаку и маскарата не е добро ставена @Bloom19 , ти требаат уште неколку слоеви, така и трепките поголеми ке ти изгледаат а и генерално поубаво ке изгледа шминката.