Мислам дека не е кожа помеѓу тушот и трепките туку е горната водена линија на окото. Чудно е застаната и затоа така изгледа .
Таа линија е, и јас имам ваков проблем. Затоа пред да ставам туш, прво поминувам фино со црн креон, па ставам туш, па маскара, и ако повторно се гледа линијата, пополнувам со туш. Инаку и маскарата не е добро ставена @Bloom19 , ти требаат уште неколку слоеви, така и трепките поголеми ке ти изгледаат а и генерално поубаво ке изгледа шминката.
Воднената линија е Освен ако не ставам и внатре знам дека грдо изгледа кога се сликаш од доле, ама тоа е, немав време денес во брзање @Rebecca_R аголот е многу лош, имам 3 слоја на моите и онака непостоечки трепки, ова е максимум што може, али од сите слики сум ја одбрала најлошата.
Да, преферирам сенки и мислам дека сум поумешна во тоа поле отколку нанесување туш иако упорно купувам и си кажувам дека конечно ќе се усовршам, ама не се случува тоа Имам ставено неколку слики со туш, две или три да не сум без ич
Знам како е, а миење на креонот што е ставен внатре е немогуча мисија. Не знам за тебе, ама јас со мачни маки го мијам тој внатрешен дел. Која маскара користиш? Си ја пробала loreal voluminous million lashes? Вреди секој денар, и јас мислев дека трепките не ми се ништо посебно пред да ја пробам оваа маскара. Сега комплименти добивам за трепките. Веројатно баш тогаш не сум ја отворила темата, а вака те имам забележано дека често ставаш слики.
Водената е под трпките а не над. Барем мене ми личи дека е кожа, а може и грешам Ребека, јас да избегнам ставање таму моливче, ставајки маскара гледам да го средам тоа со самата четка што ја приближувам ептен до водената
Есенс Лаш Принцес мислам дека е, виолетова. Огромна разлика ми направи за разлика од другите маскари, ама аголот ми е катастрофа.
Ма не е ни битно, кожа е и тоа и тоа, кога има туш јас сакам да е црно. И јас пробувам така, ама еднаш ми се разлеа тушот во око, затоа сега со креон, дека е посув за нанесување. Доколку имаш буџет, пробај ја и оваа што ти ја препорачав, предобра е.
Подобро и неможе да биде. Совршена, овие бои ти стојат прекрасно. Искрено, во последно време поради тебе ја отварам темава, рај си за очи бре
Како си задоволна со пигментираноста на помадава од фридом? Колку е слична пигментираноста во споредба со анастасија? Прочитав некаде ги имаш споредено па да прашам мислење Се двоумам дали да ја нарачам анастасија или да одам со поевтина варијанта, а гледам сега ги донесле и кај нас. Јас ја имам на nyx помадата ама не сум нешто многу задоволна од пигментираноста, очекувв повеќе.
Многу сум задоволна, ама оваа на Freedom i Makeup Revolution не се исти. Инаку мене ми беа скоро идентични со таа на ABH и не би ја заменила во моментов за ниту една друга.
Alverde 30 chai latte , го земав пред една година, мислам дека ја повлекоа таа линија.. Но провери сепак