Еве уште една, и мислам дека може и за матура да се користи и многу е лесна Со телефон е сликано затоа боите се такви, во живо шминката беше многу убава
Јас дури сега ги читам коментариве Имам читано по нетов дека на многу не им се допаѓаат маскариве во боја , ама мене лично еве да , и само лилјакова имам , инаку не напоменав , сликиве се сечени , со изменет размер а и сликани со блиц па затоа толку доаѓа во израз шминката , значи немам ставано едно кило шминка пренатрупано како што кажувате , а сега понекогаш и брзаме да ви кажам искрено немам седнато асално да се нашминкам или да следам туторијали од јутјуб од кога се роди ќерка ми , поготово па сега кога сака ова она да фати и гледам се набрзина да се нашминкам па затоа е така со тушот итн. Јас нигде не реков дека сум посетувала курс , ниту сум се фалела дека знам убаво да се шминкам , единствено времето ми е проблемот , ама кој како ќе свати
Мене искрено не ми се допаѓа шминката. Кога ќе ја отворам оваа тема сакам да видам нешто убаво, интересно, не мора да биде тип топ и многу професионално, али јас никогаш нема да ставам слика ако не се видам едно 100 пати во огледало, сепак сакам некој да забележи нешто убаво и доколку го бендисува да проба да го примени на него. Бојата на маскарата не ти одговара на бојата на очите и целата е згрутчена. Јас имам темно зелени очи, некогаш користам маскари во боја поточно тиркизна, зелена , но ја мешам со црната маскара, не сакам нападно да изгледам, а на долните трепки не ставам маскара во боја. Забележав и во темата за вашите нокти некои луѓе ставаат се и сешто. Луѓе сакаме да видиме нешто УБАВО и ако веќе ставате што ќе ви текни, со изговор ова е слободен форум, ќе правам што сакам ако ве бендисува арно ако не ми е гајле, очекувајте и негативни коментари.
Незнам зошто,но изгледа само мене ми се допаѓа шминкава. .Малку имаш повеќе маскара,се осеќаат грутчиња(секако вака од близу). Мене ми се допаѓаат маскарите во боја . Можеше да ставиш црна,но и вака е добро.А со едно мислење кое го прочитав погоре мислам на долните трепки не си имала потреба да ставаш маскара во боја . Но во целост мене баш ми се допаѓаа. pufi-cufi Шминкава ти е 10ка. Леле колку убави веѓи имаш . ^(за девојката над мене) Јас мислам дека тоа се вештачки трепки . Спојлер Сама ги оформи или на козметичар.Морав да прашам
Trepkite mi se vestacki, a maskarata sto ja koristam e od MAC .. Vegjite sama si gi kubam , I nonstop dobivam komentari deka mi se mnogu debeli ( se izvinuvam za latinicata od tel sum )
Пуфи пуфче па сликата сама кажува тебе дебели веѓи ти стојат, они се одговорни за твојот убав изглед овде
Не сакав да продолжувам со коментари, но сепак ќе дополнам. Претпоставував дека заради малата немаш многу време за шминкање и тоа е сосема нормално. Погоре беше напишано дека тушот нема прецизна линија. Ако ова не е прецизно, треба да се зумираат сите и да стават слики бидејќи секој нема прецизна рака, но сепак успева да го долови ефектот. Настрана тоа што сум видела далеку поголеми промашувања што и мене не ми биле јасни но никого не сум осудила - можеби сака да изгледа онака како што е. Линијата е најмалиот проблем. А и сликите се исечени и сликани со блиц така што не ја доловуваат комплетната слика. Оние кои користат туш знаат дека не изгледа исто кога ќе се отвори и кога ќе се затвори очниот капак. И сите оние кои велат дека на кафено не стои добро виолетово - имате сосема погрешна претпоставка (перпоставка заради тоа што ако сте имале обид, немало да оставите таков коментар). Маскарите во боја знаат да бидат многу неблагодарни во поглед на слепувањето на трепките. Бидејќи нема голем избор на маскари во боја, доколку некој се одлучи да користи во боја, мора да се прилагоди на четките кои не можат да се најдат во совршена варијанта заради тоа што и нема избор. Слепувањето настанува токму поради тоа и е речиси невозможно да се одбегне. И аман со тие ограничувачки коментари. Секој не е како вас да се ограничува во поглед на се' туку сака да експериментира и да се обиде и да се подобри и во она во кое не е совршен. Која полза кога сите се обидуваат да станат и бидат како „сите други“? Уште не сум запознала некој кој се родил уметник, флејтист или правник без пракса. Точно, ова е форум. И перцепција за убаво од еден, се разликува од перцепцијата за убаво на друг. Затоа и секој има право да постави слика.
Основно правило кога се користи маскара во боја е да не се користи + сенка + туш и затоа изгледа пренатрупано. Сенка е дозволена само мат и тоа во боја на кожа, евентуално нијанса две потемно - посветло од бојата на капакот. Ако сепак сакате да ставите сенка во боја нека не биде како во бојата на маскарата дајте малку контраст и никако да не се нанесува на долните трепки маскара во боја. Во поглед на боите виолетовата маскара најдобро стои на сини и зелени очи, зелената маскара повеќе стои на кафени очи, сината маскара само на сини очи стои, а на сини многу светли очи и светол тен најдобро стои кафена маскара, подобро и од црна. Користаки пишуваше дека маскарата во боја ти е од марката Севнтин па за инспирација погледни го каталогот што им е за таа маскара, го имаше кај нас низ парфимериите, а верувам дека можеш и да го најдеш на интернет. Навистина добро беше нашминкана девојката со маскарите во боја и кога би ја виделе верувам дека многумина би го смениле мислењето за маскарите во боја, иако е сепак тоа професионално шминкање може да ти даде идеја за нареден пат како да ги нашминкаш очите.
Извинете сите, ама темата беше направена со цел да видиме како жените/девојките од различни возрасти, различни класи, различни вкусови си се шминкаат. Нигде во темата не е наведено дека треба да се коментира. И мене не ми се допаѓат одредени шминки, можи и вас моите. Ама то шо вас не ви се допаѓа како јас се шминкам не значи дека мене не ми се допаѓа. Мислам искрено дека малце претеравте со коментарите за коритсаки и дека беше доволно. И ова го велам со најголема почит кон сечие мислење. Само ова не е таква тема, како на пример кај модните критики, каде шо треба да критикуваме нечиј вкус. Ве поздавувам
На втора и трета слика јасно се гледа дека има вештачки трепки Во секој случај шминката и мене ми се допаѓа :up: