Еве уште нешто од мене Спојлер: Слика од блиску Спојлер: Користени производи ·Течна Пудра Catrice HD liquid coverage-Мешам две нијанси 020 и 040-ама не сум нешто задоволна, убаво се слика сма има розев подтон и кожава некако не ми ја прифаќа •Кореткор - Catrice liquid camouflage •Камена пудра - Catrice All Matt •Туш(Ајлајнер) - golden rose со црно капаче •сет за веѓи - catrice •база за сенки - She •сенки Beauty Glazed (нарачани од алиекспрес, ми се чини копија на Худа дека се •бронзер -ingrid •Хајлајтер незнам беше некој во стик го изгмечив и го фрлив паковањето оддамна •Маскара - комбинирам две essence get big lashes и Eveline BIG VOLUME EXPLOSION •кармин - некоја конија на Худа •Трепки -алиекспрес
Имам една замерка за пудрата. Премногу е бела за твојов тен, или па премногу светол коректор или камена пудра имаш ставено. Не знам што е ама многу ми боде очи.
И мене на ми се свиѓа многу розев подтон има, да има жолт сигурна сун дека нема толку да биде бела ама тоа е ја тестирам сега за сега, се трудам да ја затемнувам
Пробај да ја ставиш само 040, а не да ги мешаш. И јас ја земав пудрава одамна и 2 пати ја ставив само, ич не ми се свиѓа бојата.
Поради тоа што не се почитува воопшто правилото за ефектите решивме да го тргнеме. Очигледно сите сакате да користите ефекти, па нема смисла да одиме против вашите желби. Но, ќе ве замолам да нема повеќе оф топици со тоа колку ефекти имало, ако некоја слика ви се чини нереална едноставно скокнете ја. Благодарам.
@marta993 со каква четка ја нанесуваш течната пудра на Catrice? Ја имам истата, но не изгледа ни приближно како твоево!
@marta993 многу личиш на девојката од рекламните постери од Seventeen козметика. Сега со оваа сенка па особено потсетуваш на неа. Многу убаво.
Баш ме изненадивте за catrice HD, јас со прсти ја нанесувам (т.е. нанесував, не ја користам повеќе) и имам само еден опис - прекрасна е. Со сунѓерче немам пробано, покомплицирано е, а и нема потреба. @marta993 како и секогаш - прекрасна си. Јас не би имала храброст да излезам со толку сина сенка, ама интересно изгледа кога ја гледам на друга девојка. П.С. @marta993 добро е сунѓерчето на Аура? Јас имам од oriflame и задоволна сум, тоа од ebelin не чини, a ми треба ново.
Фала . Инаку повеќе ми се допаѓа сунѓерчето на Орифлејм, но и на Аура е доста добро. По текстура и допир, на Аура е малку потврдо ама е далеку подобро од тоа на Ебелин. Можеш да го пробаш ако те интересира, нема да погрешиш.
Имаш премногу concealer ставено и си претерала со контурирањето. На првата слика посебно ептен лошо изгледа, цел бел триаголник се познава под окото. Ми се допаѓа како нанесуваш сенки од она што го имам видено.
Коректорот ми е иста боја како тенот и го користам како пудра. Цело лице ми е сетирано со банана пудра која што е жолта, така да не знам што ти изгледа бело.
Коректорот не ти е доволно изблендан и затоа се познава цел триаголник под окото. Отвори ја првата слика и сама ќе приметиш.
Банана пудра не се става низ цело лице колку што знам и гледам и блогеркиве не ставаат,туку само на одредени делови. И лошо ти е изблендан коректорот, цел триаголник се познава.