Ако го прочитавте претходниот коментар ќе сфатевте дека коректорот ми е ставрн на цело лице а не само под очите. Ставам банана пудра на цело лице пошо имам екстремно мрсно лице и ако не ставам станувам лампион за 40мин. Првата слика е сликана баш испред сијалица. И исправете ме ако грешам, ама поентата на хајлајт и контури е да го сменат обликот на лицето, да беше работата да не се познаваат ќе ставев само пудра.
Да, кога се убаво изблендани. Нашите коментари не беа злонамерни, туку ти посочивме следниот пат да внимаваш на тоа. Ако пред сијалица вака се познава, можам да претпоставам на сонце како ќе изгледа.
Мене многу ми се допаѓа шминката на @Irreplaceablee, а и усните се гледа дека и се природни. Очигледно сум се сликала после јадење па имам некоја трошка Пудра Ингрид идеал мат, бронзер од Аура и дуото за веѓи е Аура на очите имам од бронзерот на аура и есенс син течен кармин, маскара Голден роуз, кармин на Реву(о)ар
Јас пак немам никаква замерка, преубаво се шминка @Irreplaceablee и се е убаво вклопено. Ако ова не е добро изблендиран контур, тогаш кој е? Прашање на вкус е, неа и се допаѓа, да кажам poppin' хајлајтер, на други посуптилен и така... Каков тријаголник гледате, ќора сум или?
Зошто ставаш коректор на цело лице?! Ништо лошо не ти рековме, едно е да правиш контур, а друго е да ставаш 3 кила пудра. Штом имаш мрсно лице па со толку пудра и коректор па и во прав плус не ме чуди што светиш. Кожа е тоа не трпи толку.
П.с релакс малку, изблендано било или не, сепак е шминка, на крајот од денот се брише, нареден ден друга и никому ништо )) @Irreplaceablee супер си, само напред
Сигурно нешто со состојки од банана Според моето скромно познавање се става под очи за да се добие некој природен изглед и има баш боја на банана. Ама нека објаснат другите девојки подетално.
Едно прашање, за преку ден вака се шминкаш? Ако да, каде ја гледаш потребата за ваква пренападна шминка? Воопшто не изгледаш природно , како маскирана си со тон пудра. Имаш преубави црти на лицето, усните ти се пре преубави,ваква шминка можеби за ноќно излегуваее ќе помине, ама за преку ден ми е ту мач. Ако не е за денска шминка се извинувам за коментаров.
Мене премногу ми се свиѓаш како се шминкаш. Би сакала еден ден да ме нашминкаш. Јас обожавам контури и менување на лик преку шминка и според мене се ти е на место ... Точно е дека под око си посветла од другите делови ама целосниов мејкап ти е тоОоП
А што има врска дали е за денски или за навечер шминката? Ако неа и се допаѓа и и е убаво? Ако тебе ти е ту мач на некој не е.
Инаку, банана пудрата се користи под очи, на Т-зоната за да ги осветли тие делови и исто може да се искористи при правење на контури
Според мене, колку и да е убава шминката, ако е понападна одговара за ноќна, за денска шминка мислам дека треба да е понежна како што често се шминка Марта и многу ми се допаѓа. Како за некого што не е ту мач, за мене е.
Едноставно уживам во целокупниот процес на шминкањето, менувањето на ликот и целата трансформација. Го правам она што го сакам секој ден, и уживам додека го правам. Тоа не е потреба, туку желба, избор. И да, за преку ден е шминкава. Кога ќе измијам лице со било што, за 3мин пак сум лампион. Ставам коректор или што би рекла ти 3 кила пудра затоа што така сакам.
Инаку, многу добро го правиш тоа, вистинска уметност, но јас не би нанесувала толку шминка за секојдневено шминкање. Се е до вкусови, ако те исполнува само напред.
@Irreplaceablee на првата слика навистина ко зумирав на крајот кај што завршува окото и веѓата како неблендирано се гледа, се до носот. Контурите се одлични, за коректорот станува збор. На другите слики не се заприметува толку, може и светлото има удел на првата. Инаку ми се допаѓа мене лично многу како се шминкаш и ти љубоморам на усните.
И јас ќе го кажував истово, ама да не биде " те ја пак Ребека, не става нејзини слики а нон-стоп критикува како се она да знае". Сериозно, затоа и не искоментирав, Irreplaceablee не е првата феминка која се расправа по упатена критика. Значи ако некој ви каже дека нешто не е како што треба, најверојатно сака да ви даде конструктивна критика за да нареден пат изгледате подобро (ова се однесува за модни критики) или да се нашминкате подобро. Па и некој од инает или љубомора да ви каже дека не чини, големо та чудо, кажете фала, па сакате применете, сакате не применувајте. Чуму овие драми? Често ставаш слики, ова ти е првата критика? Би се обложила дека да, јер немаше потреба од ваква реакција. И јас го гледам триаголникот, буквално како само да со нанела коректор со четкичка и да не си размачкала ниту со прст, а не па сунѓер или четка. Еве како се одвиваше ситуацијата: SofiMar_: Имаш премногу concealer ставено и си претерала со контурирањето. На првата слика посебно ептен лошо изгледа, цел бел триаголник се познава под окото. Ми се допаѓа како нанесуваш сенки од она што го имам видено. Irreplaceablee: Коректорот ми е иста боја како тенот и го користам како пудра. Цело лице ми е сетирано со банана пудра која што е жолта, така да не знам што ти изгледа бело. @Irreplaceablee сакаш да кажеш дека Софи не гледа добро? Сакаш да кажеш дека ја и останатите феминки не гледаме добро? Бело, неизблендано, како сакаш кажи го, се познава и не изгледа така добро ко што ти си замислила.
Она што го имам приметено одамна е дека @Irreplaceablee едноставно не знае да прифати критика. Очи знаеш да шминкаш, блендање перфектно, туш исто така. Некогаш премногу јака шминка за мој вкус ама не можам да негирам дека имаш сенс за шминка и дека знаеш како да комбинираш бои и очите навистина ги правиш перфектни. Е кога можеш да прифаќаш пофалби, прифати и критики. Според мене ти не знаеш да шминкаш лице и сериозно треба да поработиш на тоа доколку професионално се занимаваш со шминка. Покрај тоа како што и самата кажа дека имаш мрсна кожа, секогаш имаш стаавено некаква камена пудра која има светки, и хајлајтер премногу. Би требало да знаеш дека на мрсна кожа тоа има обратен ефект и воопшто не ти оди во корист. Напротив, изгледа дека имаш многу помасна кожа отколку што ти е во реалноста. Блендањето хајлајтер е нешто кое што треба да го поправиш, и не се става хајлајтер по секоја цена и на секоја шминка. И да, прифати ја критиката дека коректорот на конкретнава слика не ти е изблендан воопшто. Ако добиеш 1000 пофалби а 10 критики, мислам дека е фер да прифатиш дека постојат работи кои што може да ти ги замериме. И апелирам до модераторите да не се бришат мислењава затоа што се совети и најдобронамерни критики каде што никој не навредува. Не може само цуци буци најубава си да стои а критики да се бришат. Се додека не се преминува граница и не се навредува сметам дека мислењава се прикладни за овде.
Тоа што тебе или на некои друг не ви се свиѓа, не значи дека јас не знам да го правам. Критика е едно, вреѓање дека е многу лошо, 3 кила пудра и ти не знаеш да шминкаш лице е друго. Спомнав негде дека тоа што имам мрсна кожа ми смета? Не. Обожавам што светам. И што? Мое лице е и ќе си го носам како ми душа сака.
Темава малце ќе одмара за да се исчисти , и ве молам не се карајте и не се напаѓајте едни со други. Едит: Ќе ве молам дискусијата да ја држите на ниво , критиките и пофалбите да бидат на место и конструктивни , не се напаѓајте меѓу себе и воздржете се од навреди.Доколку имате некое неразбирање и сакате да и кажете на дадена членка во однос на сликата ве молам разберете се по ЛП , нека не се полни темата со офтопици станува непрегледна. Продолжете со дискусија