Шминката ти е супер, претеруваш со ефектите. Извини на искреност. Овие слики од километар се гледа дека се со корекции. Немаш потреба и без ефекти ти супер би изгледала т.е твојата шминка. позз
Имам впечаток дека препукувањево започна од мојата критика која очигледно беше упатена до човек што не знае да се носи со истата. Ги замолувам модераторите да не ми го бришат и овој коментар, бидејќи сакам да образложам некои детали. Прво, членката искоментира како ние " совршените" сме ја вреѓале. Еве да напишам по втор пат, не сум совршена, далеку сум од совршенство, впрочем и совршени нема,ретко се шминкам со "појака шминка". Не значи дека ако не сум совршена дека не знам што е убаво за око, а што не. Секој има право да даде критика , безразлика дали е позитивна или негативна, оти ако сте храбри да ставите слика во темава, бидете храбри да се носите со секоја забелешка на ваша сметка. Сметам дека на лицето му треба одмор од секојдневно нанесување на толку пудри,коректори , камени пудри и сл. Не сакам зациментирано лице со све и свашта, како што членката не сака природен изглед, што има тука лошо? Кога ве фалат се дуете како пауни, а кога ве критикуваат напаѓате како хиени, цел чопор редовни членки на темава се нафрлате, зошто? Чувствувате дека некој ви окупира територија, мислите дека сте на тронот , па друг "од страна" не смее да ве критикува? Пак ќе повторам, девојката е убава, има убави црти, има убава техника за шминкање,но претерува со прејака и пренападна шминка која за мое око не изгледа убаво. Не само триаголниците околу очите, целото лице е пренападно и не изгледа природно. За млада и убава девојка претпочитам природен изглед, немаш недостатоци што треба да ги прикриваш со куп пудра, со шминката треба да се постигне свеж изглед, а не да ставаме една " маска" со која изгледате повозрасно и ја загушувате убавата и млада кожа. Не навредувам, само си искажувам едно мое скромно мислење. Едит : нареден пат кога ќе ми биде избришено некое мислење очекувам да бидам известена.
^ Ама ти сакаш така, некои девојки сакаат да носат повеќе шминка и тоа е океј. Колку се сфаќа се лично...
Критиката што се добива тука се добива и во вистински живот, но најчесто зад грб. За сценска и ноќна шминка е океј, но за дневна не.
Епа тоа сакам и да го кажам. Секој има различен вкус и секој дава различна критика, не треба одма да се прават драми. Да ставам јас слика кај што имам минимум шминка, бидејќи така изгледам секојдневно,љубителите на појака ќе речат сум оскудна , фали сенка, фали коректор, па треба да се испотепам со нив? Ќе го испочотувам и ќе бидам благодарна на времето што го одвоиле за мене да ми дадат совет и критика , која патем не е злонамерна, оти тука никој никого не мрзи , па да збори од инат. Едит : Не наметнувам мое мислење и да сакам да наметнам не можам. Ако не се шминкам јас не значи дека и друг не треба да се шминка, сто пати го повторив истото. Ако беше за ноќна шминка нема да делува толку нападно, не се приметуваат многу и многу недостатпците и за МОЈ ВКУС колку толку ќе помине.
Треба ептен да се загледа човек за да види дека има линија која не е размачкана убаво, така да според мене немаше потреба од толкава ука, бука околу шминката на @Irreplaceablee И тука не се дискутира за вкусови, ако јас не се шминкам не значи дека треба моето мислење да му го наметнам на друг, т.е на девојка што обожава шминка. Ок е да се даде критика околу ете, се познавала линија, боја на пудра двои од врат, сенка со кармин не одговара и што ти знам уште што, ама нападна ти е шминката за преку ден, ја не би, не е за тука. Ако девојката не кажеше дека ја носи преку ден шминката, тогаш ќе беше ок, вау супер си. И не е нападна нејзината шминка на сликата што се коментира, имало многу понападна шминка презентирана тука ама немало вакви драми. Како мене многу што ми викаат: Мораш да ставаш пудра, мораш да се шминкаш. Не, не морам зошто мојата кожа не трпи пудра.
Во сите теми истите препукувања, зошто не се знае да се прифати туѓото мислење. Воопшто веќе не е интересно
Насловот на темава треба да се смени во Пофалби за твојата шминка. Гледам само пофалби се прифаќаат. Ако некој искритикува, одма за очи.
А заборавив да ја споменам и поддршката: Не ги слушај, топ си, кисче! На тема дневна/ноќна шминка, се согласувам дека хајлајтери, врагови и чуда се премногу, мое е да кажам дека е премногу, а ако некоја девојка преферира блинк-блинк нека продолжи во таков фазон, мене ми е сеедно. И онака насловот е "Вашата шминка низ слики", нема потреба од пофалби и критики. Е сега, ако никој не ве пофали, сигурно ќе си мислите дека ви љубоморат јер сте профи, а ете ако ве критикуваат, пак мислите дека ви завидуваат. Ѕначиии, да не може човек да биде искрен, ц ц ц.
Коментари од типот имаш 3 кг пудра, не знаеш да се шминкаш и сличните такви според мене не се критики. Критика е ако сметате дека нешто не е добро, а може да се подобри кажете го тоа. Е сега не е единствена членката што реагира така и не знае да се носи со негативни критики, сум приметила и други. Додека се фалиме се е добро ама а некој пише нешто негативно почнуваат препукувања. Реално никој од нас ниту е совршен, ниту е стручњак за шминка ама кога нешто е очигледно дека е погрешно сите го гледаме. Коментар дека коректорот или сенките не се доволно изблендани, јас мислам дека не е воопшто навреда. Наше е да пишеме, а кој како ќе си сфати негово е. Ако сака ќе примени, ако не нема нормално. И на крај се е прашање на вкус, кој како сака така ќе си носи. И има голема разлика од телефон до телефон, од камера до камера па и светлото има голема улога околу тоа каква ќе е сликата и како ќе бидат прикажани боите.
Знаете зошто ваквите мислења се бришат? Зашто не придонесуваат ништо за темата, само се прават оф топици, а на крај секој е со своето мислење, а темата сосема избегала од контекст. Придржувајте се до правилата, ставајте слика со плус употребени продукти, прифатете критика, ако не ви се допаѓа скокнете ја и завршена работа, навистина нема потреба од толку оф топици. Затоа понатаму и ќе се бришат. Продолжете со темата.
Имам шминка Cut Crease со светки по линијата ама имам спуштени капаци па ништо не се гледа за жал. Користени производи.
Уф, ич неможам да се сетам колку беше. Кога го земав имаше и некои попусти. Се ми се врти во глава некоја цена околу 140... Знам не беше скап, тука некаде е приближно.