Eдна постара слика каде што експериментирав малце со шминката. Односно нанесов бело моливче и малку златна сенка за промена. Продукти: Боржуа Хелти микс пудра Кетрис туш за очи-мека четка Алведере бело моливче За веѓите користам крем туш, најпрактично ми е зошто бојата ми е слична со косата, а и водоотпорен е па не ми се бришат многу. Руж си користам од Аура корал нијанса. За сенката си најдов една финта од нет. Имам златна сенка моно, на Голден роуз ама не е пигментирана, па со едно масло од Авон што демек беше за лице ама не ми ефикасно ја мешам малку раздробена, се добива многу убава текстура и боја, а и трајна е.
Спојлер: Користени продукти Прајме Аура, пудра Катрис Хд , Есенс коректор, Мур бронзер, Слик хајлајтер ,маскара за веѓи Есенс, маскара Есенс rock n doll, сенки beauty glazed, сјај Гош 004, Балеа фиксатор
Ее значи немам коментар,стварно на некои им прилега темна коса,јас како вештерка би била Тебе многу убаво ти стои на бел тен црна коса,башка што и шминката ти се совпаѓа во целост како комбимација со сето тоа и изгледаш совршено особено со оваа боја на кармин баш си слатка И би ти препорачала повеќе да не ја менуваш бојата на коса бидејќи преубаво ти стои сегашната. Што се однесува до шминката,нежно нашминкана тушот убаво нанесен и се, но единствено потруди се повеќе да ги сенчеш веѓите на почетоците да не се јаки, туку со постепено блендање од почетоците кои треба да се побледи се кон кравиевите кои треба да ги дефинираш и обликуваш повеќе да ги зајакнеш со подебела пигментација. А за да не изгледаат нападно на почеток треба да се со послаба пигментација и блендани,така изгледаат поприродно. А за бледнањето е мн лесно, доколку имаш приметено на повеќето моливи за веѓи имаат четкичка која служи за блендање па со неа лесно ќе ти оди Само тоа ми е како мала забелешка во целиот мејкап изглед ,формата на веѓите ти е убава исто така. Симпатично изгледаш всушност како и секогаш си посебна но со исклучок но овој кармин кој ми остави посебен впечаток од тоа како ти стои
Гооолем напредок! Од туш, вeѓи, кармин... Кога се сака, се може да се научи. Не дека претходно беше лошо, сега е скоро па перфектно! Може само да затемниш веѓи, ја сум природно со темна коса и веѓи, истиот проблем го имам, се на кафено се моливчиња и римелчињата за веѓите...
@koritsaki убава шминка, но никако оваа боја на веѓи со оваа боја на коса. Премногу се светли и кафени и некако многу вештачки делуваат. Пробај со моливче на S-he, имаат супер темна нијанса, а и Аура имаат дуо сенка за веѓи која е и повеќе од одлична за со темна коса. Плус се супер и како сенки за очи, два во еден пакет
Продукти: Loreal true match pudra, maybelline super stay 24 matte powder, #proartist konturi, korektor- max factor pan stick, сенки-mur iconic 1, хајлајтер- wet n wild precious petals, маскара- maybelline push up angel, кармин -GR velvet matte 14 i 03 мешано.
Ви благодарам @marama @Petra777 @LadyInTheDark , да ви кажам очекував да ми искоментирате во врска со веѓите (а и сакав некој да ми даде совет) имам дома 3 моливчиња , ова претпоставував дека е мн светло и не го користев едно време , потоа земав на Лавера ама толку е пигментирано што многу ми е тешко да го нанесам па го користам како молив за очи , а пред месец кога бев во Скопје земав на Голден роуз и тоа некако темно ми изгледа можете да видите пред неколку страни од минатата недела кога ставив слики на темава Здравје кога пак ќе одам во Ск ќе земам нешто од ова што ми кажа марама
@koritsaki доказ дека practice makes perfect За разлика од првпат кога те видов пред некоја година, сега си левел про со шминкањето, ова е најдобро нешто од тебе до сега. Ептен ти одговараат вака светли веѓи, потемна коса, ептен ти стои бојава на коса да кажам успат и плус тушот многу ти е добро нанесен. Прекрасно стварно
Ash brown гледај нијанса да биде,светло сиво (кафеаво) а не вака како твојата што делува на портокалово, ова не е ни за плавуши нијанса.Јас сум блондинка па не користам ваква туку токму пепеласто кафеаво 103 малена и одговара дури и на темни особи бидејќи е како сиво но не нападно а на светла кожа светло делува неутрално но не вака како на портокалов пигмен како ова кое ти го имаш нанесено. Аш браун делува токму вака: Се работи за истото моливче и баш ми е интересно што кај секоја кожа делува со посебна пигментација што се совпаѓа со секој тен. На тебе убаво ќе стои бидејќи имаш светол тен и вака ќе ти изгледа Но и со темен тен го користат го имам испробано на девојче со темен тен бидејќи несакав црн молив на веѓи да и ставам уште тоа фали. И од тогаш само оваа нијанса ја користи. Но да ти ги споредам со сестра ми која е како мене блондинка, нема да поверуваш дека двете се со исто моливче правени иако темново девојче изгледа како да има ставено потемна нијанса но сепак неутрално и не нападно како црн молив. Одлично им делува бидејќи имаат темна кожа и самиот пигмент се менува и изгледа потемно на темен тен но сепак нијансата си го прави своето да не се нападни и нивните, бидејќи секако дека има разлика помеѓу ash brown и црн молив за веѓи. Инаку ова ти го кажувам за тоа доколку несакаш нападно темни веѓи. Мило ми е што ти се најде советот.
@koritsaki да се вмешам и јас можеш да си земеш и да пробаш brow gel / brow pomade во некоја потемна нијанса, верувај дека убави ги прави веѓите, плус тоа за разлика од пример црно моливче гелот нема на прво ставање да ти остави јако црнило туку ќе си надоградуваш/сенчаш колку што ти е потребно. Моментално користам гел од Focallure, нијанса 04 Ash Brown; ако си ме приметила низ темава имам густи, чисто црни веѓи, ама среќа не ја земав најтемната нијанса, туку оваа е баш погодена, не прави да изгледам како да имам пијавици над очите а имаш гелови и од ABH, Freedom Makeup итн., па разгледај си @1209, ретко ставаш слики, ама морам да те прокоментирам; имаш прекрасни црти и со ненападна шминка успеваш да го истакнеш најдоброто - една од омилените на темава си ми
@MagsDestiny да, порано пред околу 1.5 година го имав користено овој гел на Mac fluidine и беше добра нијансата ама потоа се стврдна некако и затоа не преферирам такви гелчиња со молив сега се научив и ми е полесно. Ти благодарам на советот
Фала тиии Тушот ми е најпроблематичниот дел, ама секако ќе пробам. Мислам дека до гел туш би ми било полесно