Во понеделникот ги ставив, па ќе видиме мене лично колку недели ќе ми издржат додека не почнат да паѓаат самите. Доколку ги третираш внимателно, а тоа значи внимателно бришење на шминката на очите и околу очите со влажни марамици или мицеларна вода , без креми и сл , редовно чешлање со четка како за маскара и секако доколку не се нанесува маскара, би требало да траат 3-4 недели.. Јас ги правев во студио Белеза во Козле , овој месец се на промоција по 1450 ден. Цените на др места де движат од 1200 па и до 4500 ден ( толку се во Промедика) . На секои 3 недели или 4 се прави корекција.
Интересен и свеж изглед. Ми се дoпaднa ептен, пoсебнo сјaјoт зa усни. Мoже сликa oд негo ? Кoјa му е ценaтa?
Фала многу Гош е, бројчето е избришано, нијајнсатс е нешто како бледо розеникава, ќе ти покажам слика да знаеш за кој сјај станува збор, а за цена не се сеќавам затоа што го имам веќе две години..
Постара слика, ретко кога се шминкам вака. п.с. носам леќи во боја. Спојлер: Користени продукти Пудра - Ревлон buff 150 Сенки - The nudes maybelline и MAC (жолтата) На веѓите ставив од сенките Туш - Golden Rose Бронзер - Essence Кармин - некоја мостра од Avon
Ја користев оваа палета и светкава розева сенка на капакот.На вегите моливче Golden Rose бр 303 и маскара Oriflame Feather light Немам пудро нити коректор,бидејќи шминкава беше за по дома
Шминката е доста нападна, но нели за вкусови не се расправа Само мој совет е да ја блендираш црната сенка за да нема волку остри линии на горниот дел на капакот и да се претопува со златната сенка за да не изгледа како пресечена. Линијата што доаѓа во продолжение на долниот капак може, но и не мора да е изблендирана. Од прилика, вака нешто: Спојлер Со оваа шминка, можеш да ставиш неутрален (нуд) или потемна нијанса на црвен кармин. Оваа црвена некако не ми се уклопува
уште учам хехе фалаа прекрасни се сликиве уште да ги извежбам..ааа црвениот кармин е мат и може затоа така е бледо ааа неможам јас ако имам црна шминка обожавам црвен кармин..друга боја не ми одговара баш..па некогаш не ни ставам кармин
Муабетот ми беше поинаква црвена нијанса, малку потемна. Инаку, на youtube имаш многу видеа, па гледај ги и вежбај финтата е да ставиш прво светло кафена нијанса на прегибот, и секоја сенка добро да ја блендаш. Мене на почетокот омилени ми беа видеата на оваа јутуберка супер објаснува.
Забележав дека имаш убаво лице и ако ги примениш советите од членката @Avery за кратко време ќе можеш подобро да се шминкаш. Исто така оваа шминка оди и со розев, црвен, бордо и неутрален кармин.
Еден совет, следен пат стави црно моливче во внатрешната линијa на окото ама на горниот капак, ќе забележиш колку убаво ќе "легне" со маскарата и тушот