Што точно имаш ставено на усните ? Малена карминот ми делува потемно на сликата кај што се производите сликани а многу посветло изгледа на усните. Како и да е, ако не е проблем пиши кое бројче е.
Сама се шминкам, треба време и трпение додека да извежбаш техника, потоа лесно оди. Тоа е Malena colorfast lipgloss бр. 119. Пореална е бојата на усните, вака карминчето потемно изгледа и во живо.
Тоа е прајмер. Јас го користам секогаш во комбинација со Катрис затоа што пудрата многу ми ги истакнува сувите делови, а прајмерот убаво ми ја подготвува кожата, па не ми е толку тешка и мат задоволна сум, ми дава свежина на лицето и хидрира, ама не ги пополнува порите како што пишува на самиот прајмер. Инаку фала многу
Ингрид идеал мат, веѓи- есенс, туш-тренд ит ап, големата палета за се и сешто на лице и очи, маскара-аура, кармин- аура, од новите течни ама сум го заборавила дома па не ми текнува на бројот.
^ @marama и ја како Бубаче размислувам. Овие темни бои некако ми одат на светол тен. Не дека не ти стои, но мислам посветла нијанса поубаво би ти личела. Те имам сретнато, имаш таква харизма... Мислам ако на слика се приметува, во живо многу повеќе. Пробај бебешка розе, кајсија боја, нешто светло црвена, крем/златеникава. Другото си е перфектно.
@buba4e89 @Petra777 благодарам девојки на критиките. Се согласувам дека подобро ми стојат посветли бои, но забележувам дека се шминкам според расположение. Добив критика и од луѓето кои ме видоа вчера дека не ми прилега бојата, па ќе ја тргнам на страна.
@marama јас не мислам дека е до бојата на карминот туку треба да го смениш коректорот под очи. Некако не ми е доволно светло во тој дел и со темна боја на кармин делуваш уморно.
Дневна шминка , за на работа пудрата мислам дека оксидира Моливот за веѓи го земав сабајлево набрзина , механичкиот молив на Сефора ме остави во небрано , при оцртување на едната веѓа заврши, па морав да одам во најблиската аптека по молив , поради тоа може пак утнав нијанса
Значи девојки алал да ви е. КОлку сте умешни со шминкањето, браво. Јас за стандард дневна шминка, која кај мене е бб крема/пудра, маскара, руж и кармин ми е цела филозофија и едвам успевам ова да го направам како треба. Сакам да знам да се нацртам убаво, и туш правилно да проценам на моиве очи како е правилно да ставам, па и молив, за сенки, сенчење- тоа поскоро мислам дека нуклеарна физика задачка ќе решам. Сакам да знам, ама изгледа сакам без да поминувам часови со учење . Има таква магична формула??? Уште еднаш браво за сите вас.
Пудра боржуа перфект 123 Коректор Катрис 020 Банана Пудра Веѓи avon true black Avon glow бронзер Хајлајтер аура Молив за усни голден роуз+ кармин мејбилин colordrama Маскара Голден роуз златната. Сенка за очи палета Mur