Вие што прикачувате слики на кои некој друг Ве шминкал, барем пишете чиво дело е тоа. Се гледа што е од своја рака шминкано, а што од некој профи или шминкер. Позз.
Тој ефект може да се постигне и со обични сенки ама мат. Имаш бела,плава, зелени светки се или туш или пигменти. Иначе мене не ми се допаѓа, боде очи многу.
Ако си се шминкала сама немам зборови, секоја чест. Значи без сомнеж, како за облекување така те бива и за шминкање, браво. Иако се јаки боите, мене баш ми се допаѓаат такви смели потези а и дефинитивно тебе преубаво ти стојат, поради светлиот тен и косата највеќе. А и обожавам и јас упадливо шминкање. Уште еднаш, браво за тебе.
Македонкамак една мала критика од мене Ако можеш да ги пуштиш малку веѓите или барем на ваква темна шминка да ги затемнуваш малку би било многу поубаво. Не ми чини маскарата не ми замерувајте Веќе сува е, а никако да отидам да земам нова.
Со две бои беше, ама слабо се гледа, со светла на внатрешниот дел и потемна на надворешниот дел од капакот.