Сенките на Авон се така? Како си задоволна од пигментацијата и текстурата? Гледам убаво на око изгледа.
@your-girl.-.friend Mocha Latte се сенките? И јас ги имам, презадоволна сум од пигментацијата. Интересни ми се што може да се нанесуваат и со сува и со влажна четка. Со влажна четка даваат поголема пигментација и не е потребна никаква корекција. Ги имам сигурно две години и ни до половина не ми се потрошени. Твојката ми е all time favorite. Првите две слики се првата и втората сенка. Првиот ред е со обична четка, а вториот ред со навлажнета четка. Првата слика е без блиц, а втората е со блиц. Последните слики се третата и четвртата сенка, по ист редослед. Се извинувам што се вмешав во разговорот.
Да, тие се. Ми се допаднаа, ги имам и јас одамна, ама не ме бива за шминкање па денес решив да ги пробам што ке биде нека биде, па како за прв пат задоволна сум
Не се ништо посебно. Не се квалитетни, да не се лажеме. Пигментација мн. слаба имаат. Порано кога беа во вид на круг сенките беа мн. поквалитетни. Имаш на Гош вакви нијанси и се милиони пати подобри од овие.
Вчера за мојата предроденденска забава. Од ко си истрижав кркми најмногу на туш ми се фокусира шминкањето.
Не ставам на цело лице, избегавам освен ако немам ептен потреба и ептен околу очите со коректорот чисто лице имам не сакам да го заморувам со пудри беспотребно ама и кога ставам не сум приметила нешто проблем, а и леќи носам, не ми смета воопшто...
@angelche16 Многу убаво си нашминкана. И јас ќе се сложам дека синото моливче преубаво ти стои, а и целосно шминката делува ненападно и сосема пристојно за годините