Ја имам истава маскара од Авон. Како успеа вака природно и убаво да ставиш, жити се просветли ме! Нааајмногу сакам ваков природен изглед на трепките.
Работата е ваква: имам неколку свечености периодов, и си испробував по дома, па сакам да ми кажете мислење. Секако според мене е да доставам и туш за поостар изглед и така Инаку користев сенки Dynamic од Golden rose и хајлајтер на Меис.
Фала ти многу. Повеќето шминки ми се од порано па се изгребани некои скрос, па не можам да кажам кое бројче е. Овде од пред една недела, бев на свадба.
Многу убаво девојче си. Еден совет само, веѓите не ги цртај толку напред, помини со четка за пудра или со сунѓерче за да изгледа помеко, поприродно. Сенката исто сенчај ја повеќе, да се губи линијата, да не изгледа така како триаголник.