Дефинитивно многу повеќе ти прилегаат светли кремасти бои.. одлично и ова и посебно претходното. Јас сум ЗА за вакви светли бои отколку темни
Фокусот е во очите Спојлер: Употребено Ordinary primer, Ordinary пудра, GR камена пудра, GR руменило, Alverde бронзер, GR маскара, Juvias place The nubian 2 палета, зелено моливче
На различно светло.Користено исто како и секогаш. Очекувам критики, позитивни или негативни i don’t mind.
Критика затворија устата кога се сликаш .. Пудрата не ти одговара на тенот.. вејгите ако ги црташ исполниги целосно
Во врска со устата и јас ќе кажев... А друго сенките премногу ти светат доле некако, треба повеќе блендање и поуредно нанесување и бар малку туш, некомплетна ми е вака шминката...И веѓите ако ти се цртани личат некомплетно доцртани. Вежбај и со тек на време ќе се усовршиш
Фала за првото, за второто течната ми одговара ама камената ми е малку потемна од тенот.Ја мешам со бебешката на Бекутан ама некако не дава резултат.А за третото ги цртам ама фалични ми се пак.Вака кога ќе ме види некои личат океј ама дека сликав од блиску. Сепак фала ми значи. Од свети бидејќи се светкави и ми паѓа прав, плус и од хајлајтерот.Туш сама да ставам нема шанса, мали очи имам ќе си извадам око.Ај баш ќе ти пратам сега на инста види од подалеку како е, може?
М, не се критики ама ако примаш совети се Ако ти е целта визуелно да ги зголемиш очите има начини да се креира оптичка илузија. Немам добар увид во формата на окото вака замижано.Препорачувам да посветиш внимание во исцртување со тушот во внатрешниот агол. Зависно како ја нанесуваш шминката и формата на окото, опавчето на тушот треба да е добро изострено. Извежбај должина. За исцртување со ајлајнер не е секој вешт, треба пракса и упорност. Најди еден ајлајнер кој ти одговара и постојано вежбај со него до усовршување. Понатаму експериментирај. Стабилност на раката е клучна. Постојат подлоги за под очи да спречат паднати глитери да се залепат за образите по смешна цена. Дополнителен плус е бејкинг со банана пудра, нека е и бебешка дури ја нанесуваш сенката, нанеси ја под окото количински, кога ќе завршиш отстранија со лесни движења со четка. Веѓите веќе имаат добра контура, потребно е да се пополнат внатре неспорно тоа. Пробај со сенка во прав, експериментирај и со моливче. Има моливчиња за микроблендирање, практични се и не се скапи. Кармин- Задолжителна подлога лабело на ладното. Исцртување со моливче за контура, коректор или пудра околу за дефиниран чист изглед. Пудра - блендирање со вратот. Твојот интерес за критики покажува дека сакаш да се подобриш и тоа е за голем поздрав За се останато постојат туторијали
Туш не знам да ставам.Само еднаш сама си имам ставено.Мали очи имам и тешко си погаѓам, имам другарка задолжена за тушот. За другото фала, отворена сум џа критики.
Наместо туш со малечка аголна четка стави црна сенка точно на линијата од трепките. На тој начин шминката нема да изгледа некомплетно а воедно и трепките визуелно погусти ќе изгледаат.
Зошто вака нападно? Ете се објасна и ги прифати критиките како што треба, а реално е една од ретките кои не мрчат кога ќе добијат критика. Шојма потреба од дополнително напаѓање еве не знам. @Feminka22 , со вежбање ќе се подобриш, и моите почетоци не беа нешто сјајни. Од лошо нашминкани очи, се до скроз утната нијанса на пудра. Многу често бев со сурат - банана, или размачкан кармин. Ништо страшно, се си треба пракса.