Па и кога ги надополнуваш поубаво би било малку да исенчаш напред со четка за веѓа вака апла се приметува од каде си почнала да црташ. Како сакаш сеедно.
Мислам дека меѓу цртање и надополнување има разлика. Кажав не ги сакам дебели и густи,моите ми растат важно ми е да имам форма.
Мене природно така ми изгледаат веѓите. Напред се посветли а останатите 2/3 се темни. Само крајниот дел го затемнувам со моливче бидејќи има некои празнини, напред не чепкам. Не сакам веѓата цела да е една боја. За сликата од Бубаче, мене убаво ми изгледаат веѓите (колку што можам да зумирам), природно и ненападно.
Долната уста ми е многу поголема од горната и не можам и не сакам да ја цртам до линијата точно, ич не ми се свиѓа како ми изгледа така, по некое правило да, не треба да се прецртува но јас така си ја цртам и сметам дека не е пренападно.
Те молам смени поза кога ја сликаш устата. Можеш малку од подалеку, можеш од страна да ја сликаш устата...што знам, едноставо пробај од друг кадар. Многу лошо изгледа вака.
Па вака на слика не изгледа како да има проблем со усните. Како и да е можеш со контур да ја зголемиш усната ако сакаш. Вака ми се видоа ко да имаш полни усни.
Немам многу шминка, ама така и преферирам, минимално Инаку имам пудра Катрис all matt plus 010 Руменило меис Молив за веѓи Алверде 02 Римел ГР
Според мене, требало малку да го истенчиш тушот и веѓите да не ги истакнуваш толку.По тапи да бидат. No hate, сепак е ствар на вкусови.
Ahem... first time uploader here. Смогнав храброст да поставам слика, или подобро речено - исечок. Свесна сум дека има многу фалинки и очајно ми е нанесувањето на туш. Колку и да се трудам не ми оди никако. Ако некоја од вас има совет како да се усоврши таа техника ве молам споделете.
Палетата е истата од претходно, маскара Тренди, ајлајнер Малена, кармин Авон - O Chic За членката која праша за карминот од претходниот пост, не е кармин моливче е Импала 225
Шминката за нова година, само очите и веѓите ми се нашминкани, после сфатив дека немам многу време и дека треба да убрзам и не успеав во цело брзање цело лице убаво да си го сликам. Спојлер: Користени продукти Маскарата е на Голден Роуз жолтата.