Дали би можела да споделиш линк за трепките од али експрес? Гледам доста луѓе ги нарачуваат од таму и се задоволни, ама бидејќи ги има еден куп фино би било да знаеме некои проверени продавачи таму. Btw шминката профи нема збор Едит, немора баш од овие трепки туку генерално од кои си задоволна да препорачаш
Можеби ќе бидам малку оф-топик...разбирам дека темава е за коментирање на шминката, но би ве прашала како можете да ставате туш, пудри, сенки, моливи за веѓи...да го потенцирате изгледот на окото на толку не искубани веѓи? Доколку сте се нашминкале за да ставите слика во темава, а не сте изглегле така, ајде...во ред. Истакнати очи со сенки во боја а притоа видно не искубани веѓи ми е еквивалентно на носење краток шорц при не депилирани нозе во лето. Извинете.
Може се обидуваат да ги израснат јас на пример не ги чупкам веѓите ама мислам дека имам природно добри веѓи и нејќам да ги расипам, пошто како проаѓа време прашање е и тие дали ќе ги имам хаха. Сега плус повеќе се претпочитаат природни полни веѓи така да мене не ми смета некое влакненце плус. Ама ако се претходно чупани тенко па сега раснат... да, тие малце везвезе изгледаат ... ама еве претпоставувам дека ги раснат
Индиректно потенцираш на Феминка22, почетник е. Може сака да ги израсне, доста со предрасудите вака така. Сум видела се и сешто, не е убаво да се поткопува туѓиот труд.
https://m.aliexpress.com/item/32950...d=5274amp-I-nv4xGjuYEl67c5G0klqQ1572896393890 Еве ги, 3D-70 е моделот
@vaga95 ако беше за мене коментарот, прво не се чупам сама и не можеше другарка ми да дое да ме исчупа. Второ под веѓите намерно ги пуштам малку бидејќи ги с**бав и имам буквално 2 влакна веѓи. Трето без блиц или јако светло надвор не може ни да ги види некој влакната бидејќи не се толку темни како што личат, а не би си дозволила да идам обрасната. Секој можен ден ги средувам тие што се израснати а се вишок. И можеше да ме тагнеш ако веќе збориш за мене.
Не мислев само на неа, почетник може да биде во шминкањето, тоа реков не го коментирам, може да помине секојдневна лесна шминка во тој период на растење на веѓите, но тешки кармини, сенки итн на несредено лице-не личи. Да не се држев до тој принцип, немаше да ми биде чудно што другите не го практикуваат. Ни маскара не ми се става ако не ми се средени веѓите, едноставно не изгледа убаво, а кој како сака нека се носи. Не, не мислев само на тебе. Ја пратам темава одвреме навреме често и многупати гледам такви слики. Затоа и не означив никого.
Јас навистина не знам што вие вас гајле за нечиј друг изглед?На оваа тема е битна шминката или ти се допаѓа или не ти се допаѓа.Нема што да пишувате безврска и потполно глупи коментари.И па одозгора на се секој втор збор извини...Ех од такви луѓе стварно
Кога веќе може да се исцртуваат веѓи што исто така е дел од шминка, може да се прокоментира и нивниот изглед, што не треба да се сфати како лична навреда.
Ех камо сите да се прифатевме такви како што сме па сите со веѓи до капаци да шетавме во својот природен изглед. Толку очекувањата се големи што забораваме како изгледаме во вистинско издание. Женско било не смеела шорц со неиздепилирани нозе. Секогаш мазна да е, инаку срамота, ќе ја оговараат. Сами комплекси си ставаме. Девојчина наполнуваат 10 години, прво што ќе направат- ќе ги издепилираат веѓите. Добро паметам како ни беше во основно на тие кои се уште не ги имавме издепилирано веѓите. Притисок огромен, ги гледаш повеќето околку тебе па мислиш и ти така мора. А дете си, што знаеш.. Природно сите имаме влакна, не гледам зошто би било проблем ако не сме секогаш мазни па мора и такви коментари да читаме.
Може ли да се вратиме на постирање фотографии сега, зашто мислам дека доволно беше од дискусијата и понатамошното разглабање очигледно не води никаде. Ако имате идеја за тема за дискусија може да ми се обратите во ЛП па ќе осмислиме некоја во која би се зборувало за ова овде. Наредните оф-топици ќе бидат отстранети од темава, навистина беше доволно.
Користени продукти: За очи: James CharlesxMorphe Palette Inglot pigment MAC paintpot soft ochre GOLD RIGA трепки За веѓи: Есенс две бои за веѓи незнам како пишувашее..
Буквално се користено е исто од претходни постови (истите работи ги користам), освен карминот и моливчето Голден Роуз бр. 1 и Brooklin No. 220.
Нема проблем, ќе ти објаснам, епа вака. Ги чекаш веѓите да пораснат малку не скрос, да не се ниту сосема чупани ниту сосема пораснати. Потоа земаш туш, пудра, сенка и моливче за веѓи и застануваш пред огледало најчесто, може и големо пред купатило а може и помало рачно не е битно, и ги ставаш сите овие работи нема некој редослед како ќе ти дојде така. И толку. Не е комплицирано, можеби така звучи, али не е, пробај лесно е.
Јас намерно не ги чупам веѓите. Само насредина и многууу малце од страните ги сакам такви бушави некако поибаво се осеќам и повеќе ми се допаѓа. Ако вас ви е ок нема тука правила какви да бидат. Доста си ставаме притисок за се. Мора вака она така.