Искрена да бидам ова е најдобро до сега. Убаво изгледа. Пробај само да не ја правиш таа линијата црна и да блендаш повеќе кај кафеавото и црното. Имаш долги трепки, мислам дека ако сс обидеш да ги кренеш нагоре (со виткач или со заоблена четкичка за маскара) дека ќе изгледа подобро целокупниот изглед. @Dream-Girl би сакала да те видам надвор од comfort зоната. Мислам дека сите слики што ги имам видено ти се иста шминка (не ме сфаќај грешно, убаво изгледаш и ти одговара тој тип туш-нежна сенка).
@candy.cane Ретко идам некаде посвечено за да стаам појака шминка, претежно дневна ми е оваа. Имам ставано тука баш со плава сенка и со зелена јака нијанса, знам некој ми рече нежна шминка појше ми стоела, а некои ми рекоа убаво ми стои и плава ама ја се осеќам ко да сум демоде со такви бои . И ја се свиѓам појше така понежно нашминкана искрено. Ама имам една палета од trend it up со јаки бои, освен црвената и плавата другите ги немам уште испробано и сакам и ја да ги пробам, поготово жолтата. Некако за овој период не ми е таква јака боја, да се стопли баш сакам да пробам жолта сенка со црвен кармин да видам како ќе иде. Одамна планирам нешто такво и обавезно тука ќе стаам. Може нема ни да излезам таква ама колку да пробам како ќе ми стои.
Обиди се на надворешниот ќош од окото да користиш малку потемна сенка, исто и над линијата (crease) на капакот, некоја поблиска до твојот тен боја. Поубаво ќе се избленда, а сребрената ќе дојде до израз на капакот
Сенки - од Алиекспрес Nude Веѓи - исто, со сенките од Алиекспрес Трепки - појма немам какви трепки се, сум ги сочувала што ми ги ставале на шминкер Маскара: Орифлем, One Четка за блендирање: Аура
Ова беше пробно, и мислам дека претерав со темното на долниот капак, вака можеби изгледа добро ама кога се гледам целосно претемно е. Користено: Подлога за сенки- Есенц Сенки- Револушн, HD 35 Luxe Туш- Малена Четки- Аура Маскара- немам ставено, пробно беше Ова е од вчера. Тука мислам дека заминав многу на горе со сенкта. Додека ги блендав првите, прелазни нијанси, си помислив дека кога ќе ставам потемна нијанса дека ќе ги покрие и така заминав до веѓата Друго, линијата од тушот ми е катастрофа - како триаголник Иначе во живо бојата е златна, ама на слика излезе портокалова Користено: Подлога за сенки- Есенц Сенки- Револушн, HD 35 Luxe Туш- Малена Четки- Аура Маскара- Орифлем One
Баш ми се допаѓа како се шминкаш, ептен по мој вкус. Постирај ни почесто, баш си ни освежување. Инаку, кафени сенки и црната таа погоре сенка од првиот пост, ептен убаво ти стојат на окото. И пофалба за веѓите исто, нежни и ептен убави. За последната слика си кажала и сама, но и на слика никогаш шминката не се доловува вистински така да, според тоа што го видов на другите слики сигурно и ова било супер у живо.
Мило ми е што ти се допаѓа ќе ставам слики почесто Инаку веѓите ги правам со кафеава сенка и сплосната, на врвот закосена четка . Имам пробано и со моливче, ама не ми се допаѓа резултатот
Се токмев да ти пишам ама чекав на другите некоја реакција. Првата слика ми се допаѓа, јас само на почетокот на окото би ставила бела сенка, минимално за темната сенка под окото не даде ефект дека имаш подочници а немаш. Тушот е океј, врвчето можеш да го подигнеш нагоре во правец каде што ти завршува веѓата(не до крај). Ваљда ме сфати. Веѓите се супер, со моливче можеш да ги дополниш недостатоците и тоа е тоа. Тука ми фали маскара ама пиша дека немаш ставено. За втората слика, на крајот ти фали блендање и спојување на сенките со сенката под очи. Тука би идела исто со туш, врвчето малку потенко(треба вежбање). Под очи би ставила беж и кафеава сенка или кафеава со црно малку на крајот, убаво изблендано. Е сега што пудра и коректор користиш не знам, ама коректоров ти ги истакнува порите можеби дека е од блиску сликано па така делува.
Лице: Revolution mattify primer, Makeup revolution foundation f5, mur define i conceal 6.5, la girl orange concealer, аlverde ruz, wet'n'wild highlight. Очи: maybeline burgundy bar and beauty bay eyeshadows palette, golden roses eyeliner, essence mascara, golden roses eyebrow pencil Уста: Nyx matte lipstick, essence lippencil.
Користено-исто како и претходно Иначе прв пат во животот успеав да направам убава, дебела и долга линија со алајнер. Ако и вие како мене имате hooded и downturnend eys, па кога ставате ајлајнер правите совршена линија на окото, но кога ќе го отворите истата ви се прекршува и тоа не личи на ништо - тогаш ви препорчувам да го погледнете видево, плус девојката објавува различни makeup looks за такви очи
Моливче пред кармин е обавезно, а пред са почнеш со шминка стави дебел слој на лабело и кога ќе дојдеш до кармин, извриши го лабелото, устата ќе биде мазна и хидрирана и карминот ќе стои поубаво.