Оваа слика ја направив за иницијативата на Neve cosmetics kога го продаваа карминот за 2 евра пари кои ги вложија во борба против корона. Пудрата, сенките, карминот, ружот и маскарата се од Neve Cosmetics. На другава слика минимална шминка: ББ крем на Natura Siberica, маскара Alverde и кармин и руж Neve cosmetics
Многу убаво ти стои црвен кармин Neve козметика ме е желба да пробам, сенките им се врв , имам гледано на инстаграм рецензии, која поточно е пудрата од Неве? И бб кремата на Н.сиберика покрива или? И дали е за мрсна кожа?
Мојата шминка за веридбата. Инаку сама се шминкам, да се пофалам па и ми тргна работата почнав и да шминкам други девојки, еве скоро 5 години.❤❤❤ Пс малку лош квалитет на слика
Благодарам драга. Јас сум заљубена во Неве штета што надвор од Италија не испорачуваат. Сѐ што имам од шминка е од неве. Најомилени ми се овие две палети и сенки Инаку пудрата е оваа Прекрасна е покривна и тоа доста а воопшто не е тешка не ја ни чувствуваш на лицето. Иако е доста кремаста како производ не масти воопшто. ББ кремот на натура сиберика е овој Многу е лесен и хидратантен, нема покривачка моќ како пудра ама преубаво го изедначува тенот. Структурата е многу лесна и не масти. Знам дека натура сиберика ти е омилена марка јас благодарение на тебе ја открив Се надевам ти помогнав. Поздравче
Бидејќи ми требаше вечерна шминка се одлучив за вториот изглед Маскарата е Maybelline lash sensational Тушот е од Essence Синото моливче е од Golden Rose
3 години ме немало на темава Спојлер Golden rose eyeliner MODA маскара Мalena моливче за веѓи Lipline pencil 065 Naked 10 matte lipstick Sassy+chic lemon lime lipgloss Avon color trend коректор L'oreal Infallible 24h matte пудра
Забелешка само за прецртувањето на устата. Инаку браво за трудот! Ме интересира каква течна пудра користиш и што ставаш како подлога за да ти издржи цел ден?
Не е сечиј вкус, но мене многу ми се допаѓа. Аура - трепки, веѓи, кармин, сенки, бронзер и руменило Есенс - туш, сенки и веѓи Ревуар - хајлајтер
Трепките се like, од сите до сега што сум ги пробала се најлесни за нанесување, а баш фино изгледаат на очите.