И мене ми се допадна тушот, интересно изгледа. Дај пушти слика кој хајлајтер е тоа од Аура, да си го купам него и палетата што ја објави @marta993 и шворц да останам. Не треба темава да ја отварам, ме терате да трошам.
@Hellobeautiful @BlackMistery фала женски Еве го хајлајтерот, тој првиот го имам ставено инаку како палета се. Но, искрено многу се ронат светките, тоа им е ко недостаток иако се пигментирани. Уствари одамна и ми е земено ова, не знам дали уште и се произведуваат, мислам лимитирани изданија беа, провери...
Очите ти се предобро нашминкани, браво. Имаш ли снимено видео како ги имаш нашминкано, би сакала да видам, многу ми се допадна?
Што ти се вика младост, ни брчка, ни линија Супер е шминката и тушот е убав Иначе не се изјаснив, комплимент ми е ова умно и убаво девојче за сестра ми го мислите
Здраво, фала ти најмногу Немам, но добра идеја е за следно видео. Искрено полесно не сум се нашминкала никогаш.
Едвај чекам, тагни ме или пиши ми кога ќе објавиш, случајно да не го пропуштам. И постирај почесто, се шминкаш подобро од пола професионални шминкерки, мерак ми е да те гледам во темава.
Ме примате и мене? За секој ден, вака се шминкам. Rimmel extra super lash mascara Golden Rose eyeshadow primer Melt rust eyeshadow palette Essence eyebrow pencil
Нема утка со кафена и посветла сенка, но уште мало нежно опавче од туш ми недостига некако за да е целосно се. Имаш убави очи и големи капаци, супер ќе ти стои и туш на ова, инаку убаво си ги изблендала сенките. Добредојде во темата, те чекам следен пат да те видам со туш.
Хи, Еве слика од мене. Спојлер: Слика Квалитетот не е баш најдобар, но бидејќи ми е сечена, за следен пат ке си знам ќе сликам посебно за темава Спојлер: Коростени производи пудра: kryolan Камена пудра и во прав : Rimel/Flormar Контура: Aura Сенки: Revolution Светки: Revolution Веѓи: моливче Golden Rose Хајлајтер:Wet'n wild Руменило: Аura Молив за уста:Aura Кармин:Golden Rose Сјај: Авон
Како си задоволна од прајмерот на ГР, дали го препорачуваш? Вака ми личи дека убаво се нанесуваат сенките врз него или палетата ти е доста пигментирана?
Си копав по постари слики, оваа е од пред година и нешто, кога се сликавме за табло. Сите се шминкате убаво, дајте совети како да се подобрам, што да сменам. Не се сеќавам што точно имам користено тука, постара слика ми е.
Убаво изгледа вака, на долниот дел само би му посветила малку повеќе внимание, личи малку недовршено. На долните трепки би ставила повеќе маскара и креонот како да е малку размачкан (може по некое време си сликана и затоа така изгледа), лично не би ставила црно моливче, бело поубаво би ти стоело и само малку повеќе маскара и супер би изгледало. Инаку супер, ненападно, баш за таа пригода таманка било. Убаво освежување сте ни денеска со @CrAzZyYy.
Нежни сте, очекував повеќе критики, со страв се објавив. Ти благодарам. Да, по некое време се сликав, не е одма откако сум нашминкана. Вистина изгледа како да ми недостига маскара на долните трепки и малку е размачкано, ќе се подобрам, продолжете со совети и ќе ве надминам и вас што се шминкате преубаво.
Еве уште една слика од пред некој ден, па следната ќе биде тазе сигурно Спојлер: Слика Спојлер: Користени прпизводи пудра: Krylan Пудра во прав:. Flormar Бронзер: Flormar Хајлајтер: Revolution Веѓи: Catrice brow set Сенки: Tati Молив за уста: Aura Кармин: Farmasi Сјај: Avon