Спојлер: Коридтени производи *Soph X extra spice (палета секни за очи) *Mark glow on (illuminator) *KRYOLAN vitacolor (течна пудра - нијанси: GG, LO) *Maybelline FITme (коректор нијансa:05) *Revolution conceal & define(коректор нијанси : C3, C13) *wet n wild contouring pallete (нијанси: Dulce De Leche) * Rimmel Stay Matte - (камена пудра - нијанса: 003) * Loreal Paradise Pomade Extatic (пимада за веѓи - 101 Light Blonde, 104 Brunette) * Alverde Kajal Eyelinear (моливче во водена линија: 07 Pearly White) * Aura Powder Blush (руменило - нијанса:221 Spring Bloom) * Catrice more than glow (highlighter - нијанси: 010,020) * Aura RLOVEUTION (моливче за уста - нијанси: 14,22) * Maybelline Shine/Brillant (кармин - нијансa: 50 Baddest Beige)
Не можам да опишам со зборови, мислам дека дрогериско нешто, со овој квалитет не постои. И ти благодарам на убавите зборови
. Има уште една потемна нијанса, планирам и таа да ја купам Ти благодарам навистина, вака ако продолжите можеби ќе ме охрабрите да почнам да снимам за Јутјуб
О да! Почни, верен фан ќе ти бидам. И онака ме интересира како го правиш вака убаво лицето, мене никогаш не ми испаѓа така професионално.
Е сегаа да не се лажемее, вака во живо не може да биде, добро осветлување е тајната, ако имаш добро осветлување ни ефект ни апликации и додатоци ништо не ти треба. И секако пудра што добро се слика. А за снимањето за јутјуб да се пресрамам некогаш па ако се одлучам ќе те известам хахах, а сега во дм ќе ти пратам линкче од инста таму снимам кратки видеа можеш да ѕирнеш, ако треба нешто совет тука сум пишувајте слободно.
Извинете што се мешам ама ако може ијас сакам линкче од видеата каде што се шминкаш препреубаво па може ке научам нешто ијас
Не е поентата во темава да се ставаат едитирани слики, со разни ефекти како на пример додавање на трепки со ефект oд инстаграм или зголемување на усни со ефект од инстаграм. Темава не е за да се докаже која е најубава или која се шминка најдобро, туку е од забавен карактер каде што секоја може да си ја покаже креативноста.