Essence - Ariel eyeshadow palette Malena - Devil Luxury Lashes Mascara S-he - сет за веѓи Malena - Eyeliner
Ајлајнерот. Како си задоволна од пигментираноста на оваа палета, дали лесно се блендаат сенките? Вака изгледаат нежни и убави тие сенки што си ги нанела.
Првпат ја користев, но позитивно мислење имам засега. Јас ептен и малку нанесов од сенките, бидејќи сакав нежна дневна шминка, ми се видоа доста пигментирани од прво користење. Да се нашминкам поинтензивно, па би оформила целосно мислење околу палетата. Но, вака е убава, ми се допадна.
Essence - Ariel eyeshadow palette Malena - Devil Luxury Lashes Mascara S-he - сет за веѓи Malena - Eyeliner Catrice - True Skin Foundation Aura - Correct Me Concealer Палетата е стварно убава, светкавите нијанси излегоа препигментирани, многу сум задоволна.
Ова е најлоша слика до сега што сум ја објавила ама не сакав да ја чистам средувам зошто ништо нема да се види од тоа штп треба. Спојлер: Слика Спојлер: Користени производи Пигменти: eldibeauty пудра: Krylan Vita Камена Пудра и бронзер: Wet n wild Хајлајтер: wet'n wild & catrice Веѓи: golden rose Сенки: revolution reload Молив за уста: Aura Кармин: golden rose
Не зезај, преубава си каква најлоша слика. Многу ми се допаѓа, нежно и елегантно, природно е. Пс. Видеото на Инста беше предобро, само насмеј ни се еднаш барем.
Хахаха не си прва сто ова го кажувам ама еве да ти откријам. "тајна" зошто не се смеам кога ќе се насмеам едното око ми е позатворено од другото и тоа многу ме нервира. Додуша може само јас си го приметувам тоа ама ок Ти благодарам многу
Ај вака да се договориме нешто. Може ли кога во иднина ќе давате критика, малку да внимавате на зборовите кои ги бирате за да си ја искажете поентата? Да се потсетиме дека темава треба да изобилува со конструктивни критики, а не со невкусни термини, затоа што сепак се обраќате некому и невкусно е да се користат изрази како отечен, пропаднат, грд, не знам каков. Навистина не е убаво за читање и ова не е ниту искреност, ниту ништо, едноставно не е во ред и нема да се дозволи. Има разлика меѓу (карикирам) ваква оскубана веѓа не изгледа добро, и пробај да ги пуштиш веѓите, мислам дека подобро ќе ти стојат. Не е на одмет малку да внимаваме со зборовите кои ги употребуваме некогаш, барем во овие теми кога коментираме изглед на некоја од членките, без разлика која.
Убави се, на последните 2 слики ја користев палетата. Лесно се блендаат и пигментирани се и мат сенките и светкавите.
Многу личиш на една моја пријателка, само бојата на очите ви се различни. Инаку имаш убави црти на лицето и шминката иако минимална е одлична. Би сакала да те видам со понападна шминка.
А таман сакав да ти пишам пријателки да не сме и гледам пишуваш различна боја на очи Ти благодарам на убавите зборови, иначе често се шминкам понападно ама не знам да сликам нападна шминка... Ќе снимам деновиве нешто појако за инстаграм па ке објавам сликичка
Евеее специјално за тебе. Спојлер: Слика Спојлер: Користени производи Пигменти: eldibeauty Трепка: eldibeautyshop пудра: Krylan Vita Камена Пудра и бронзер: Wet n wild Хајлајтер: catrice Веѓи: loreal Сенки: Tati Beauty Молив за уста: Aura Кармин: golden rose / farmasi