Многу си убава, постирај ни почесто. Уште туш ми фали и совршено би било, но и вака е убаво, нежно. Која палета точно од Револушн е? Многу ми се допаѓа пигментираноста на сенкиве.
Благодарам . Тешко ми е да исцртам убава линија со туш, многу ретко успевам. Оваа палета е. Благодарам .
Спојлер: :) Сенки - Essence Ariel Palette Туш, веѓи и бело моливче - Малена Маскара - Catrice Eyeconista Пудра - Catrice True Skin Коректор - Аура Сенката во средина уствари е црвена нијанса ама излегла како портокалова...
Многу фала за предлозите женски. Вечер сме на една прослава со мм, направив мала промена со потенки веѓи и очаен обид да исцртам некаква линија со тушот. Како е? Спојлер: Производи Пудра: Essence pretty natural Коректор: Maybelline Руменило: Rimmel Хајлајтер: Rimmel Кармин: Wet n wild Веѓи: Essence Трепки: Aliexpress Туш: Golden rose Сенките пак се од истата палета од Revolution што ја објавив погоре
Многу ти се убави веѓите вака. И шминката ми се допаѓа, изборот на бои ти е одличен. Само вежбање за тушот често и ќе се испраксираш со тек на време, после за 2 минути ќе го нанесуваш. Совет, купи си некој туш со баш тенка четкичка, многу полесно се нанесува така, дури и да утнеш може лесно да го поправиш зошто не се прави многу хаос со тенка четкичка.
Може, ќе пробам, сакам да се подобрам во шминкањето. Секој совет и предлог е добредојден. Последниве години дека бев зафатена со малата немав време за шминкање. Сега време имам за шминкање, но сум изгубила рутина. И шминките ми се стари, треба да се подновам. Ти кој туш го користиш? Вака на сликите гледам убава интензивна црна боја остава. Овој што го имам јас, слабо е пигментиран некако. Ќе го сменам, само не знам кој да го земам.
Од Малена со тенка четкичка го користам со години тушот. Пробај го ако сакаш, не е скап, околу 100ден е, во жито и кит го мислам може да го најдеш. Спојлер: Слика од тушот Исто може да пробаш и некој како фломастер што е, мислам и тие се прецизни. Разгледај во темата за туш за очи предлози, сигурно ќе најдеш некој предлог што ќе ти се свиѓа.
Ќе можеш ли да пишер бројчиња за молив за веѓи, барам баш таква нијанса, молив за уста и кармин? Фала Инаку богиња си женска
Пред се ти благодарам, Молив за веѓи GR EYEBROW PENCIL 102 Кармин GOLDEN ROSE LIPSTICK нијанса појма немам избришана ми е класичен кармин во црна амбалажа не е мат Молив за уста Alverde кафено моливчр за очи, како ова белово на слика само кафено.
Спојлер Веѓи и туш - Малена Маскара - Catrice Eyeconista Хајлајтер - Max & More Сенки - Wet n wild 32 - pan eyeshadow palette Коректор - Аура
Зелената или сребрената маскара ја користиш? Ми се допаѓа каков ефект на трепките дава. Одлична шминка инаку.
Како си задоволна од коректорот на Catrice? Го имам користено нивниот camouflage, овај каков е во однос на него?
На двете слики ги имам користено истите производи, само на првата слика имам црн туш на wet & wild а на втората наместо туш имам молив за оцртување ( го има на сликата)