Прекрасно. За каква кожа е пудрата на Боби Браун? Многу покривна ми се гледа или пак филтер имаш користено па затоа така?
Пудрата е со спф 15 за нормална кожа е не е многу покривна , со коректори ова она е сосема океј , филтер немам камерата е таква со портрет е сликано..
Ии после долго времеее еве суум Спојлер: Користени производи тен: пудра - kryolan supracolor, tv paint stick & vitacolor сетирање - yaemina loose powder Бронзер - Lums хајлајтер - i heart revolution Очи: Црна сенка - tati beauty Сини сенки - El Di Beauty Shop loose pigments Туш - Aura liquid eyeliner Веѓи - Golden Rose Уста: Моливче - Rimmel Cappuccino Сјај - essence
Дааа тој што кога ќе го најдеш треба 50 да купиш зошто после бог знае кога ќе го има пак иии благодарам на убавите зборови Благодарааам
Не се гледа многу, малку матна е сликата, но зелената сенка убаво ти стои, а и убаво личи изблендано.
Многу сакам да знам да се шминкам ама не научив и не научив. Пудра, маскара и кармин. Толку знам Спојлер
Не го разбирам овој коментар да бидам искрена. Немам зборови за членката што постирала слика, убаво си е нашминкана, супер е се. Но, што е со овој коментар? Треба да е некоја навреда за ние што користиме повеќе шминка и сме постирале слики со повеќе шминка? Не се издигнувате себеси ако навредите некого индиректно вака. Ниту па ќе добиете медаља за природност на пример ако не користите "кило шминка" и вака зборите за други девојки. Нема потреба од вакви "комплименти" во кого некого друг измеѓу редови ќе навредите.
Извини што се пронајде Не е навреда, каде е навредата точно? Само е мое лично мислење дека минимална шминка е подобро од лице забетонирано со пудра и контури. Членката пиша не научила да се шминка, јас баш затоа и' коментирав, супер е, нема никаков недостаток, ете токму тоа сакав да кажам, а не да ги навредам тие што се шминкаат повеќе.