Само добра четка ти треба за бронзер, руменило, вистина не е тешко за нанесување ич. Минимално ќе ставаш и ќе ти биде лесно за блендање. Со вежбање сигурно би го усовршила. И за сенките истото важи, само за нив малку повеќе вежбање.
Не можам тушот да го ставам исто на двете очи, со тоа се мачам постојано @Anika55 да, имам долги трепки ама и маскарава ептен ми ги истакнува и издолжува. Ја препорачувам.
Претпоставувам дека е убава шминката но освен карминот и маскарата друго ништо не се познава. Еве јас лично во моментот барам нова пудра, но од сликата не можам да проценам колку е покривна твојата
Смени ја пудрата не ти одговара со вратот,многу ти двои и порите ти се познаваат. Внимавај при изборот на пудра, пробај тестери на чиста кожа или спрема бојата на вените одбери нијанса. @joy1 Прекрасна си, бојата на очите, косата немам зборови меѓутоа едина замерка имам на филтрите на сликата.
Во живо не ми двои вака, и јас на сликава приметив инаку за порите знам, ама со сите пудри ми е така , и во линиите или околу носот ми се вовлекуваат , доста сува кожа имам па може и затоа не знам
Може на сонце оксидира,ако е така пример многу е лоша пудрата иако е покривна. За лицето мора многу хидратација и редовно користење, кога имаш желба во друга тема пиши што користиш па може ќе најдеме трајно решение.
Ќе пишам баш во другата тема што користам, мислам правилно го хидрирам ама надворешно само, внатрешно вода малку пијам, па може и тоа е проблем.
Немаме симетрични очи и капаци така што никогаш неможе да биде буквално исто туку слично можеш да пробаш чекор по чекор во исто време на двете очи а не едно по едно или со лепак и сенка така ќе имаш повеќе контрола и после можеш да повториш со туш.
Еве и јас да се пријавам. Шминка скоро секојдневна за на работа. Не сум го сликала карминот: Малена colortast lipgloss 101
Ти благодарам на сугестија. Имам ситни очи и само вака преку ден можам да ги нагласам (барем така мислам, можеби е и навика во прашање како се доживувам). Ќе пробам секако следен пат