Можеш да продолжиш вака да го ставаш само земи после со четка и коректор или пудра што и да имаш и пробај да исчистиш колку можеш од страна така можеш и потенок да го направиш и пошилесто да изгледа поперфектно,почисто и поубаво се надевам ме разбра
Се согласувам, бело моливче ептен визуелно ги зголемува очите. А, за тушот навистина не ти е потребена толкава линија, ај дебелината и некако ама линијата е предолга за денска шминка. @Bubi*2
Да, разбрав. Најчесто немам толку време наутро за толку третирање Ќе пробам потенка да ја нанесувам. Благодарам Се сложувам за должината. Тоа најчесто ми се случува кога пробувам да ги изедначам двете очи па демек поправка излегува линијата подолга. Ти благодарам
Еве една со нормална линија на туш. На волку тенка мислевте или уште потенка од ова? И пократка? @buba4e89 @Dream-Girl @stsmua05 @Star_dust
Е ова е веќе друга приказна. Дефинитивно подобро ти стои ваква линија на туш. А инаку тоа со поправката и мене ми се дешава, демек да поправам, а јас уште толку ја уништувам линијата
Е па така е најчесто. На оваа слика е шминкано раат, не е на брзање. А на сабајле во брзањето најчесто утки правам
Одлично Значи девојки, правилата на темава се да се ставаат слики сликнати без никакви филтри, може да ги сликате производите што сте ги користеле или да ги напишете, но слики со филтри од сега натаму ќе се бришат без никакви објаснувања. Не е фер спрема останатите членки што ставаат нормални слики , а и треба да се прикажат подобро производите како стојат на лице , на очи...
Имаш супер око за шминкање. Јас не би ставала на долната линија ништо црно, можеби засенчана кафена сенка само. Е за подраматична, би издолжила туш на внатрешниот агол и на надворешниот, а средината тенка линија. Мислам дека на твое око баш би стоело.
Сликано со portrait опција на камера, се надевам не се води како филтер Од шминка користено Bourjois 123 perfect 55 пудра Gosh mineral powder 006 Wet n wild 32-pan eyeshadow palette Вештачки трепки Aura Giordani gold lash iconic маскара Аura руменило wermouth 225 The one ајлајнер Oriflame Aura хајлајтер 219 golden spice Catrice молив за веѓи 035 brown eye crown Aura matte velvet feel кармин 607 mind on vacation