Пудрата на Мејбилин трет ден како ја користам, доволна е пумпица ипол за целото лице, има средна покривност ама е многу трајна. Не знам дали игра улога и СПФ кремата под пудрата (во др тема пишував за неа) ама вооппшто не светнав. А пудра не ставив над течната. И , нијансата е утната. Многу ми е светла а се водев по сајтот findition Од маскарата еден тенок слој ставив зошто со два - ги прави трепките до небо
Женски вежбам дома сенка нанесување. Ептен сакам да научам убаво. Пишете ми некој совет ако нешто не чини. Имам само три четки. Една за блендање, помала за блендање и една плосната четка со неа глитери ставам. Дали ми треба уште некоја? Сенките ми се на Револушн не знам како се вика палетата стара ми е.
Баш е убаво, нежно. Уште нежна линија туш и маскара, прекрасно ќе изгледа. Супер ти е изблендано, може само во средина на транзицијата кај светкавата сенка и мат сенката уште малку да додадеш од светкавата сенка, да не се познава вака веднаш разлика, посоединети да се. И горниот дел до веѓата кај што имаш од мат сенката, јас некогаш со прсти знам да го изблендам за да биде што понежно и да не се познава толку. Со четка не добивам таков ефект, па тоа ми е како мал трик што го применувам. Револушн добри сенки имаат, убаво се нанесуваат и блендаат, лесно се работи со нив.
Може предлогче? Синото моливче/сенка, не знам точно што е, би предложила да го ставаш во помала количина и претежно на надворешниот дел од окото, ако ме сфаќаш. Значи од средината на долниот капак па нанадвор само, не целосно да сенчаш од еден крај на друг на окото. Мислам дека би ти дало мал lifting effect на окцето на тој начин и би биле боите поизбалансирани.
Може, нема проблем не се лутам Фала ти за советот, али сакав вака да пробам, во живо не испадна вооошто лошо следно пробувам како што кажа
Јас мислам наместо плаво, потемно кафена или црна сенка да ставаш на долниот дел од окото, поубав ефект би добила. И јас имам мали очи како тебе, со тие бои визуелно најдобар ефект се добива. Иако и вака ти стои, само се сложувам дека напред не требало толку да ставиш од плавото.
Малце светлото не ми е како секогаш амаа тоа е такви беа условите Спојлер: Слики Спојлер: Коростени производи Лице - kryolan Vitacolor FS45 - yaemina транспарента пудра во прав - lums бронзер - Revolution ice hearts хајлајтер Очи - Aura Roar eyeshadow palette - Revolution highlighter reloaded Веѓи - Loreal Paradise крема за веѓи Уста - rimmel cappuccino lip liner - Malena сјај за уста бр. 19 - golden rose color sensation lipgloss 134
Немам филтер,сликана со предна камера. Спојлер: Used products Пудра: Maybelline fit me течна и камена 220 Маскара: Catrice портокаловата Туш: Essence Коректор: Makeup revolution Молив и гел за веѓи - Есенц Кармин Maybelline vinil Ink Blush - Catrice powder - peachy