Преубави сте. @CameliaMiller која нијанса/бројче е моливчето од Авон за уста? Ми се допаѓа нијансата.
Фала ти. За карминов само знам е Есенс, од оние што ги имаа во црни паковања до пред некоја година. Ништо нема останато на него да прочитам. Иначе виолетов е.
Си помислив да не е еден виолетов кармин што го имаа ГР, порано го имам гледано, само не знаев како изгледа нанесена нијаната, па не сум го земала, вака кај тебе убаво личеше, да беше тој ќе ме убедеше да го купам конечно. Не знаев дека и Есенс имале таква слична нијанса, но фала ти, баш ќе ги разгледам нивните кармини деновиве, може ќе најдам нешто слично.
Користено: Пудра Maybelline fit me 230 Коректор Catrice liquid camouflage 010 Транспарентна пудра Eveline Matt finish & fix Бронзер Bell Маскара Maybelline sky high Трепки Aura Сенки палета Wet and wild Сенки (gliter) палета на mels cosmetics Молив за усни Misslyn nougat Кармин Kiko milano smart fusion 406 Молив за веѓи Catrice 035 brown eye crown
И јас имам мрсна кожа мислам дека и ти имаше мрсна така? Одамна ја меркам дали да ја купам или да си се вратам на ревлон колор стеј. Каква е со трајност, може да се спореди со ревлонот? И која нијанса би ми ја препорачала, малце сум потемна од тебе на тен, и да не биде твојата светла нијанса.
Јас секогаш ги сетирам пудрите , колку и да се трајни користам пудра камена што не покрива баш ама ја матира кожата. Ревлонот ја користев ама многу оддамна , новата верзија од ревлонот ја немам користено па да ги споредам. За нијансата , ја утнав зошто ја порачав онлајн ама нешто посветла е , па ја затемнувам некако со бронзер. Мене лично ми се допадна , можеш да ја пробаш
Пудра: bell nude & moist, bell full cover и top face Коректор bell just free skin Камена пудра essence Маскара bell great lashes Туш aura Сенки катрис и аура Кармин менхетен Бронзер bell Руменило avon Ја пробав техниката на Мередит, мислам дека така се викаше девојката што става 10 пумпи пудра Јас ставив околу 5,6, прво ја нанесов со раце, па после со сунѓерче и на фотографии лицето изгледаше многу убаво, но во живо не баш.
Многу си убава. Која нијанса/бројче е карминот од Менхетн? Совршена црвена нијанса е и преубаво ти стои.
Истата шминка на различно светло Спојлер: Слика Спојлер: Користени производи Лице - kryolan Vitacolor FS45 - essence транспарента камена пудра - lums бронзер - Revolution ice hearts хајлајтер Очи - плави пигменти под очи el di beauty shop нијанси Tiffany & Azure - essence disney the lion king палета сенки Веѓи - Loreal Paradise крема за веѓи Уста - rimmel cappuccino lip liner - Malena сјај за уста бр. 19 - golden rose color sensation lipgloss 134
Мојот коментар е наменет кон пудрата. Сува ти е на двете слики, најдобро да ја смениш за некоја подобра, или можеби е коректор во прашање. Остатокот многу ми се допаѓа.
Пудрата е на база на масла и е за сува кожа, ама камената не е убава, ја тестирам сега и не ми се допаѓа воопшто, ама да ја дотрошам