Коректор L’Oréal infallible најдобар коректор. Сетинг пудра во прав Revolution light banana. Гел за веѓи got2b. Маскара Maybelline falsies surreal и lash sensational, пола трепки од Али. Бронзер на Nyx cosmetics. Руменило artdeco. Моливче на уста капучино и сјај на L’Oréal. Фала
Немаш пудра? Мора да споделиш рутина за нега затоа што само со минимална шминка овака ти изгледа лицето предобро.
Немам пудра ама остатокот од коректорот на четката го блендам на целото лице пошто со пудра ми е доста кејки. Немам некоја посебна рутина за лицето уште ..
Многу убаво. И јас мразам пудри, неможам да ги носам. Може да ми кажеш каде ставаш коректор? Само под очите ли?
Да само под очите со остатокот на четката поминувам на нос ,чело и брада и одлично ми изгледа лицето така со сите други продукти секако.
Крилото накрајта го ушлакав, на другото око подобро ми излегува. Трепките како и секогаш надоле ми се , не се креваат. Имам и коректор под очите.
Убаво око имаш. Дека имаш помали очи би ти дала предлог потенка линија туш да ставаш на окото, вака ептен голема линија е и ти го покрива скоро цел капак, па уште помали очите делуваат. И бело моливче можеш да ставаш на долниот дел на окото за визуелно поголеми очите да ти изгледаат. Секако само предлог, не мора да го прифатиш.
Да, размислувам да почнам да ставам бел молив, и сакам да оробам следно со тушот или црно моливче да ја продолжам линијата кон внатрешниот дел на окото. Да излезе како на тие арапките, ме сфаќаш ? незнам дали би ми го зголемило тоа окото.
Да, те сфатив на што мислиш. Црна боја го затвора окото, тој стил на туш може да го издолжи окото, но за зголемување визуелно светли сенки и бело моливче најдобро функционираат, со повеќе црно само спротивен ефект се добива.
Дека имаш по ситни очи, ако ги направиш како на арапките, ќе добиеш во должина само, а тебе ти треба да го отвориш малку. На вакви ситни очи, инаку и јас иам па да кажам скроз исти како твоите, тушот најдобро иде од средина на окото или мноогу потенка линија на капакот и како што се движиш кон крај можеш да здебелиш. Мој совет е коа ќе ставаш туш, почни од средина на окото и влечи кон лакот многу тенко, после можеш да дополнуваш/продолжуваш колку сакаш. Белиот или исто кремаст молив е лек за нас, ама сепак и на крај кој што сака да постигне со шминката. За трепките, пробај да ставиш пудра во прав/translucent powder со мала четкичка врз нив и после врз тоа стави маскара, ама виткај нагоре. Со тек на време ќе почнат да се виткаат малку од малку, или земи си виткач
Па виткани ми се со виткач. И со пудра во прав иам пробано, пак не бива. Многу ми се мали. Се е џабе. Само вештачки да ставам, ама пресечени на пола и само на надворешниот дел да го стаам. Од тие подолгите. Ќе пробам така па ќе сликам да ви покажам како ќе излезе. Иначе ќе пробам и со кафено моливче на долниот дел, мислам дека кафено по би ми одговарало него бело.
Пред да ги виткаш трепките виткачот малку загреј го со фен и извиткај ги, ќе ги држи подолго. Ама зависи и каква маскара користиш. Некои маскари ги спуштаат трепките.
Белото и кремавото моливче под очи баш на водената линија е за да ги отвори. Кафено и црно ги прават помали визуелно. Инаку имаш по продавници серуми за трепки што глеам дека функционираат, јас немам користено такви, имав прави трепки, почнав да ја користам од Кико Милано оваа маскара и многу ми пораснаа и ми се извиткаа трепките. Понатака ко почнав со skin care, исто ќе се фати некој продукт и на трепките и сеа ми се ем долги ем виткани без ништо. Just a tip ...
Девојки само да напоменам дека кога ќе прикачите слика со вашата шминка ќе треба да ги напишете или сликнете и користените производи. Тоа е правило во темава.
Се извинувам, сум го промашила тоа. Ако ја најдам, ќе ја земам да ја пробам И тоа со фен иам пробано. Ништо.
Ова ми е втор или трет пат да ставам, и ми се допаѓа, иста боја е со мојата кожа така да не се приметува и најбитно ми ги покрива црвено модрите подочњаци. Еве од прееска го носам и не е мрднат, не се лупи и суши. Други врсти на коректори неам користено за да споредам.