Втората слика не е со ефект, такво е светлото. Сенките кој знае од кога ми се, ама такви што ептен пуштаат не сум нашла, ни поскапи волку не ми пуштиле со едно нанесување.
Catrice е најдобра за мене, да, оваа е полесна, ама лично јас не сум баш задоволна, а и потемна ми е па ја балансирам со хајлајтер, кога слушам продавачка така ми е, ќе ми била многу светла тој број, ми ја препорача оваа и се зафркнав.
Различни шминки на сите 3 слики, но сепак слични. Користев исто како и претходниот пост. Сечени се, затоа матни испаднаа.
Карминот те прави бледа во ликот .. би ти пропрачала да одиш со nude + peachy нијасни како што си на последнава објавена слика
Можеби инаку на сликата со карминот лилјаков немам ставено бронзер, па може затоа фала ти за мислењето сепак
Спојлер: Користени производи пудра: artdeco rich treatment Пудра во прав: Aura Контура и хајлајтер: sophie’S choice Бронзер: Lums Сенки: beauty bay berries palette Ајлајнер: течен Aura Пигменти на капакот: eldi beauty shop Веѓи: maybelline tattoo brows Кармин: некој непостоечки од Aden
Сенката и шминката на очите преубава ама веѓите некако чудно ми изгледаат. Дали нијансата или премногу нацртани...
Имам microblading и на дневно ниво не ги цртам и за тоа немам никаква нијанса за веѓи дома се сум оставила во студио ова беше единствено што најдов и многу е сиво за мене, ми треба топла нијанса ама тоа е…
Тогаш би ти рекла дека можеби со малце по големи трепки , или пак можеби од сликата не се гледа.. како и да е мене изгледот ми е супер
Дали може да ми кажеш како подлога што стави и ако може да ми сликаш од пудрата и пудрата бо прав би сакала да знам која бројка е многу убаво ти стои
Се извинувам за квалитетот на сликата, предното стакло кај камерата ми е скршено и затоа е матна. Моливчето за веѓи заборавив да го сликам, на Тренд ит ап е. Карминот е на maybelline 211 rosey