Еве нешто со што комбинирам со виолетово или розево Инаку оти сега се шминкав ,не ставив маскара ве молам не критикувајте за тоа
Ова ми е нешто најново сликнато, не сум се сликала од блиску нашминкана, а кога кропнувам сликите се катастрофа Сакам нежна, не нападна и не дрчлива шминка...евентуално ако одам на некоја така позначајна свеченост повеќе се шминкам, ова е најмногу што сум се нашминкала.
Смајли јас мислам дека освен маскара тука ти фали и туш..овака некако неубаво ми изгледа без туш...само уште тоа да си ставела и чиста 10ка Аа еве ќе редактирам и за мимс да напишам...некако многу си ми бледа во очите за разлика од челото.
Браво феминки , па за се ве бивало бре Еве од мене тоа што можев да кропнам, не ми текнало никогаш да ја сликнам само шминката посебно. Не сакам многу да експериментирам со сенки, во последно време смоуки ајс се шминкам со кафено кремасто и црно, бидејќи очите ми се плави мислам дека најдобро тие бои ми седат... Овие ми се постари слики, околу една година
Мимс убаво е зашто бакарното ги истакнува зелените очи, само мислам дека горниот капак трпи уште малку шминка, требало маалку повисоко да се оди за да се направи визуелно поголем капак.
Баш сега најдов една слика па ја средив,не знам колку добро ке се гледа шминката.Обично не ставам многу шминка,само малку сенка,туш,црно моливче,маскара,руменило и сјај. Поинтензивна шминка ставам само за свадби и такви слични свечености.
Нешто ново Сега се шминкав инаку не е воопшто светкаво во живо За мислењево подоле ке редактирам Набризна е се! Ако ги исцртав со моливче линијата ке беше како стара баба да ми ја цртала и за маскарата.Ставив ама ја измачкав и морав да ја избришам
Со кафени нијанси Занемарете ми ги трепките,маскарата ми е сува Смајли,исцртувај ги очите,со моливче или туш,за да изгледа комплетно.
Едната е летна шминка,а другата кога сум била излезена,само не се гледа многу...А и не ми замерувајте за веѓите