Бриџит и јас го делам истото мислење, затоа овој пат решив да ги занемарам трепките и да ја пофалам. Има преубави шминки, ама честопати прави лоши комбинации со нив, затоа треба да го пофалиме тоа што е убаво за да знае во која насока да се движи во иднина. Трепките бидејќи се доста долги и прави, мое мислење е дека треба да ги витка пред да нанесува маскара, мислам дека така би изгледале многу поубаво.
Скроз ќе се согласам со ова и ќе додадам само дека требало да има и мал дел "кожа" односно простор за хајлајт помеѓу сенката и веѓите, вака споено плус со јаки бои изгледа неубаво.
Бубаче, ефектот е далеку од прекрасен.Добра ти е замислата, само си требала простор помеѓу веѓата и сенката да оставиш, вака не.
Фaлa сесилијa, дa кaжaм искренo сегa сум мaлку пo вештa вo нaнесувaње нa сенки , не мислaм декa сум aнтитaлент зa шминкaње oпштo , требa мнoгу прaксa , јaс иaкo имaм 25 гoдини oд лaни пoчнaв дa упoтребувaм сенки пoрaнo вooпштo не ми се дoпaѓaше дa кoристaм a незнaм зaштo сaмo кaрминче мaскaрa и мoливче си кoристев. Сегa гледaм видеa пo јутјуб и пoлекa се учaм инaку не ги виткaм трепките сo ништo директнo мaскaрa нaнесувaм
Јас ќе ти дадам еден добро намерен совет,толку сенка не се става до самите веѓи,мора да има простор малку,од трепките до под веѓата и целата сенка што се нанесува треба да биди изблендирана добро т.е исенчана да не се познаваат линиите каде што завршва или започнува сенката и не би наносвала сенка во толку јака боја на почетокот на окото,или ако нанесваш нека биди како една точка на самиот почеток не вака како оваја црвената,јас ваков тип на шминка би му го оставила на професионалци бидејќи знат каде и во која количина да ја сместат сенката иако добро се разбирам во шминка ама не сум професионАЛЕц,но овие работи ги научив од другарками кој е професионален шминкер околу 10 години...Ако не се лажам ваква ти била замислата за шминка: od Desi mozis da naucis mn raboti preubavi tutorijali ima...
Мимс редовно ги следам туторијалите. Јас не барав замисли, слично бев шминкана и за апсолвентско табло па испаднав супер. Тоа не е црвена боја, туку е виолетова. Јас убаво изгледам на сликите, секако ако се сликаш и имааш соодветна фризура. Горе поставената слика е сликана одблиску со апарат + блиц ете ви го ефектот.. Јас како се шминкам,според мене си е солидно за мене да изгледам убаво. А не верувам дека луѓето кои со години си живеам ќе ми љубоморат, туку баш оние кои не ме познаваат ќе ми зборат не ти е убава, лоша ти е, ова ти е, она ти е.
Бубаче бидејќи спомна дека имаш ситни очи не би требало тогаш да користиш толку темна шминка на очите, визуелно уште повеќе го намалува окото. Не знам за која пригода е шминката, но кога веќе сте оделе со таа што те шминкала на малку подраматична шминка требало да користите и вештачки трепки или повеќе маскара. Јас би сакала вие што коментиравте за трепките дека секоја си го фатила својот пат ако може совет како вие ги оправувате или природно ви имаат убава насока? Моиве се секоја на своја страна и со виткач ги виткам и ги чешлам чат пат па џабе.Ако им е денот може и да се сите фино поредени.
Јас не видов никаква разлика во тоа што ти го пиша накратко Артемишн. Она што таа ти го рече во една реченица, Миме се потруди да ти го објасни во десет, за да сфатиш на што всушност се однесувала критиката во целост. Шминката има предиспозиција да биде добра, но факт е дека на сликата изгледа несредено и недовршено. Без разлика дали е фотографирано од далеку или од блиску. Аголот и начинот на фотографирање имаат удел во прикажувањето на окото, ама недовршена или несмасно изведена шминка си е едноставно тоа што е, тука не е виновен аголот од кој си се сликала.
Убаво е некој да даде совет, а твое е дали ќе го примениш. Со другарка ми и ден денес се смееме за тоа како ја нанесуваше пудрата, па морав јас накај школо да и ја размачкувам пак. Или на почеток кога почнав да носам две нијанси на сенки буквално ги ставав до половина на капак и тоа беше баш рамна граница, па продолжуваше потемната сенка. Кога ќе затворев око изгледаше баш како во паковката светло сина и потемна сина со линија меѓу нив Па фино лепо зема она замачка малку линијата и научив како да ставам без да има толку јасна граница.
Имам природно густи и долги трепки, па тоа знае да биде дополнителен проблем. Јас си фатив една рутина. Не се шминкам нешто којзнае како ама барем со трепкиве и римелот се навикнав. Прво ставам многу малку од римелот. Еднаш ја брцнувам четката и вишокот римел го вадам малку, па нанесувам убаво, односно со првиов слој гледам убаво да ги изчешлам и раздвојам трепките. Оставам да се подзасуши едно две, три минути, па ставам втор слој со таа разлика што сега вишокот римел од четката не го вадам, туку брцнувам еднаш и убаво нанесувам. И толку. За секојдневна шминка за моиве трепки, ова ми е доволно, изгледаат убаво, а знам да ставам и трет слој за вечерно излегување за да бидат повпечатливи. Не треба само да се трупа што повеќе римел, зашто така брзо се спојуваат влакненцата и се затестуваат, ставајте по малку за да може убаво да се раздвојат и изчешлаат трепките. И, кога нанесувате, не ставајте едно по друго неколку пати на исто место, туку рамномерно од почетокот до крајот само по еднаш и со брзи потези. Ако сакате да ви изгледаат погусти тогаш ставете повеќе слоја. Не е којзнае што тактика ама мене ова ми успева, па пробајте, може ќе ви успее и вас. И не е до римелот, со секој римел мене исто ми излегуваат трепките, ама буквално со секој, апсолутно никаква разлика немам видено.
Tnx, не знаеш колку време ми требаше да научам убаво да си ги средувам веѓите... и сега ми се случува да ги утнам некогаш малце али за разлика од порано добри се.
^ Изгледав неколку твои туторијали и ми се допаѓаат оние со понежна шминка, а ова видео погоре е едноставно ту мач, премногу нападно, ко шминка за drag queens.