Се е прекрасно, многу ми се свиѓа И луѓе што ако е лето и што ако е сега модерен "природниот" изглед? Секој има право да се шминка како сака и како се осеќа во моментот. И уште еднаш браво права лепотица си
^Ама пуста љубомора што не прави Чекаме слика да видиме како треба да изгледа фамозниот "природен изглед".
Лесна летна шминка... Немам ништо посебно користено. Лесна течна пудра, кафена сенка, маскара, руменило и лабело.
Шминка за вечерно кафе, тука знам прв пат а пробав маскарата на Есенс, за волумен, жими газов, се гледа страшниот волумен, 0/10 за маскарата. ББ крем имам ставено и повеќе коректор (Евелин, најсветла нијанса), Аура хајлајтор бронзено/златниот, и бронзер Артдеко, сенки мислам Белаоџи, моливче за усни од Авон mistery mauve и туш на Евелин. И еве една слика од no make up - make up шминка, само што наместо ББ крема тука на Виши пудра имам ставено. И една бонус слика од шминка, прв пат вештачки трепки носам тука за свадба кај другарка. Шминката не е од мене. Квалитетот не е најдобар бидејќи сликано е со предна камера. Спојлер
@anuskaNESTLE морам да ти кажам- ти многу поубаво се шминкаш од таа што те шминкала. Како друга девојка да е на сликата, повозрасна, посериозна... Многу убаво ти стои тој no make up изглед. @koritsaki секогаш си велам веќе да не ти коментирам, испаѓа дека стално некаква маана ти барам, ама морам да ти кажам да обратиш повеќе внимание на веѓите. Добивам впечаток дека воопшто не ги чепкаш, а не верувам дека е така. Тие се украс на лицето и нивниот изглед влијае многу на целокупниот впечаток. @mirandaa убаво се шминкаш и имаш многу убава и чиста кожа, и знам дека не си љубител на пудри и коректори, меѓутоа некогаш е потребно да ставиме нешто за да ни даде свежина. Еве можеби грешам, меѓутоа имам впечаток дека на последната слика немаш ставено ниту коректор или пудра, па ми делуваш уморно, без свежина.