Никој тука никому не забранува ништо @Salome , јас пак најмалку си давам таква слобода. Само и претходно беше поставено прашањето на кое ниту една не даде одговор - која е поентата на темава, ако континуирано постираме едно те исто ?! Нека постира секоја од нас една иста шминка, немам ништо против ете, ќе зеваме и ќе даваме оценки за најдобро селфи ако не. Ете и на @mirandaa и е кажано, исто како и на @mssuniquee , а тоа дали и како ќе продолжат да постираат е веќе нивна работа.
Јас прва кажав за членката мисјуник ,затоа што стварно сите слики до сега и се исти .Секој би се сложил со тоа мислам. Но не значи дека и забрануваме да постира. Како си сака она Што се однесува до миранда таа не постира една иста шминка. Мене ми е секогаш прекрасна и кај неа имам видено све. И сенки и лајнер само, како и многу убави кармини во разни бои. Баш сакам да гледам нејзини слики тука како и на блогот. Посебна ми е секогаш и прекрасна
Бидејќи фотографијата ми е пасија, приметив дека шминката на повеќе ваши фотки не е баш видлива а од боите ниту Б. За да се види убаво шминката и нејзината боја/нијанса, треба адекватно светло. инаку на сите фотки ќе изгледате исто во очите нашминкани. Тешко е да се долови бојата на шминката во затворен простор, затоа најдобро ви е да се сликате надвор на дневна светлина или негде покрај добро осветлен прозор. И фокусот исто ви е битен фактор. Можеби затоа некоја фемка ви изгледа исто нашминкана, а не е !
Ако не, најпаметно е да се воведе правило на темава да се презентира шминката само одблиску, на пр.само очите да се сликани одблиску и со добро светло да се гледаат убаво боите и само устата да се гледа карминот.Ако сака некоја да се гледа да се гледа руменилото и бронзерот може да ја слика само едната страна одблиску. Како на пример @rainbowec или @mims-89 . Само предлог од моја страна, секако останува на другите членки да се сложат да стапи во сила идејава.Така Мис најдобро селфи ќе го оставеме за на Инстаграм, а туку ќе ја оценуваме шминката, може?
Па јас сметам дека е доволно фотка од едно око како е нашминкано и една од усните, нормално одблизу. И внимавајте на аголот под кој фотографирате. Немате потреба од куп слики и колажи.
Мене па искрено какви и да ставате слики и изгледи воопшто не ми пречат, баш напротив си се релаксирам и разгледувам. Мене стварно не ми е јасно зошто ви пречат селфи фотографии? А као демек ако те слика некој друг од блиску ќе се важи? Па ако некој решил да се открие на форум - бујрум, а кој сака нека сецка, пусти, прави... Плус не секој има прилика да се слика на супер светло и има добар фотоапарат па затоа не го тупете многу Едно време замре темата баравте слики, сега кога има па не чинеле: селфиња, исти изглед, бла бла бла.. Никој никого не оценува овде, нема награди, нема трофеи. Научете да се забавувате и релаксирате, некогаш да добиете идеја како треба, а некогаш и како не треба. Од тука не верувам дека некој е профи шминкер и не секој го бива ама па затоа форумов е достапен за сите и се додека се почитуваат правилата на темава нема потреба за ова да се оди со еден куп залудни коментари и офтопици.
Па исто ко на пример некој во темата модни критики да поставува едно па исто, ама со различни обетки на пример од минатата слика, а другото се исто.. Што знам тапа ми е, затоа изгледа се по ретко ја посетувам темава. Се е исто, нема што да се види.
и мене не ми пречи , напротив јас пред некој ден за прв пат ја видов темава и прв пат видов слика од девојкава што е нападнавте дека постојано е со истата шминка , баш ми е мило што истакнувате слики и од вечерни и од дневни шминки , продолжите да си ја истакнувате вашата убавина на форумов , ако некому им сметаат вашите слики слободно нека ја прескокнат темава
Досадна стана темава дефинитивно.Кога и да отворам истите луѓе со истата шминка и позадина,е карминот бил друга боја,големо чудо.И мене еднаш ми избришаа пост во темава кога коментирав за фамозните надусници дека се постира слика од нашминкана уста а има влакна на надусниците од километар што се гледаат и дека не иде,а некој што става иста слика со иста шминка е небитно...не разбирам стварно која е поентата на темава?
Ај ако на вас ви е досадно, да почнат девојкиве со неон бои да се шминкаат, само на вас да ви биде интересно? Дај вие нашминкајте се покреативно и инвентивно, за ние љубителите на дискретна и едноставна шминка научиме што е интересно? Или интересно е само да се мрчи и критикува?
Па еве на пример јас секогаш се шминкам исто,само ставам различна боја на кармин и не ги постирам сликите зашто е досадно секој втор ден да постирам исто нашминкани очи со различна боја на кармин.Отвори на пинтерест или било каде и види како една девојка различно се шминка и постира слики,е тоа е убаво за гледање,ова што се постира тука е досадно.
Јутјуберките обично имаат посетувано и курсеви за шминкање, постираат туторијали за шминка и заработуваат од тоа. Тоа е главната разлика помеѓу нив и девојките на форумов. Ова е тема за релаксација. Со вакви зајадливи коментари и тие што постираат, ќе престанат. Мислам многу неубаво, ако сметам дека нешто не е интересно, ќе се потрудам да биде поинтересно. Еве јас си користам сенки обично со земјени тонови, не користам темни нијанси кармини, туку понежни праскести, нјуд, розеви нијанси и ептен за посвечени пригоди црвен, пошто не сакам понападен стил. Значи тоа се стиловите, различни нијанси се користат, не истите. Патем, мене она што ми е досадно воопшто не го отварам, а не некој да се потруди да ја живне темата, и јас и по тоа да плукам. Не е ок.
Јас не зборував за сите,има девојки што постираат различен стил на шминка и затоа искрено ја отварам темава,зборам за две девојки што се веќе именувани и само ја трупаат темава со непотребни слики кои што се идентични.Истата шминка,само ставила венче пример и сменила нијанса на кармин...нема ни пудра,ни перли,ни контура,ни сенка,само една тенка црта со туш и различна нијанса на кармин.Значи пак ќе нагласам,не зборам за сите девојки туку за две од сите што постираат. А,инаку јас во глобала и не се шминкам туку само за некои прилики и користам нежни бои,освен кармин што знам да сменам.Ако почнам да редам слики со иста шминка а различен кармин незнам која ќе ми биде поентата,што би презентирала.Значи тој е стилот,нема ништо поразлично и затоа не ставам слики.
Дефинитивно нема да се шминкам поразлилно, или да престанам да постирам, бидејќи на тебе ти било досадно и уште на некој. Мене па ми се досадни коментарите од ваков тип, дури и смешни понекогаш,бидејќи ги има во секоја тема каде се постираат лични слики.По едно 100 коментари вон темата.Барем да беше вистина. Зборам за мене. Но како и да е сигурно нема да престанам да постирам ,поради вакви коментари. Секој си има право на мислење, и грешно да е,како во случајов, во ред. Ова според мене не е исто. Тоа е тој мој начин и вкус на шминкање. Вештачки трепки не ставам, не ставам премногу драматична шминка, но сакам да ставам различни нијанси на сенки, во нормална количина секако, туш, понекогаш молив за очи и кармини во разни бои, во зависност од шминката на очите. Слика со шминка е ,не се ставени нокти тука или комбинации. Еднаш е кажано, и ок е. Со сила те тера некој да гледаш слики што ти се досадни? ! Мислам дека не. Се е релативно. Нешто што тебе ти е досадно на друг не е и така натаму. Јас мислам дека треба да почнат оние што се бунат да постираат ,барем по една слика, па да не биде се едни исти личности, нели да се смени малку. Толку од мене веќе, кога ќе сакам да постирам пак, ќе постирам, бидејќи прекршок не сум направила. А да влегувам пак и пак во вакви дискусии немам намера ,ниту време искрено. Да примам совет во врска со шминката, бојата на шминката, техника некоја, да. Секогаш сум тука за примање совет. Не само на форумов ,било каде.Но коментари од типот сите слики се исти, а не се, позите биле вакви или такви, селфи, многу често ставаш слика и сл. не ме засегаат, и мислам дека и забележавте, бидејќи не престанав да ставам слика. Кога имам време и сум уклучена на форумот ,секако бирам што да прочитам и кого. Но сигурно нема да напаѓам константно одредени личности кои не ги читам и следам тука, бидејќи можеби не ми се допаѓа ,лично мене, нивниот стил на пишување, нивното мислење, однесување...Но секој си има свој начин, мислење и вкус и го прифаќам тоа. Ако ми се допаѓа ќе отворам и видам, ако не прескокнувам и тоа е тоа.
Прочитај наназад па ќе видиш дека и други го делат моето мислење.А ако ти немаш попаметна работа продолжи да постираш секој ден нова иста слика.А јас ќе продолжам да ја посетувам темава ама ќе ги прескокнувам твоите постови зашто се монотони и досадни за гледање.Колажов што си го направила еве го гледам и да,во право сум,нема пудра,блед тен,различна боја на кармин само,истата сенка,коса собрана или пуштена и тоа е тоа.Тоа е твојот стил,ок,почитувам,убав стил имаш,нежни тонови користиш исто како и јас ама немора да ја трупаш темата со идентични слики.Ако имаш нешто ново да постираш,бујрум ако не тогаш не постирај!
Селото гори а баба се чешлат.. Ај вие додека се разберете ја да залепам една секојдневна шминка...иста или не, јас сакам да споделам со вас Спојлер: :*
Да ви кажам право никогаш не може на сите да им биде погодено, секогаш на некој нешто ќе му фали како и да се реши работата. Во случајов ги разгледав сликите на @mssuniquee и да, сите се исти дури и моево лаичко и неискусно око за шминка може да го увиди тоа, а за исти слики нема што да се коментира. Така што ја замолувам членката само доколку има нешто различно да покаже тогаш нека стави слика. Инаку пријавете го мислењето и ќе биде избришано. @mirandaa не мораш во еден пост да ставаш толку слики како во овој погоре, стави по една слика каде убаво се гледа шминката за да можат членките да ја прокоментираат сликата, вака натрупано се дава сосема спротивен ефект. Целта на темава е размена на идеи за шминка преку прикажување на вашиот стил, а не само спамирање со слики. И сите вие кои се изјаснивте дека ви е досадна темава повелете ставете слика, така ќе биде доста поинтересна и самата тема, а ќе има и повеќе идеи за разгледување. Ве замолувам повеќе да не се полни темава со оф-топици, туку да си продолжи во релаксирана атмосфера.
Mene temava mnogu mi se dopadja, zal mi e sto duri sinojka ja zabelezav i samo prodolzete so kreativnosta . Jas znam dobro deka i pokraj toa sto e razlicna sminkata, na nekoi femki od xxx faktori na fotkite ne im e uocliva bojata na mejkapot, i navedov obicno od koi pricini e toa.