Еве вака некако се шминкам најчесто, со црно сиво и бело....ама ако ми треба некоја специфична боја како на пример плава на последните 2 слики ја ставам на ист начин, една линија темна сенка и после нагоре посветла Ситни очи имам плус ми се преклопуваат капаците на очите па за пола саат имам само една права линија од сенка
Doozy сама ги средувам,никогаш не сум била на козметичар.Формата си е таа,затоа се подебелки.Ги кубам само на почетокот малце одоздола за да се рамни,нели и од горе по крајот да не стрчат влакненца,да изгледа како права линија,на почетокот горе си ги скратувам со оние ножичките заоблени што уствари се за нокти (ама јас не ги користам за тоа ) А иначе ги дефинирам плус(кога ќе стигнам) со моливче кафеаво,од обичните што се и како креончиња,а на последниве слики се со сетот од Орифлејм за веѓи,има две сенки посветла и потемна и восок и убави четчиња со кои лесно се нанесуваат. Лин прекрасни очи и убава шминка
Tу мач бронзер. Ја поддржувам Мис. Дебели веѓи се уште во мода, тенките се одамна аут и не знам дали би се вратиле. Премногу гледам крим филмови. Сликано април 2010. Затоа е шминката толку бизарна. Ќе ставев и уште една, ама не сум јас на неа, па не би сакала да откријам некого на форумов. Првата слика е од лето 2010. Се шминкав во 6 сабајле, не ми се спиеше. Затоа и веѓите ми се бели.
Па ајде Сефорче,знам дека ти убаво се шминкаш,ставај и тука сликички,да знаеме како испаднало на крајот Многу ми се допаѓаат 1,3,4 Ани и јас така си се шминкам како на првата слика,а втората е многу интересна,на самовила ме потсеќа Како летна шминка ми е (не дека не можи и сега,зависи што носиш )
Бидејќи ме прашаа, бојата во мојот пост погоре е сина/тегет, не љиљакова. Севнтин е сенката, но не знам број бидејќи не се мои шминки и ги немам во моментов да кажам точно. И уште нешто еве, од мене. Лош апарат ама тоа е.
Супер тема Јас обожавам да шминкам, и себе и други, ми има фат рачево . Средно учев козметичко, но за факултет се преориентирав, па шминкањето ми остана како хоби . Во друга прилика ќе ставам слики
Мала сум, не се шминкам. Прееска ми беше досадно па се прошљапав. Спојлер На третата слика не знам зошто се така испаднати боите, чудни се, ама не се такви. Устата ми е во другата тема. Тоа белото во очите ми е од сијалицата. Не знам колку се гледа од сликите, ама слободно давајте предлози и критики за да знам како да се шминкам понатаму. И за веѓите давајте предлози, потенки, подебели, повисоко, пониско...