Лајкот е заради сликата, а не за тоа што си пишала после сликата. Имаш природна убавина, и имај поголема самодоверба...не мисли дека си одбивна, туку баш напротив дека блескаш со убавина и позитивна енергија. По очите се познава дека си насмеана, епа труди се секогаш таква да бидеш
А кај заврши курс?? Ако не њ проблем да ми кажеш? Леле баш сакам и јас некаде да одам и да се научам уште поубаво плз ако не ти е проблем кажи ми
Јас колку што знам и се разбирам,а се разбирам пример кога очите се по истакнати со шминка иде понежен кармин. А девојката е совршено нашминкана и со стил! понежна шминка јак кармин така треба!
Сликата моја иако има ефект несовршеностите не се чистени за жал немам таква апликација а фотошоп не користам. Кој што користи инстаграм знае дек и ефектот може да се намали, ако сакате би ја постирала и без ефект да видите дека нема разлика Вечерва или утре ке постирам и видео нешто слично на последните слики што ги имам постирано.
Темава е за коментирање на шминката на членките што поставиле слики, значи секој има право да си изнесе мислење, секако во склоп на правилата на форумот, без навредувања, а останува на сопственичката на фотографијата како ќе си го сфати коментарот. Нема потреба да се коментира за другите коментари и да се полни темата со непотребни оф топици и расправии. Ве замолувам да се држите до правилата, ќе следуваат санкции за понатамошни навреди, оф топици и првокации.
Еве едно ново видео, за жал не е со многу голем квалитет ама следните де надевам дека ќе бидст подобри. Шминкава е многу лесна и нослива, и скоро сите продукти се многу достапни за сите. Се надевам дека ви се допѓа.
Росе супер е видеото, мн ми се допаѓа кога ќе видам девојка што знае да се шминка и посебно кога ќе има погодена нијанса на пудра. Не знам зошто тоа секогаш прво го забележувам. Единствено нешто ако можам да ти сугерирам е во однос на веѓите, бидејќи имаш совршени веѓи и премногу впечатливи, затоа можеби и повеќе се приметува ако не се средени, внимавај на тоа. Другото е се совршено, особено браво за контурирањето.
@AGIrlNamedMarija фала многу, инаку да за веѓите ептем во право си, само што ги средувам на козметичар по една недела пак ми растат и изгледаат многу неуредно затоа што природно имам многу дебели веѓи.
Некоја членка погоре те спореди со Луисана. Јас искрено можам да ти кажам стварно си личите. А и шминкава ми се допаѓа, се подобруваш. Секоја чест.