Имаш големи трепки , ама не знам дали со четката кога нанесуваш накај крајот на окото завлечуваш па секогаш накај крајот ти бегаат.Многу девојки обично дека поголеми станувале трепките така завлечуваат на крајот.Др. пат пробај прво нагласи ги предните потоа оние крајните.Се надевам ме свати не бев доволна јасна може.Инаку си личиш со Луисана.Убава си
Преубава, имаш природна убавина и без шминка. Посакувам да си ми сестра да има кој да ме нашминка вака професионално кога и да посакам
Леле значи ептен ми е типка,да не ја урочам како стариве баби хахахаха се шалам. Кога ќе пораснам баш би сакала да бидам убава како неаа
Zanemev Stojne : lelel son si zimi se.... Son.. Definitivno edna od najubavite tuka sto sum gi videla na forumot. Nemam komentar ejj, lele ne mozam da ti se iznagledam kolku si ubava, najmila moja <3 <3 <3
Само убавини има во темава.Браво за сите.Иако морам да приметам нешто и се надевам нема да ми замерат ниту една од феминките ако случјано се пронајдат.Мислам дека на темава и фалат слики со идеи за шминка ...да навистина во темата пишува да се ставаат слики со начинот на кој ги користите ама мислам дека поинтересно е да се отвори темава и да добиеме инспирација отколку да видам нешто као профилна слика само со пудра и маскара. Најголеми пофалби кон @Rose96 бидејќи секогаш ми дава инспирација и идеа и фалат такви членови во оваа тема @koritsaki мислам дека ги имаш најсовршените кафени очи.Преубаво! @One.Moment многу ми се допаѓа,само мислам дека малку повеќе треба да ги нагласиш трепките или да ги извиткаш @mirandaa прв пат те коментирам.знаеш.Имаш преубаво чисто лице и крупни очи.Посебно ми се допаѓа бојата на карминот @Kukla994 девојко преубава ! ма какви веги какви глупости,совршено лице имаш
Убава замисла. Само хидрирај ја повеќе кожата околу очите, можеби пудрата не ти одговара, премногу е сува за твојата кожа. И зачадениот ефект и малку нанадвор засенчај го, вака ти ги прави округли и не се гледа ефектот, а сепак тажни очите, но супер е стартот. Малку завлечи на надворешноста на окото кон нагоре,суптилно, ќе имаш помоќен ефект, а ајлајнерот направи го во линија на долната линија на окото, кога ќе го отвориш не оди во негова линија туку надоле, а поубаво е обратно.
@kim.k прекрасна ти е шминката, особено тушот преубаво го имаш нанесено. Каков кармин имаш користено? Многу ми се допаѓа нијансата
@Lilit тоа беше само проба,сакав да видам дали ќе ми стои толку црно.Јас такви ептен црно сакам,но бидејќи имам мали очи тоа не стои. Што се однесува до хидратацијата,имам темни кругови околу очите и затоа така ви се чини дека нема хидратација. Пудрата ми се допаѓа само не е долготрајна,можеби и тоа е проблем. Не користам никакви препарати и немам намера,затоа што лицето ми е чисто,не ми е со бубулици и акни.Користам само крема за лице Нивеа. Сепак благодарам за мислењето.
@buba4e89 најдобро од тебе досега, боите на сенките се преубави и одлично си ги нанела. Браво! Каков коректор за подочњаци користиш? Ако е сув, замени го со течен и подрачјето околу очите нема да ти изгледа суво. Темните кругови може да ти се и од недоволна хидратација. Пробај со кесички зелен чај и нанесувај кокосово масло пред спиење, чисто како превентивно да не ти се појават прерани брчки и плус ќе ти се намалат круговите. Не е ништо штетно и функционира, барем кај мене.
Фала ти Иначе имам ставено од golden rose мат кармините бр. 29, и од she моливче за усни бр. 1, темно кафена нијанса е. Ама морам да кажам дека во живо некако потемна беше нијансата, овде не се доловува бојата убаво, посветло изгледа од што е.
Може да пробам, ќесичките чај треба да остојат или? И кокосовото масло каде да го најдам. Ти благодарам на мислењето. @lovemme ти благодарам и тебе.