Би бил идеален син ако не бев саркастичен Шала на страна, сарказмот ги мава многу ама има уште милион работи кои не им се допаѓаат. Крени ги бре пантолоните, газот ти се глеа! Каиш зашо имаш?
Порано многу слушав Еминем па ќе чуев од некаде : " ај па ти више со овој Еминем , напна дете " Некогаш знам да се влечам малку и ете ја мајка : " побрзаааааааааај !!!! " Татко ми се нервира кога го лажев за нешто на пример : Татко ми : Ти Крејзи , у колку саат дојде вчера ? Крејзи : Амм у 1 ипол Татко ми : Сигурно ? Дан беше 2 ипол ? Крејзи : Нее , 1 ипол беше сигурна сум Татко ми : Ај не лажи те слушнав па видов саат 2 ипол беше
Мојот стил на облекување, музиката која ја слушам, тоа што играм многу видео игри, тоа што излегувам секој ден ( и заради тоа мислат дека воопшто не учам за факс) , собата понекогаш ми е несредена, накратко, нема што не им смета
Мрзлива сум,инаетлива за се се инаетам,пуштам многу гласна музика (особено кога прам ремикси,нешто поправам па едно исто милион пати преслушуам на се погласно и погласно ) и типот на музика не им се свиѓа "ги чукало по глава" ,кога дремам до доцна на нет,не гасам светла по ходник,вц...А и кога нешто сакам да експериментирам то ес да направам нешто што ќе видам од нет и туку етеги викаат по мене "тиии да видиш лајна кај што ставаат на глава по нет и ти ке стаиш!" Ии најмн нешто што ги нервира е што не мавам рецка на сето тоа туку си се кезам смешно ми е и пак си терам по свое
зошто пушам цигари, скоро секогаш сум несериозен, мн пиам кафе, секогаш правам обратно, ретко ги слушам, мн пати се расправам, алиштата ми се расфрлени, секогаш сум дете, мојот избор на мн работи е различен од нивниот и зошто на свадби крштевки слави не носам кошула
Тоа што морам да си ја следам сопствената рутина т.е. тоа што не сум флексибилна. Да, баш ова им смета. Ме критикуваат дека треба да сум поопуштена и не толку строга кон себе.