Кога се будам наутро со никој не ми се збори, бар пола саат. И ако нешто ме прашаат одма на кавга ја терам. Ме научиа па си молчат, чекаат јас прва да речам нешто.
Исто и јас.Кај мене лоша навика која не им не им се допаѓа е мрзеливиста,несредената соба,исто и тоа што седам до доцна.
И мене и само викаат по мене кога ке треба да станувам на сабалје. А поготово додека одев овие две години на работа кавадарци станував во 3 по полнојк за на работа
Тоа што навика ми е да довлечкам дома напуштено мало маче кое ќе го најдам некаде и истото мора да биде чувано додека да му најдам вдомување.
Кога седам до доцна Кога се карам за глупости Кога не ги јадам ручоците на мајками Кога сум по цел ден пред компјутер или телефон Кога носам подотворени блузи Кога одам дома без прслук Кога легнувам со мокра коса Кога излегувам секој ден Кога не се јавувам кога ме бараат
Тоа што спијам до касно,што сум мрзлива ,што јадам по еднаш на ден и што седам по цел ден на компјутер.
*Седењето до касно *Блеењето во телефон *Моето пцуење и дерење кога гледам фудбал *Кога им возвраќам на зборовите што се случува стварно со причина И ред други работи
Кога "шмркам" со носот. БЕДНА навика но доколки не ја направам, се чуствувам како да имам нешто во носот. И татко ми ја има истата навика. ГЕНИ хахаха
Кога знам по цели денови и ноќи да останам во мојата работна соба/лична библиотека истражувајќи или пишувајќи. И поради тоа постојано ми велат да излезам надвор, да ме огрее сонце, да се социјализирам со остатокот од светот, да јадам нешто, да се поздравам со гостите, бла бла бла ... Ама затоа пак, кога ќе излезам надвор веднаш се упатувам кон лабораторијата која сама ја направив и уредив од една напуштена стара гаража - за која досега се надевам дека не дознале за неа
^ и кога се инаетам и спротивставувам, а тоа е всушност секој ден бидејќи нивните погледи кон светот се навистина погрешни.
Тоа што кога нешто ми зборуваат делувам сосема незаинтересирано и си мислат дека не ги слушам, а всушност слушам а не реагирам.