1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваша најголема модна утка

Дискусија во 'Мода и стил' започната од marama, 6 февруари 2012.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.138
    Допаѓања:
    88.591
    Пол:
    Женски
    Сигурно кога ги разгледувате фотографиите понекогаш помислувате - Како можев да го облечам ова? Кога можат да си дозволат познатите да направат модни утки со толку стилисти покрај нив, можеме и ние. Но, кога сте биле најразочарани од вашата комбинација?

    Како изгледало тоа, зошто не ви се допаѓа сега?
     
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    хахахаахах чекај која комбинација да ја издвојам :D

    Прво што ми паѓа на памет 1ва година вајда бев средно, свадба на прва братучетка, шетав низ град најдов тексас сукња и блуза и мајка ми НЕ, не личи на толку блиска свадба тексас :^) (сеуште ова неможам да си го објаснам и да и простам :D ). Па отидов со неа, во една продавница на денешно место на Пикокс и Теранова, една голема продавница беше отворена 1 година и ја затворија, купив блуза со карнери и парчиња излегуваа од неа, гол стомак :tmi: и сукња со многу парчиња со различна должина некое до колено, некое до глужд некое ни самото не знае до кај е.
    Абре ТЕТКА 50 годишна.
    Бљак.
    Никад ништо повеќе од тоа не облеков а убава пара лупнав.
    Затоа мразам кога некој ме убедува да облечам нешто, кога не се свиѓам, не го носам пак.
    Најголемите утки ми биле кога сум слушала друг.
    Можеби во други очи мои омилени комбинации биле утки, ама барем јас сум ги одбрала и јас сум си ги сакала :)

    Супер тема, какви комбинации ми текнуваат во глава, си се газам од смеење :rofl:
     
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.999
    Допаѓања:
    279.389
    Само што ја прочитав темава, спомените од една моја модна утка веднаш ми се навратија :$

    Не била само таа сигурно, туку оваа никако да ја преболам и до ден денес....
    How could I :x :headbang:

    Не знам дали се сеќавате на времето беа модерни војнички сукњичиња, е јас имав едно такво :!: плус со каиш.

    Е тоа војничко сукњиче си го комбинирав со едно плаво блузиче(за хоророт да биде уште поголем блузичете беше од тие набраните и папок гарант ми зиркаше :rock: )
    И оти нели сукњичето на зелено, блузичето на плаво си ги носев со жиж плави сандали :rofl:

    А зимото кога застуде, оти бев лудо вјубена у комбинацијата, си ја носев со црна хулахопка и црни лаковани чизми на плута(мислам дека во филмовине за возрасни се актуелни тие модели :rofl: )

    еххх младост лудост
     
    На WarriorAngel, LaraSolare, calliope и 2 други им се допаѓа ова.
  4. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски
    Лелеее одма ми текна на еден мој роденден, основно бев појма немам кое одд. и ги собрав другарките дома, па ај бидејки го славам роденденов да се подновам - и се зае*бав! Однесов кремаст сомотен материјал кај еден шнајдер, еден дедо стар и ми соши панталони ѕвонарки ама со некој машки крој, патентот 10цм и уште па ја кратко маиче сум ставила а тие со висок струк и доле топуци (ама не се приметуваат многу дека ептен беа ѕвонасти) ... леле кај ми биле очите тогаш ц ц ц
     
    На WarriorAngel и cveke123 им се допаѓа ова.
  5. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Срамно е да го кажам, ептен!
    Не дека била една, ама оваа вредела за сите :$
    Дете бев, мала 12-13 години, и незнам кој и што ме нaтера, се заљубив во едни кожни панталони, и морав да ги имам.
    Бев горда на тоа што поседував отврадни маслинесто-златни кожни панталони , кои не само што не ми стоеа, туку и ми се лепеа на задникот и на кожата и ми предизвикуваа црвенила |(
    И капак тоа, од местото каде ги купував, истата таа продавачка виде во мене можност за дополнителен ќар, и не пропушти да си продаде и таква слична блуза-кожна која е совршена комбинација :!:
    Не беа овие сега природа кожа, ама евтин скај кој е одвратен за носење па и гледање.
    Мајка ми до ден денес ми се смее, а јас само црвам образи.
    Слика не верувам дека има, набрзо штом се свестив престанав да ги носам и ги фрлив правац контењер.
    Да би имало,сигурно на сите ќе ви го продолжев животот.
    Довоно тоа што ќе ме прати таа слика до крајот на животот.
    Сум била како од Матрикс излезена сирота :|
    Имало и други, но оваа беше најболна,уште ме боли тоа што сега нескам ни да видам ни замислам кожни панталони па и блуза :!: со комбинација на златно :puke:
    Дворски шут не ми беше рамен ;(
    [​IMG]
     
    На WarriorAngel, LaraSolare, sanjalica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.138
    Допаѓања:
    88.591
    Пол:
    Женски
    Најголема модна утка ми е ѕвонарка фармерка напикана во тесни чизми до средина на лист ама огромен топук. И нели дека ѕвонарка, а тоа тесни чизмите изгледав катастрашно, плус на тоа една огромна монтка која сеуште ја чувам за на старост.
    А да и имав едни жолти панталони со секакви цветови на нив. Убави беа панталоните ама не и кога ги комбинирав со жолта блуза на која имаше црни линии.
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Аууу а мора баш онаа најголемата, зошто со мојов инат никогаш не давав мајка ми да ми диктира што ќе носам или купам, сама си бев стилист од увек, така да повеќето слики од основно треба да се спалат.
    Али врв на сите утки ми беше една комбинација во зимото прва година средно. За полуматура носев тиркизна сукња (со подолги и пократки шпицови) и маичка со пеперутка и гол грб, која и сега би ја носела да не ми го отцртува стомакот.
    Е сега овие две летни поелегантни парчиња јас ги носев среде зимо во школо, со дебели термо хулахопки, и црна ролка, која за трагедијава да биде поголема беше со кафени линии со светки. Дали тој ден огледалото било скршено или прљаво, дали хормоните ме акнале во глава, дали очите ми биле инфицирани-незнам, ама знам дека ова никогаш нема да си го простам.
    Ги заборавив чизмите на топук, со лепенки, кои поише личат на копита него чизми.
    И најтажно е што и фризурата ми била во кастрофално стање, натапирана цела коса, со некои ужасни шишки.
    Другарка ми има фотка од моментов, а јас на сликата позирам мислиш носам некоја врвна креација и имам бомбастично добар стајлинг.

    Ахх Најубава опрај се, се газев од смеење додека пишував, си ја враќам сликата пред очи и неможам, ама стварно неможам да сфатам со кој памет сум излегла така од дома, па дури во школо.
    Стварно само ми тежел паметов, дефинитивно не сум го употребувала ич.
     
    На WarriorAngel, LaraSolare, ana.ubavkata и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Почетокот на прва година средно, месец септември, времето топличко уште.
    Црни чизми со портокалова линија до пола лист со црни хулахопки. Чизмиве напред широки абе квадрат-мода!
    Црна сукња широчка така, минич! Не до пич, ама кратко си беше, и за излегување го имам носено.
    Е сега горе.... да се сетам што имав облечено. Знам дека имав неколку слоја и сето тоа беа некој си маички со прерамки со голи грбови и чуда. Едната бледо розе, другата светло зелена со некој џиш розев принт и плус сребрени светки.

    What the fu*k?! :tmi:

    И ова, за Нова Година во осмо.
    Ги носев чизмите од претходната „комбинација“ :D Со маслинесто зелени хулахопки. Иста боја сомотна сукња (и ден денес си ја носам), горе крем блузичка со ѕвонасти ракави. И сето ова немаше да изгледа така страшно да не носев една јакна од Фила, крем боја (битно во тон сум била :D ), ама сто броја поголема, абе како боксер бев. И тоа некоја глупава должина до под газ, а сукњава до колена, а јас кепек :tmi: Јакнава денес ја облекувам во екстремни случаи, кога треба да се прошверцам до кај комшивката (стварно топли чудово). Инаку мајка ми ја носи и точна и‘ е, а си е мајка ми така со предници и задници, па замислете како на мене висеше пред 6 години.
     
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Темава се однесува на комбинации од минатото или воопшто на утка?
    Не ми оди да кажам дека е утка комбинација од пред 5 години која тогаш била модерна и ок, само зашто денес не се носи повеќе истото.
     
  10. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    bas e jaka temava uste koga ke mi tekne se smeam kako nenormalna i MNOGU ama MNOGU mi e sram da kazam kako sum bila oblecena znaciiii uzas uzass,katastrofa svetska bev 2-3 odd i imavme nekoja proslava vo skolo i jas imav obleceno crveno tesni pantaloni nesto kako trenerki bea ,nesto crvena majca na linii vo poveke boi i ja imav piknato vo pantalonite (kako nekoj seljak) sea doaga naj jakoto,togas bea vo moda onie sandali so polna peta eve vakvi ama bea nesto kozna imitacija vo site boi :$ :$ :$ :$

    http://www.gentilezza68.com/ebay/scarpe ... andali.jpg

    imav obueno takvi i beli corapi :$ :$ :$ :$ znaci ko ke ja vidam slikava propagammm vo zemja i ne davam nikoj da mi gi gleda slikite samo zaradi taa ama nejkam da ja frlam oti premnogu mi e smesnaaa,nemozam da se iznacudam kako sum se oblekla taka duri i na proslava ccc :$
     
  11. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    :tmi: :doh: :x

    Многу ги имало, кога ќе помислам на тоа дури се нервирам сега. Еве некои чудни фаци правам...
    Како сум можела не ми е јасно во тоа да се облечам :x
    Еве една.. Прва година во средно, прв ден, на 1-ви септември јас во школо буквално отидов како кловн.
    Фармерки, розеви патики, плава блуза, црни обетки и косата во една скапана пунџа!!!!! Како од спиење да сум станала и само сум ја фатила косата, а воопшто не беше така. 2 саати се спремав, плус тој ден сум го мислела цело лето, пошто нели прваче во средно, плус прв ден, а уствари на крај отидов како Дворски Шут што би рекла Хипстер :D
    Еве една друга.. На свадба кај вујко ми... Ужасно скроена розева суќна и розева блуза која повеќе ги истакнува моите недостатоци него ли што ги сокрива. Божем не ми била доволна сета таа розева боја на мене, па сум облекла и розеви сандали (ако воопшто можат да се наречат сандали |( ). Ги купив за 200 ден во еден локален бутик кај мене :worried: Ах Господе..
    И сета оваа комбинација беше зачинета со премногу лоша фризура!!! Се нервирам сега, да.

    Се случувало исто многу пати да направам некој кикс со облеката, и целата комбинација што ќе биде на мене, ама сум се вадела демек bad day, нешто :D

    [​IMG]
    -Oва сум јас порано. некој ако ме препознал нека ми каже.
     
  12. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Најголема утка.
    Офф то беше на матурата на прва брачеда поглупо не сум можела да се облечам.
    Носев блуза зелено со жолто, зелено и бело, иста таква сукња со еден дел пократок еден подолг.
    Врв на се беше шо носев зелени хулахопки и зелени патики и то високи и одозгора фармерско.
    На главата носев исто такво венче како блузата и сукњата.
    Се срамам од ова комбинација, и ден денес ко ќе ја гледаме матурата бегам во друга соба, резил сум :rofl: :tmi:
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.138
    Допаѓања:
    88.591
    Пол:
    Женски

    Фемина мислам дека јасна е темата. Најголема утка е најголема утка од било кој временски период. Без разлика на модата сме направиле и правиме утки. Ете може некој мисли и дека топукот му бил најголем промашај во животот и никогаш пак не би облекол, иако еве сега пак се модерни. Ѕвонарките пак се носат, но има луѓе што мислеле дека носењето на нив им било најголема утка па никогаш пак не би облекле. Можеби мешањето на премногу бои, стилови итн во една комбинација се утка. Јасна е темата :)
     
  14. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Кога ке се сетам не знам каде да сокријам од срам :tmi: Порано како помала имав ептен чуден вкус за овлекување..
    се сеќавам на мојот роденден во 6-то.. не можев по катастрофално да се облечам.
    Носев жолта блуза со некакви зелени, портокалови апликации.. и тоа нејзиниот крој беше со голи рамена, онака растегната. Долу носев преужасна тексас сукна со некои фалти во разни бои и како згора на се тоа синџирче кое висеше од неа. :x А најтрагичното беше што носев мрежести СИНИ хулахопки и зелени старки до под колена.. еј :fubar: каде сум одела вака како кловн облечена.

    Потоа во 1-ва година, на матура кај првата брачеда бев облечена како да доаѓа крај на светот па ајде колку да се помине некако.. една обична бела блуза со некои лилави букви, сини фармерки и патики со лепенки кои ЕПТЕН ги мразев :puke:
    каде сум одела со цел ум.. :^)
     
    На LaraSolare му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    3.216
    Пол:
    Женски
    Бев на екскурзија со сомотни црвени дреч панталони, со тегетна блуза и слика од Еминем на неа.. На нозе имав обуено кафени кондурчиња со врвки..

    И како се ова да беше малку, сум зела и ташна зелано-тегетна, којзнае каква боја беше.. :$ :$

    Што да праеш, ја уствари и утка си бев..хиих се зезам, ама секогаш имав некои фрик комбинации :lol: :lol: :rofl:
     
    На Greenny му/ѝ се допаѓа ова.
  16. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Не ми отварајте вакви стари рани. Have mercy! :D

    Да почнам од трето одделение. Ги знаете нели, оние групни фотографии од цело одделение при крајот на секоја година.
    Јас, тофтаче, имав качено 3-4 килца и ко демек еднобојно поубаво ке ми личело си мислев.
    Иде големиот ден, се појавувам од глава до пети во црвено: црвена хулахопка, црвени плиш бермуди и црвена маица од оние најобични, машки крој што би се рекло, знам со верверици некакви беше, на нозе едни црно-бели сандалки со шара ко да сум заклала далматинец и сум го ставила на нозе. Згора на се, светло сина ташничка од оние малите на лепенки што беа и знам дека беше со Powerpuff girls. За да биде мизеријата појака, другарка ми се појавува сета во жолто и јасно, се сликаме една до друга. Телетабис мафија. Сигурно ќе се(не) познае ако е на форумов. А ако ја најдам сликата, обавезно ја скенирам и закачувам овде. :D

    Втора појака утка: Полуматура. Абе ме скапаа сите за фустанче - НЕ! Шо ги е*ам, јас посебњакот ќе си носам пантолони. Врти, превртувај низ цел град и на крај се начукав во гз место што смрдеше на покварено јајце и си ги најдов перфектните пантолони. Тоа беа кремасти ѕвонарки кои ми се влечеа пошто биле наменети за теткици и се растегаа до над пупак ама битно имаше две каивчиња од по 5 милиметри за да се стегнат. Беа од оној леплив, тенок материјал што знае неретко да се наелектризира а јас под нив си решив да носам тегет хулахопка, а бидејќи нели, на тегет чорапа се` иде, за горе си купив темно зелена кошула. Кошулата беше ко чипкана рамбовка со оние врзуваљки ко за корсет ама однапред и додадени ракави од тул кои патем беа ѕвонасти, нели, да одговараат на панталоната. На нозете носев црни мокасинки, бидејќи беа единствените на кои најдов нешто зелено да „одговара“ на кошулата (пазев на бои бе!), а тоа нешто требаше да бидат ко демек листови а личеа на свенати м**иња (мада ко дете тоа не го приметував). Имав и специјалка шишка која несакав да ја носам, па позајмив гел од машките да за ја залижам нагоре ко демек да се соедини со остатокот, за да по некое време личам на сељак на годината со 3 мрсни праменчиња сред чело. Да, и од ова имам слика, ама пресрамно е.

    Третата која мислам дека ја имам спомнато овде, беше некаде 6-7одд со моите непрежалени дреч зелени накај жолто, екстра ла кукарача ѕвонарки, 2-3 броја поголеми, во комбинација со дреч циклама маичка со отепани натписи. Таа комбинација морав барем еднаш неделно да ја носам некои 2-3 месеци, пошто едноставно зрачев од сексапил во неа.

    Последната беше во прва средно на распустот. Виде жабата се носат тексас шорцеви и си седнав, си исеков јака фармерка, нит седнав да зашијам рабови, ни ништо. Бидејќи беше поладно, под „шорцевите“ облеков црна хулахопка а горе некаква еднобојна маица и црно сако! Излезе јакава п**ка по град, заврте 2-3 круга, почнаа да и` се разресуваат „шорцевите“ и мораше да си оди дома да ги фрли. |(

    Фала Богу после се оправив на големо, ама мизериите си останаа овековечени.
     
    На 223306, kate21, WarriorAngel и 15 други им се допаѓа ова.
  17. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.706
    Хм....имало повеќе но една што ми текна во моментов ќе ви доловам.
    Прва година средно,роденденот мој.Носев маица на прерамки I <3 Teranova,црна,кратки светли тексасни пантолончина.Хулахопки црни со ромбоид,и чизми.Згора на се сив каиш на маичката.И што е најтрагично косата ми беше собрана во некаква посвечена варијанта.....ауу да си пукниш више....кај ми бил паметот :worried:
     
  18. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Јас пак не можам да се сетам на некоја голема утка. Не знам, можеби бидејки сум помлада, па...
    Сеедно, ќе ја наведам онаа најголема на која можам да се сетам сега:
    Славев шести роденден. Имав едно комплетче, зелено, сукњичка со елече, ама ни долго, ни кратко. За со голо меше. Ама многу го сакав. А мајка ми пак се запна да не ми студи со голо меше.. 22 јуни, жено божја кај ќе ми студело??? :fubar:
    Нејсе, го облеков комплетчето и сега среќна излегувам да ме видат. Ама мама е жива јанѕа за тоа дека ми студело и ме врати, ми стави под елечето бела атлет маица и бели дебели хулахопки.
    Е сега, истата таа комбинација овде е во подобро издание. Барем под елечето има кошула... :?:
    [​IMG]
    Сум имала повеќе утки додека бев помала и мајка ми имаше влијание во облекувањето.
    На некои подоцнежни, кои сама ги правев не се сеќавам.
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    О, па имаше бруки, повеќе бруки додека се што ме збираше беа војничките панталони. Од кај да почнам... Донт џаџ, плис. :rofl:

    Прво што ми текнува е дека со тие војнички панталони бев на една свадба. 12-3 години, сега на 12-3 години носат штикли. Ама луѓе, да се разбереме - чисто војнички, со џепчиња и бои и се, туто комплето. Леле, и носев црвена блуза со цветче, и црвена марама на вратот во типот на Че Гевара, па и гордо стојам до невестата. Оптичка измама, блузата како да сум од Пис Корпс, панталоните како да сум некој терорист. :rofl: Бруко моја, и мустаќи имам уште. Мајка ми е крива, јас никогаш не би си дозволила детето да ми шета со мустаќи. Тоа е козметичка утка, ама ајде.

    Потоа се сеќавам дека дојде мода да се носат фармерките пикнати во чизми. Ами јас бутче, копанче, чизмите без фармерка не ми се закопчуваат, а тек па со неа. Инатов, сепак, ми запна, ќе пикнам ѕвонарка во тесни чизми. Леле, грев луѓе, грев жив. И дека не ги собираше целите, нели, цела ногавица немаше шанси, одозгора си ја подизвадував фармерката и добивав дабл-трабл ѕвонарка, над чизмата. :tmi:

    Истите тие ѕвонарести фармерки, со каивче со реси. Мислев дека сум толку КУЛ, па и со едно кошулче ги носев и тоа имаше ѕвонарести ракави.... Никогаш веќе нема ѕвонарки да носам, ако дојде до толку зорт, ќе ги купувам и ќе ги носам на шијач да ми ги стеснат. :envy:

    За на сестра ми крштенката - тенков не го збираше во ништо, и ми сошија едно ДЕБИЛСКО костимче. Дете од 10 години бе, во небесно ебано сино костимче, со потполнки, а мене грбот олкав, олкав и уште потпонки бе, да ми ги нагласат рамениците. ;( Мама сакаа да ја урамат сликата, им реков дека ако испадне во јавност ќе се откажам од нив преку весник и ќе ги тужам за нарушување на ебаната приватност и правото на збор!!!!!! КАКО СМЕЕЛЕ, каде бил мојот глас, срам да им е! :@

    Всушност, кога ќе го вратам филмот назад, модни утки немам последните 2-3 години, се пред тоа е КУКУ МАЈКО! :fubar:

    Како разгневена се почувствував после постов, одма и се јавив на мајка ми. :emo:
     
    На LittlePinky, kate21, WarriorAngel и 19 други им се допаѓа ова.
  20. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    Bitches, please! Вие пак сте биле модерни, јас имав 4-5 парчиња облека кои многу ги сакав и сие заедно си ги комбинирав. Земајте во предвид дека овде имам 4 години и сама си ја направив комбинацијата, без помош од мајка ми, а можеби требало да ми помогне? Мало објаснување, се работи за бела кошула на долги ракави под жолто елече, комбинирано со зелено-црвено-жолто-лилакови шорцеви со сите можни овошја и зеленчуци, кои треба да бидат залепени но поради мојата минимална килажа, широки се, бела хулахопка и сунгерасти сандалки во секоја можна боја од новата колекција на Кристијан Лубутин. Шок сликата е во споилер, за доброто на сите.. :tmi:
     
    На BlueHeart, WarriorAngel, Akana и 4 други им се допаѓа ова.