1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ваша најголема модна утка

Дискусија во 'Мода и стил' започната од marama, 6 февруари 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    ^ЛЕЛЕЕЕЕЕЕЕЕ имам иста ваква блуза, блузон со овие овошкиве. ИСТА.
    Уште ја чувам, бришеме по дома, дебела е, таман за домашни работи :rofl:
    А зошто мајка ми не ми купила бермутки?
    Лута сум и!

    Да ти цитирам едно мислење
    Тема- Хулахопки и сандали. Да или не?
    Така сеедно што ти така мислиш беливе хулахопки топ ти се на шарениве сандали :D
    Имам јас а верувам и сите феминки слични вакви детски комбинации :)
    Јас не се навраќам толку наназад, долг ќе е списокот на утки :lol:
     
    На Hipica и creshicka им се допаѓа ова.
  2. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    :D :D Па затоа е темата најголема модна утка. Нешто што едно време ни се гледало сосема модерно и убаво ама сега не толку... :$ :D Јас имам бермуди а ти не, тра ла ла ла ла, ми љубомориш знам :rofl: :rofl:
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    е знаци се изнасмеав да сте зиви и здрави :rofl: :rofl: :rofl:
     
  4. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Ај да почнам...

    Јас од увек тип што мисли, на патики се иде! (во мој случај иде дефинитивно, ама комбинацијава подолу наведена xD)
    Се сликавме нашколо, мислам прво одд ќе да бев и јас си облеков, тегет сукња од некој зимски матреријал (крај на мај и тоа) фала Богу добро ми стоеше, горе маиче на рамчиња бело со небесно сини шари шо бити леопард. На нозе имав сребрени патики кои се навираја така и многу си ги сакав (од Америка ми ги донесоја) а успат на патиките имаше и розево... Комбинацијата беше завршена со висок реп од мојата долга коса пропратен со венче со сино цветче и средина жолто

    Ова на роденден кај мојата „симпатија“ од клас, не се секавам колкава бев...
    Фебруар месец (камо мајка ми да беше дома и да ми кажеше што да облечам)
    Јас пуна весеље и сега бирам... И на крај бетер од дворски шут излегов.
    Кремасти тричетврти со џебој од сите страни, мрежести бели хулахопки позади со црта, кремаста плетена блуза со темнозелени црти (на братучедами), и небесно сини чизми топуци (од тие со цветови што беше целата плута ако ви текнува) Врвот на се беше портокаловата монтка шо бити ѓубретар и розовите слушалки за топлење на уши.

    Оваа комбинација знам ќе умрите од смеење...
    Бадник. Бетер од дворски шут
    бтњ се би дала денес да ми е точна јакнава...мн си ја сакам ;(
     

    Прикачени фајлови:

    • scan0001.jpg
      scan0001.jpg
      Големина на фајлот:
      78,2 KB
      Прегледи:
      446
    На Марија ех, sanjalica, ana.ubavkata и 3 други им се допаѓа ова.
  5. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Бели хулахопки, бели сандалчиња, тексас сукња и комбинацијата немаше да биде утка ако мајка ми не ме тераше да си ја ставам портокаловата маица во сукња. А ја дебело дете, замислете.
    Значи кога ќе ја видам сликава кај другарка у новчаник, зашто ја чува за успомен имам преплет црева. Уф колку ме нервираше мајка ми што ме тераше да си ја ставам маицата у панталони, сукња и + ми ги дигаше панталоните до под цицки.
     
  6. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Абе тоа не била утка, туку редица од утки :rofl:

    Претежно во детството кога облекував што најмногу ми се допаѓа (без разлика дали одговарало едно со друго или не), скоро секоја комбинација ми била утка, а да не ги спомнувам фризурките :tmi: :rofl:

    Пребарав низ сликите и овие први ги фатив, па повелете на сеир:

     

    Прикачени фајлови:

    • Failed.png
      Failed.png
      Големина на фајлот:
      439,2 KB
      Прегледи:
      391
    На TS-310 и La.Reina.Del.Sur им се допаѓа ова.
  7. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Блуска со потенки риги,нараквици без прсти до лактовите со поголеми пруги и шал со големи пруги и мислам дека носев и пругасто капче. :!:
    Ауууу,пешачки. :rofl:
    Кога ќе ми текне како со гордост сум шетал. Демек фенси сум бил. :rofl:
     
    На Alegriaa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    читам и повеќето мислења се ја у 2ро-3то одд..Немојте никоја од вас да ме сфати погрешно но..јас не сум била по модата уште у тоа време и не ми е криво ...убаво е да видиш мало дете облечено од окаиди али шта чеш.Јас сум си фурала што стигнам важно да ми е комотно и гитла на улица да играм жмурка или брканица...и онака коа ке сум дошла дома бетер од прасе сум била извалкана.Како и да е


    мојата НАЈГОЛЕМА модна утка...ех да е една арно де
    но само една никад нема да ја заборавам.Фино лепо лично девојче на свадба :emo: .У тоа време килажата чувај боже ми беше а така си имав едно убаво летно фустанче ама најштносно беше што од страна кај што е колкот имаше 2 дупки..знаете модерно бре.И така тоа салото препукува од тоа...нозете дебељаци голи а каишот на фустанчето мислиш пишти плаче од што е стегнат.На нозете едни кинески балетанчиња со некое цветче си...страшно...али ај..барем ако ништо друго слатко си се смеам коа ќе ми текне :rock: :rock: :rock:
     
  9. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Леле :tmi: Ги има многу кога подобро ќе размислам :D

    Првата на која се сеќавам е за полуматура. Уф...Никогаш не сакав фустанчиња и сукњи (до ден денес многу ретко носам), и за таа свечена пригода си најдов еден „комплетиќ“, што би рекол зет ми. Имено....истиов се состоеше од хеланки-долу-ѕвонарки, арно ама :!: ѕвонестиот дел беше ко хеклан чаршаф. И такво исто (цело хеклано де) блузиче. Кремасти беа и хеланките/панталоните/што и да беа. Куку мајко. :tmi: Се сеќавам дека мајка ми не беше баш најзадоволна од мојот избор, ама од секогаш сум била многу своеглава и тврдоглава :tmi:

    Другата беше кога имав 19-20 години, на свадба кај другарка ми. Ете за свечена прилика, една од ретките за која облеков фустанче. Ама какво :o Беше некаде до под колена, убаво струкирано, не ме оцртуваше, башка немаше од што да се срамам, слаба бев. Ама тоа се убавите страни. Фустанчево беше на врзување горе позади вратот. Надвор беше -100 степени, пингвини припаѓаа во несвест од ладно. И имаше некој принт ко змија некоја, така зеленкаст :tmi: И трагедијата да биде уште поголема-тогаш бев плавуша :!: т.е. wanna-be плавуша. Нели ден пред свадба обично се фарбаме да бидеме тазе со топ боја на коса....и се' ќе беше супер ако не ја утнев бојата на фарбата и не испадна како боја на жолчка :o Како Џивџи бев, оригинал. Целиот стајлинг ми беше леле мори мајко. Долго време и' забранував на другарка ми да ја покажува сликата со мене на гостите дома. До ден денес не можам да си ја простам комбинацијава. :shake:

    To be continued, најверојатно...
     
  10. Saani

    Saani Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    37
    Гледам слика како помала на 7-8 години сум била на свадба во фармерки,блуза и чизми(едни никакви) а фармерките надвор од чизми .. Хахахах :puke:
     
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Широки раперски тексас фармерки бутнати во чизма и тоа не кожна, туку од оној еден материјал незнам како се вика, па одозгора и како вештачко крзно од страна на чизмите. :x А што е најлошо комбинацијава ја носев зимово, додуше од што ми беше ладно а и немав други чизми не ми беше гајле што носев, само да ми биде топло. :D

    Друго.. хмм, па на почетокот на школскава година, во септември мислам исто ги носев овие фармерки со масивен каиш од Ејсид Веар на нив, и маичка по кратки ракави бутната во фармерките, одозгора дукс со леопард принт и на сето тоа долго црно ланче и на него тегет машна! :rofl: Ова дека гледам јас као висока мода да се бутаат маици и кошули во фармерки, ама треба тоа со усул, не види маица -и одма тутни ја во фармерки! :D

    На други поголеми утки во последно време не ми текнува, сигурно дека некогаш патиките не ми одговарале баш со комбинацијата, или некоја кошула со тие фармерки ама сепак не било до толку па да можам да го наречам тоа модна утка. :) А за 'комбинациите' што сум ги носела како мала не ни коментирам, што знам тогаш таква била модата де.. :lol: а и мама ме облекувала, така да ако имам некоја модна утка она е крива! :D
     
  12. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Значи прв ден на школо / /прво оддление,
    јас многу си сакав сомотски пантолони во тој период.
    Тато ми ги носел од Америка, а јас многу си се гордеев со нив, секаде
    со нив, смешки беа! И за прво одделение, си бев
    во ШАРЕНИ сомотски пантолони виолетови, портокалови, зелени, розеви...
    со блуза по кратки ракава во зелена боја, ама на партал личеше!
    И после некои патики што си ги носев за играње во маало!
    Најголем инат си бев, мака ми спремила некое фустанче, ама нешто
    сум плачела и проблеми сум правела, па на крај испаднав многу лошо!
    татко дојде со мене на прв ден, ама он во оделе, а јас... сега гледам слики, си се смеам :lol: :rofl:
     
  13. DarkRose

    DarkRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    Аа ја многу си внимавав на модата кога бев мала :D Како си ги комбинирав боите кога ќе ми текне .. уф уф :rofl:

    Врв ми беше црвена блуза со широки ракави, розова сукња, црвени хулахопки и розови патики :rofl: :rofl:
    леле леле :D Кај сум гледала не ми е јасно :rofl: Аа да, имаше и црвени линии на сукњата, да не заборавам :D
     
  14. bella.honey

    bella.honey Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    295
    Хахахаха има многу :D Но се сеќавам посебно на оваа:
    црвена кошула, црвени белегзии, црвена ташна, црвени панталони па и црвени летни чизми!
    Абе Црвенкапа вода ќе ми носеше. За нигде! Ич не убаво ми стоеше! Ах глупа јас :rofl:
     
  15. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Ај пак да се посмејме :D
    кој ум сум го имала, ама стварно немам врска...Т.е. дали воопшто сум имала ум :^) :?:
     

    Прикачени фајлови:

    • scan0004.jpg
      scan0004.jpg
      Големина на фајлот:
      81,7 KB
      Прегледи:
      442
    • scan0008.jpg
      scan0008.jpg
      Големина на фајлот:
      46,3 KB
      Прегледи:
      442
    На WarriorAngel, LaraSolare, sweet-star и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    На сопствениот 11ти роденден се појавив во розеви неон тренерки со зелени траки исто така неон.
    Носев јас такви бои before it was cool!

    Истите тие тренерки ги комбинирав со црвена дуксерка и лилави шнолички на глава.

    Па да не зборувам на модата со траперките и маичките до под цицки.
    Или со лакованите комплетчиња-сукња и мантилче.

    Не сакам едноставно да се сетам на тоа време кога бев фешниста, иако мајка ми редновно ме критикуваше.
     
  17. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    121
    Хахахах се изнасмејав но не дека самата сум подобра се сеќавам бев 7-8 години и мајками ме однесе да ми купи некое фустанче за роденден и отидовме во бутик кога видов едно крем до колена горе тесно доле широко ко америка и барсаци и должина до под коена абе гадно па и ролка што имав облечено со розев натпис плај бој на ракавот СРАМОТА!
     
  18. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Леле кога ќе ми текне :x
    Некаде на 11-12 години, секогаш бевме поканети на роденден ние 'популарните' и секогаш си носев едни кафени чизми под колена, зимни дебели хулахопки - црни со виолетови анимации од страните, кафеава туника ама онака прилепена во V па ако беше многу ладно ќе си облечев и црна ролка . :emo:
     
  19. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Леле, не сакате да ме видите :tmi:
    Последна година од градинка,на претстава. Се во ред но само во хоризонтала до колена.Надоле не сум за гледање. :D Косата ми е до рамо и имам шишки (кои да не заборавам да напоменам дека се свиткани на краевите) и една виолетова трака со бели цветови. Потоа бела маичка по кратки ракави,а над неа сошиена виолетова блузичка по прерамки со два бели цвета на страните. Долу иста таква виолетова боја во комплетот сукња, а на нозете... :lol: Бела тенка чорапа до колена со розова чипка на краевите и логото на Барби, и на нозе црвени лаковани сандали кои изгледаат ужасно. Кај ми ги нашла мајка ми јас не знам. Пред некое време гледавме слики и и реков дека и замерам за оваа модна утка, а таа вели-еее колку беше тоа тогаш модерно,како кукла си на сликата. :D
     
  20. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Eдни тричетврти пантолони со црно-бели коцкички, една блуза со сиво болеро, и бели риги, премногу кич, и едни бели сандали. :D :D
    И дури се тоа сум го носела на свадба, ама толку гордо и самоуверено! Дури сега ја сфаќам сестра ми кога ми велеше како жена си, на што личиш. Со кој памет бе, со кој? Ама тоа е, тогаш бев 2-3 години помала и јас ништо не знаев, кој стил, какви бакрачи :$ .