На еден мој роденден се појавив во сомот кремасти пантолони со розева дуксерка и патики топуци розеви подкачени со плута. Кога ќе ги видам сликине не знам дали да плачам или да се смеам. Исто на друг роденден, фармерки траперести истите топуци, бела блуза и одозгора моден додаток розев ЕЛЕК, а зошто ми бил не знам.
Баш пред некој ден ги гледав сликите и останав Значи, зелена блуза со девојка на неа, тексас суќња, залени чорапи, нагоре до глужд, и розеви сандали. Абе ајдеее А на повеќето слики сум во мода, едно ГОлемо ФАЛА мамо
Беше во средношколските денови. Немав чевли па решив да си купам по секоја цена... Немаше многу избор па сум земала едни кои прилегаат на 40 годишна теткица.. Ко ќе се сетам кај ми бил паметот и како сум ги носела (не бев толку малечка)...
Второ одделение за групната слика со класот носев црвено плишано костумче со скајни јаки на елечето, бели хулахопки и црни цевли на ниско топуче, напред кај прстите лаковани и имаа златно синџирче. Презаљубена бев во костумчето. Основно бев, шесто или седмо одделение небитно, во месец мај носев сомотни кремасти ѕвонарки со светло лилава блуза нешто како сатен материјалот и црни чевли како на некоја лоша управничка на затвор од шпанска серија. Бруки невидени, а предотерана се мислев. (Добро е што немам доказ за "убиствената" комбинација). Средно, прва година...маслинесто зелени (одвратни) фармерки и светло плава блуза надолу што беше со ластик, а нагоре ширеше. Кај ми бил паметот мајкоооо....
Во сабота ајде ќе излегувам денски на кафица и мислам дека полошо не можев да се облечам. Едно сукниче бело цветно со ластик, кошула и капак на се, сандали со монисти, хахаха имам дури и слика сега ми текна, да ви демонстрирам посликовито...(се извинувам од напред за направената штета на вашите очи, разум а воедно и стил со сликава)
Во трето-четврто одделение некаде, на групна слика. Бела маичка на кратки ракави со натпис Barbie, маслинести три-четврти панталони, под нив розови тенки хулахопки и црни патики. За мизеријата да биде најголема, на главата еден реп ваков: И со него фатени три влакна од шишката, фонтана фризура. За позата на сликата да не коментирам.
Тотална некултура покажуваш тука ! Не е важно да покажеш што не било убаво ....Според мене имаш прикачено туѓа слика или пак сакаш да те пофалат колку си ти згодна ... Сепак пофалби за комбинацијата од машка страна
Исто така и јас и целото друштво така си се носевме по оваа мода, со мотото "црна ролка на све иде" дури и кошули над ролката, сега се смееме на модава, бруки
Уф кога се сетам си пеам ДОЏЕ МИ ДА ВРИСНЕМ На една свадба бев во фармерки плав блузон и розови чизми оние тупуците и еден пат кога мислев нема да ме пуштат да излезам а ме пуштиа и немав време си појдов во сатенски црни панталони розова блуза црн дуксер и црни патики хахаха сатенски панталони и патика ццц
Во прво одделение за групната слика на крајот на годината сама се облекував, шо разбира мама. Циклама маица на голи раменици а од градите до вратот еден дел на врзување бел, а под него сиви монистри, темен тексас суќна, плави хулахопки и кондури кремасти со црвено. А па и ’позата’ изремчена најмногу што можам. Супер. Фала на пажња.
Кога имав 10 години,сама се облеков за на слава,мајка ми не беше тука и сама си се облеков розева маичка по кратки со барби,кафеава суќна со цветови,портокалови хулахопки со мали пеперутчиња и бели сандали
Онака како мал кога мајка ми знаеше да ми прсне женски парфем пред да одам во школо (после ме сакаа наставничките па нормално ) .. И сега тазе утка имав облечена маичка наопачки ... (мала е разликата ,таква е маичката ) нешто ме зезаа демек против уроци ова она ама кој па мене ке ме урочи .. . По грешка облечени различни чорапи .... .... ( жива брука ) ...... А највеке ги мразев фармерките што бев приморан да ги носам како мал .. од оние со прерамки .,Ми асоцираа на мајстор и ме зезаа хахах детска работа !
Темата ме наврати на години наназад. Кога ке ми текне на една моја комбинација ми иде да се фрлам од зградава Имав жолти сомот панталони(читај машки модел) до глужд во кој бев лудо заљубена ( каде ми е бил паметот сеуште се чудам ) и си ги комбинирав со едно џемперче целото на коцки во сите можни бои ( црвена, зелена, црна, кафеава ). И целата таа комбинација да добие шмек носев едни кондура-патики ( неможам баш да ги дефинирам ) дреч плави.
Хухух имало како не Еднаш бев 3то одд и ми купија зелена мини суќничка Спојлер само со цветен принт на неа( големи зелени ружи) и карнер-два плус(некако се преклопуваа карнери напред- дијагонално ) ми ја купија за на свадба ( но свадбата беше во мај а мене уште во март некаде ни ја купија) и онаа голема пуста желба да се носи новата суќна не се издржуваше Еден ден во март некаде(снег надвор имаше) отидов на школо нормално облечена во фармерки, монтка и шалче , но на големиот одмор(кој ли господ ме гледал ) со другарката тркнав до дома(школото ми беше на 2минутки од дома) и се преслеков во новата суќна и се вративме на часови Кој мозок со ваква суќна на снег еј па и во школо Аа и секако си облеков кожа боја хуахопки од мама( тоа што беа ренде напраени не е битно нели ) и кломпи топуци од 10цм неизбежен моден хит
Ова како помала. Темно розеви кратки пантолчиња,црвена рамбовка,светло розеви апостолки и сина капа. Све ми боје лепо стоје!
Како помала можеби имав 11 - 12 години, вака се облеков за на училиште: зелена блуза, тексас суќничка, кафеави хеланки и конверс патики црно со бело.
ехее, дали била една порано (читај пред 3/4 години ) почнав сама да си се облекувам, со мислење како pamelche- и така знам за сликање со класот носев кремасти панталони, розева маичка, некои балетанки и (drumroll please) темно зелени чорапи и ај тоа некако се поднесуваше, ама па еднаш исто за сликање носев едно зелено фустанче со цвеќиња (беше некаква форма со што требаше да има маичка под него) и јас одбрав баш црвена маичка и тоа ептен дреч црвена.. и памтам еднаш пред 2 години шо носев на училиште (фала богу не беше тоа за сликање), лето беше и затоа носев темно сина маичка на прерамки (назад се вкрстуваа), розеви шорцеви како за на плажа, и нели бидејќи сум на училиште - под шорцевите темно сини хеланки и сите ме прашуваа дали шорцевите ми се пижами и јас тоа некако си го сватив како комплимент и многу други имало, амо сега само на овие се сеќавам
Па, кога бев помала носев една многу грозна маица (мислам дека имаше некоја слика на девојка и некои светки) од која сеуште се срамам. Изгледаше како да е купена од некоја тезга.Не знам што видов во неа (веројатно ништо, туку ја купив затоа што сите носеа такви, а јас тогаш многу сакав да бидам нормална). Може да се каже дека беше како за ѓупци. И што е уште полошто, ја носев во комбинација со розови кратки тренерки ( а блузата беше бела и од неа висеа некои црни партали).