Во темава сите вегетаријанци може да се пронајдат,од сите поттипови.Јас сум од типот песко вегетаријанец па ќе ви го пишувам моето ПЕСКО ВЕГЕТАРИЈАНСКО мени,да нема заблуди. Впрочем и мене ќе ми биде интересно да имам преглед... Сабота,27.07.2013 Пред појадок:чаша вода и зелен чај. Појадок:овесни снегулки со Баланс+. Ужина:лубеница+зелен чај. (тукушто го пијам чајчето). За ручек сеуште незнам,или интегрален ориз со зеленчуци или од пченката што мајка ми тукушто ја вари. Вечера се разбира лесна,со по некој протеин. Салата со Баланс,туна салата нешто во тој стил.Туната ја преферирам после тренинзи најчесто онака само обична зеленчукова салата.Се е до имагинацијата и фантазијата. Поздрав