Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашето дете во пубертет!- Вие???

Дискусија во 'Дете' започната од viku, 18 октомври 2010.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.656
    Допаѓања:
    6.526
    Да, имам брат и е мноогу поголем од мене, има 22 години. Тој не ни се појавува често дома, ко уште да го држи пубертетот па не се прибира дома. А за она со извинувањето, ќе се обидам, добар совет е ама незнам дали ќе можам воопшто да го изустам тој збор, срцево не ми дозволува.

    Кај мене, мислам дека на моите одредени мои другарки не им се допаѓаат, можеби ако се дружев со друго друштво ќе ме пуштаа и повеќе, мислам дека баш друштвото е една од причините зашто не ме пуштаат. Ама и кога ќе излезам со другарки кои нив не им пречат, пак излезот ми е ист така што.. Некогаш се случува ако се изнервирани а јас сакам да излезам со некоја другарка што не им е по мерак, да не ме пуштат.

    Е сега, тука морам да те поправам и тоа многу. Можеби погрешно си ме сватила или пак можеби јас не сум објаснила како што треба ама далеку од тоа дека мајка ми не е заинтересирана за мене. И таа ми се јавува, а посебно кога татко ми е на работа а јас ќе излезам. И таа постапува исто како татко ми кога ќе ми се јави, сега зависи некогаш да, некогаш не, тоа зависи од нејзиното расположение ама забележувам дека во последно време е помека.

    Баш мајка ми е таа што ме пушта повеќе од татко ми, јас со татко ми не можам да замислам да зборам за овие работи. Сега, вчера нешто се скаравме па односите ни се заладени инаку таа е подобрата од двата родитела.

    Мило ми е што можам да ти се обратам ако нешто ми треба, и да знаеш дека исто и ти можеш во било кое време. За што и да е, слободно пиши ми ЛП и ќе се обидам да ти помогнам. :*
     
    На Linn1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Ме изненади тоа што имаш толку голем брат. Често првите деца страдаат, а потоа на вторите повеќе им се попушта. Но можеби бидејќи ти си женско па се плашат да не направиш глупост.

    Друштвото е многу важно. Треба прво да стекнат доверба во него па потоа во тебе. Големо ти е друштвото? Јас излегувам со 2-3 другарки, убаво ги знаат од дома, сите до една ги познаваат совршено, па затоа и кога сум со нив не ми досаѓаат.

    Сега повторно татко ми ме изнервира. Ми вели: Ќе те следам јас. Сумлива ми си со ова искачање секој ден(а нема врска, 2 пати сум искочила). Има некое машко со вас сигурно. Само ако има ќе видиш што ќе ти направам.

    И јас ваква :|

    Си викам па дооооообро бре човекуу, 21 век сме Алоо! Не бре, нема разбирање. Се заинатил и готово :@

    А баш како за несреќа, другарка ми се мува со еден и седи со нас некогаш.. Како за беља бе, секогаш така ми се случува. |(
     
    На Lolo5 и blueeparadise им се допаѓа ова.
  3. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013

    хаха леле лин мене мајка ми порано ми викаше..
    - Ќе дојде татко ти некој ден да те следи..
    И ја на тоа експлодирав буквално.. Многу чести беа тогаш кавгите. После со другарка ми си поплачувавме колку лоши судбини ние имаме. :D

    Него, не дозволувајте тоа да ве иритира, само кажи:
    - Добро бе нека дојди, ако сака и со нас друштво да ни праи и така ние нели сигурно забегуваме ( иритирачки )

    Блу и мене тоа ме изненади, затоа што јас имам помал брат и до доцна не се пребира и ретко кога ќе му викаат. Мислев дека многу повеќе му се допушта на помалото дете. :wasntme:

    Период е дечки, ќе помине, научете им ги тактиките, не им одете контра туку само
    - Добро, мене не ми смета, ако тебе не ти е жал твоето дете вака и онака... ( демек вие критичен случај сте, пецнете ги малце де. :P :mm: :angel: ) И до ова јас секогаш додавав :
    - На моето дете јас никогаш нема да му правам вака да пати.. Затоа што јас него ќе го сакав и ќе го разбирав, а нема се контра да му одев.. ( демек јас сиротото, ме мразат овие :D )

    Ќе видите како ќе има промена ;) :)
     
    На dancing.queen му/ѝ се допаѓа ова.
  4. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.483
    Така и беше и на сестра ми.
    Во шесто одделение ја пуштаа до седум саат, а она пуста, имаше дечко :rofl:
    И мајка ми и татко ми знаеа за тоа, тој и беше врсник, во исти клас учеа, они го знаеа детето, ама ете бидна.
    Луѓе, не знаете што било тоа, најчесто си доаѓаше во 6 и 55, а кога ке дојдеше во седум и три минути и викаа кај си до сега, со кој си,а знаат дека е пред зграда во парк со друштво од 7 деца :^)
    Во седмо ја пуштаа до девет, а во осмо до 11 ипол, сега е прва и ја пуштаат до дванаесет ипол, еден.
    За разлика од мене
    Во шесто воопшто не искачав од дома, ама буквално, не дека не ме пуштаа, туку немав со кого :tmi:
    Во седмо на почетокот до 10, а при крај до единаесет.
    Сега не сум јас баш како сестра ми во точно време, па си си останував уште малку :$
    Па веќе единаесет ипол почнува татко ми да ѕвони и да ми вика дека било толку и толку саат и да сум се приберела дома.
    Еднаш со сестра ми, јас , другарка на сестра ми и братучеди(10 и 8год) на другарката и татко ми и се дере на сестра ми на телефон да сме се прибереле до 10 ипол и сестра ми таква се нервира, вика што му е на овој и што е најтрагично он се јавува во 10 и вика кај сте бе, сестра ми му вика па нели до 10 ипол и вика лошо си ме слушнала, јас реков до девет ипол, и ај некако го убеди на не остаи и такви случаеви нема многу, ама сепак ги има.
    Не се толку строги моите за искачање, ми даваат и со машки и со женски да се дружам...Среќа :)
     
  5. kristaa

    kristaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    12
    Мене бубачките ми беа во 7 и 8 одделение тогаш бев збесната... и тоа збесната премногу преправав одценки, моите има некоја доверба која не сакаја да ја губат и секогаш попуштаја тие речи ми во 12 и пол дома јас 10-15 минути доцнев. Потоа тие заминаја надвор од државата и јас седев со баба ми и дедо ми нормално тие беа построги но сепак од почеток си терав по свое.. кога оп одеднаш се смирив почнав на време да си доаѓам, да бидам послушна и да учам (тогаш баба ми и дедо ми се чудеа што се случува со мене) потоа се деси нешто што не му го посакувам ни на душманот и запоставив со излегувањето додека не се вратија моите (од како се вратија се наполнив со самодоверба и дел од тоа минато пребродив) од нивна страна сум целосно сватена имам излез до кога сакам, но еднаш до двапати во вечер ми се јавуват за моја безбедност (страв им е од тоа што ми се има десено) штикли, кратки сукниња, фустанчиња, шминка ме остават но се умерено и да не биде надвор од нормалата. Друштвото ми го знат имат целосна доверба во нив, не викаат дека се дружам и со машки, за дечко ме оставаат(и знаат за мојата врска во која сум 2 месеци), алхокол не обожавам али со тато може по една чаша пивце или вино за ручек.. а со мама ликер кога е расположена.. за цигари не сакам ни да помислам едноставно ми сметат и тие знат за тоа, кафе си пиеме со тато и мама (после заедничкиот ручек) ;)
     
  6. Butterfly77

    Butterfly77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Епа вака,кај мене мајка ми што ќе рече тоа ќе биде,а јас со нејзе водам војни :D Татко ми ме разбира,можам све да му кажам,за се се договараме,имаме исти мислења,не го гледам како татко него као пријател..али со мајка ми ич не се слагаме,ау незнаете како е кај нас дома :D Све што ќе направам не чини,на секое дупче нема едно,него две капачиња,ја ќе кажам нешто она спротивното,ужива да ми иде контра,и сеа глеам и тато така почна и се чудам што му стана одеднаш на човеков..иначе не ми праат дома проблеми за машко-женско друштво,али многу се досадни со телефониве..ќе искочам негде 100 пати ме бараат |(
     
  7. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Јас со моите се разбирам е сеа кога сум излезена што се јавуват по неколку пати ми е глупо, и најчесто :call: прашуваат кога ќе си појдеш не касни, до сега немам закаснето дома. Со татко ми се разбираме, ептен другарски тераме, додека мама е построга :!: и двајцата имаат многу голема доверба во мене. За излегување излегувам, знаат со кој се дружам. Некој имаше пишано цигари на тоа немам ни помислено е некогаш кога моите пиат на ручек пиво и мене една мала чашка ми дадат онака не пијам. А за кафе само капучино или инстант пијам па кога пиеме заедно јас правам. На моите и викам дека се среќни што имаат дете како мене и да бидат среќни што не брлавеам како други. Не можам да се пожалам од моите бидејки се ми е дозволено во границите на нормалата.
    Еднаш се налутив ама траеше кратко бев на роденден од 9, а ме пуштија до 10 мислам и јас инат и не отидов. Ако треба нешто, ама тешко се добива малку умилкување и готово.
    Ама кога ќе размислеш подобро, тоа го прават за нас. И заборавив да кажам не и прават проблеми со машко-женско друштво и фразата која ја слушам пред секое излегување од дома „И памет во глава“.
    За родителите на форумот со деца во пубертет ќе кажам не им се јавувајте многу и не поставувајте многу прашања.
     
  8. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Имам пишано и претходно на темава, ама да се надоврзам. Значи преголема слобода на дете не треба да му се дава, ама не треба ни да му се скрати. Многу е погрешно што родителите мислат дека ако им дадат преголема слобода на децата ќе прават глупости, ама не е така. Вие слободно можете да му забранувате на вашето дете да излегува, да има машко-женско друштво, за девојчињата дечко (бидејќи на машките не верувам дека некогаш им пререкле ако имаат девојка :) ), ама во првиот момент кога ќе добие поголема слобода тоа дете не беља, хаос ќе направи. Не си дозволувајте да го доживеете тоа. Се треба да е умерено. Зошто да не се дружи и со машки?? Зошто да нема дечко, за жал јас во 7мо имав дечко ама се фативме со тоа што се бацивме во образ, сега веќе во 7мо прават и други СРАМОТНИ работи ама па не се сите до едно такви деца, секој родител најдобро може да си го процени своето. Зошто да не излегува до колку седат и другите? Па подобро ли е само да се враќа навечер детето, отколку со друштвото?? Значи клучно е родителот да го знае целосно своето дете, а за тоа треба взаемна доверба и пред се огромна искреност.
     
    На Juicy03 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.656
    Допаѓања:
    6.526
    Абе Лин, право да ти кажам дека брат ми често се жали од мене. На пример ако јас речам нешто или кога ќе почнам да се карам со моите а брат ми е присутен и одма јаде го*на како кога он бил мал ако кажел нешто такво, веднаш добивал шамар, бла, бла, блаа.. |( Сега некогаш навистина знаеме да си помогнеме еден на друг, еве јас му позајмувам пари (и ретко кога ги добивам назад :D) ама па затоа он сега ми купи нов мобилен ии така.

    А леле, Лин, ова ко јас да сум го пишувала. Значи мене минатото лето исто така ми правеа, сега таа ситуација не беше во врска со машки ама сепак. Ми вика татко ми, аха а сигурно таму ќе одиш, да не ме лажеш случајно, јас после околу 9 ќе го пратам брат ти со колата да искружи едно кругче да види дали си таму! Па, само ако не си таму.. ќе видиш убаво! И знам еднаш, тоа беше кога бев седмо не пуштија порано од школо и јас сакав малку да се прошетам со другарка ми и во меѓувреме сум го заборавила мобилниот да го уклучам и малку касно се вратив дома. А татко ми ми ѕвонел и ја видел исто другарка ми дека се вратила дома уште одамна.

    И кога фати да ми се дере, ајде сега наброј со кој каде си била ова она.. И ајде сега не е битно тоа, да раскажувам туку ми вика а кога седевте кај градинката имаше ли машки со вас, кој точно беше со вас, одма да кажеш. Исто и се јави и на другарка ми, па ја прашуваше исто дали машки имало. |(

    Хелоууу, па што е проблемот со машките?! За што ме мисли татко ми, што би правела јас со нив? И плус јас и да излегувам со машки, не излегувам со некои непознати, или јас ги знам или пак моите другарки па јас ќе се запознаам со нив. Што е тука лошо? Јас најчесто излегувам со машки од мојот клас и од другиот исто. А Лин, ти што ме праша за друштвото, најчесто излегувам со три најблиски другарки (само не сите заедно) , туку јас и едната другарка, јас и другата, третата.. Некогаш знаеме да искочиме јас и двете другарки ама зависи. А поретко излегувам заедно со целото мое друштво (тоа што ми е од клас и од другиот клас.) Е сега, една од тие другарки е помала од мене, таа што реков дека има излез до 12, моите баш баш и не ја сакаат па кога сум со неа се случува малку повеќе да ме контролираат.

    Како и да е, ќе се обидам да издржам ова лето ама ова да ми го прават и кога ќе тргнам во средно.. Ноу веј! ;)
     
  10. argentina

    argentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    10
    Јас имам дете во пубертет и се му дозволувам, не сакам ограничувања затоа што паметам јас кога бев дете но многу се плаша од разни приказни за деца што скршнувале по лош пат посебно вкаат има средни училиште каде имало многу дроги такви работи и се плашам

    ако знае некој искуство како да го советувам да се држи понастрана, да не биде сите така прат многу се плашам

    П.С. родителите дознаваат последни за што и да е не сакам да биде така
     
  11. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.335
    Допаѓања:
    5.867
    Девојки ве читам и размислував за тоа како пред недела му се "жалев" на татко ми за одредени работи за кога ќе треба да излезам. Мислам дека имам некаде напишано, но ќе напишам повторно. Немам ограничен излез, бидејќи кога одиме од населба одиме цело друштво - 16 деца и сите заедно се враќаме. Ми пречеше тоа што ми се јавуваа по неколку пати да ме прашаат каде сум, пред да излезам кога ќе ми речеше татко ми Порано врати се, мајка ми кога ќе ме праша А кој и кој ќе бидете? и сл. фрази. Седнавме заедно прво со татко ми и се договоривме дека сепак знам дека треба порано да се вратам и ако ми треба превоз да му се јавам. Потоа разговарав и со мајка ми за ѕвонењето и тоа се реши. Не излегувам секој ден. Излегувам може еднаш до два пати месечно низ Центар и тоа седиме во парк или пак на некоја клупа, што значи не одам по кафичи, дискотеки и сл. Тука не ги вбројувам излегувањата низ населба.
    Никогаш не ми рекле во 9/10 да си дома, но јас самата сум свесна дека треба да бидам дома до 11 најкасно. Вчера бев излезена и го гледам часот и се зачудив зошто од дома сеуште не ми ѕвонат. Мислам дека на некој начин се чувствувам и јас и они посигурни кога ќе им јавам и ќе им кажам Ќе дојдам уште малку и да, уште малку сум дома.
    Имам постар брат и се враќа покасно дома, што е многу јасно. Секогаш кога е излезен сум загрижена зошто го нема сеуште и кој и да се засмее надвор, срцето чиниш ќе ми излезе. Си велам па и мојте така се грижат за мене.
    Моите имаат огромна доверба во мене и гледам тоа така да остане. Знам да седнам со татко ми и да почнам да разговарам за моите пријатели. Свесна сум дека и они ги знаат што ги гледаат низ населбата, па и подобро од мене. Разговараме за тоа што ми пречи кај одредени личности, за нивниот карактер и мислам дека со тоа си ја оформуваат сликата за нив. Додека со мајка ми и не можам да разговарам баш за овие теми. Тоа е жена со посебен карактер и треба добро да сфатиш за кои теми можеш, а за кои неможеш да разговараш. Тоа јас и со двајцата можам слободно во кое било време да разговарам за било која тема, но мислам дека со татко ми го имам пронајдено вистинскиот јазик. Се разбираме и те како, додека мајка ми поставува многу прашања и доаѓа до некој брз заклучок, кој нема врска со темата за која разговараме.
    Ми немаат никогаш забрането да седам со машки или пак ако ми се јават, а чујат машки глас во позадина, не велат ништо, бидејќи ги знаат дека тие се од моето друштво.
    Ја имам слободата која ми е потребна и од двајцата, а сепак ја знам границата и знам кога треба да застанам. Вие не знаете јас како мала каков багабонт/хулиган сум била (фрлање камен, на еден главата му ја пукнав, фрлање на даска, на друг окото му го повредив, братучедите нејќеа на гости од мене да дојдат), но со добри разговори уште од мали нозе сега сум стварно многу подобра.
    Со повишување на тон, ќотек и казни никогаш нема ништо да се постигне. Не велам дека не треба некоја од овие работи никогаш да не се направат, но од татко ми научив дека стварно со разговор и смиреност ќе се реши се'.
    Обчино им кажувам примери за некоја познаничка или пак некоја што ми била другарка, но тргнала по лош пат и со тоа самите знаат дека ги воочувам јас грешките кај неа и се трудам да не биде тоа така.
     
    На ku4ence, Smilly, INSIDIOUS и 3 други им се допаѓа ова.
  12. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    и јас имав тежок период во пубертетот и јас мислев дека цел свет е против мене и никој не ме разбира посебно мојте дома во тие години второто име за мајками и таткоми непријатели од оваа дистанца ке речам дека мојте уствари и биле доста толерантни :$ :$
     
  13. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Вака..Јас сум во пубертет и нормално како секој тинејџер сакам да имам своја приватност и свои права..Од страна на моите родители, никогаш не сум била лишена од оние работи кој ми се МНОГУ потребни, но не и секогаш го имав тоа што ќе го посакам. :!:

    Тоа што сакав да го кажам е, дека многу пати до сега дома атмосферата била ПРЕНАПНАТА поради кавгите (моја вина) за тоа каде ќе излегувам, и кога ќе се вратам. Одсекогаш сум била ограничувана со времето,нормално и со местото, секогаш ме пуштаат кога сум во близина или пак во град под услов Татко ми да ме земе, и да ме носи. Нон - стоп се лутев за тоа како на сите им дозволуваат излегување до 12/1 или после 1 саат, а мене крајно време ми беше 11. Уште е така, ништо не се сменило освен мојот начин на размислување.

    Според мене, оние деца на кој им е дозволено излегување кога сакаат и каде сакаат ( и со кого излегуваат ) не завршуваат како деца на кој можеш да им се возхитуваш или пак да ги наградуваш со нивното однесување. Искрено, повеќе од моите другарки пушат цигари и ретко да ги видиш во петок сабота трезни.. Јас НИКОГАШ не сум дозволила да паднам под нивно ниво и да запалам и јас цигара.

    Моите дома имаат доверба во мене, до сега секој проблем сме го решавале со разговор, исклучиво со разговор! Никогаш не ме казниле или удриле. Убаво е чувството кога знаеш дека си добро воспитан и кога знаеш дека родителите се горди на тебе.

    ДО СИТЕ РОДИТЕЛИ KOЈ НЕЗНААТ КАКО ДА ПОСТАПТ СО СВОИТЕ ДЕЦА :

    Немојте да казнувате - разговарајте
    немојте да удирате - со тоа само ќе го зголемите инаетот кај детето
    немојте да чекате да му помине лутината додека треска врати - отидете до него и РАЗГОВАРАЈТЕ ОТВОРЕНО И БЕЗ НИКАКОВ ПРИТИСОК.


    Се надевам дека вашите деца ќе се гордеат со вас што ве имаат за родител, и вие ќе се гордеете дека имате воспитани деца. :*
     
    На Fallin-ForHisSmile, nesa и impossibleBlack им се допаѓа ова.
  14. sweetheart10

    sweetheart10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    160
    Еве ја мојата состојба : Излегувам 3 пати во неделата, на плоштадот, низ центарот на градот.Излез имам до 11, а кога моите се излезени се враќам во 11:30 заедно со нив.Воопшто не изглегувам во маалото затоа што е сомнително, односно има
    наркомани
    Најчесто излегувам со мојата најдобра другарка (која живее веднаш до мене на 1 минута) и со другарките од класот.Моите родители ги знаат другарките со кои излегувам а и се во контакт со нивните родители, така што имаат комплетна доверба во мене.
    Е сега за изглегувањето со машки немам никаков проблем.Ако доаѓаат машки, тоа се оние од мојот клас и машки од уште еден клас со кои сме многу блиски.Никогаш не ми се има случено да се расправам со родителите за излегувањето со машки, понекогаш дури тие самите инсистираат на тоа.Исто така гледаме филмови заедно со нив, возиме ролери и слично.
    Излегуваме во пицериите, млечните ресторанти и слично.Мајка ми ми се јавува за да ми каже да се вратам на време, но тоа не ми претсавува никаков проблем.

    Се чувстувам доволно слободна, мислам дека моите родители се современи и постапуваат правилно со мене.Сите проблеми ги решаваме со разговор и на никој друг начин.
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  15. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Па јас сум доста бунтовна и често сум во конфликт со моите родители. Но како што забележувам по коментарите и вие имате ограничен излез неколку пати во неделата. Иста е ситуацијата и кај мене. За да барам нешто повеќе дали за излез or something else не се качувам на глава, не се лигавам, не кенкам. Еднаш прашува ме пуштаат - ок, не ме пуштаат - ѓаволот оживува во мене. :devil:

    Иначе сакав да алудирам на тие што немаат ограничен излез. Мислите дека тие се баш најголемите пушачи, испијанети се секој викенд и се фаќаат со секој. Јас сепак мислам дека се тоа ретки примери.
    Повеќе потенцираам на оние кои дома под стаклена кутија ги чуваат, ке ги пуштат еднаш да излезат и спобудалуваат.

    И дај ве молам не го сваќајте тоа пушењето ко да е најголем грев на денешницава. Па да не се правиме наудрени, кој немал желба да проба? Која не сакал да се направи фраер? Или пак по своја волја, затоа што тој сака, тука не мора, но може да влијае и околината, но сепак да напоменам дека не мора да значи, особено ако имаш силен карактер.

    Денес пострашна работа е дрогата. Па јас имам другари кои во текот на целата недела на училиште гладуваа и на излегувања не трошеа пари само заради 100 грама марихуана, односно тоа е 2 часовно уживање(не ме фаќајте за збор за времетраењето на дејството). Знам дека марихуаната не е силна дрога, знам дека се пробува од радозналост, не ни имам предрасуди кон тие што пробале, но сепак спаѓа во групата на дроги, опијати. И без тоа можам излегувањето да си го направам забавно.
     
    На pink4ever и blueeparadise им се допаѓа ова.
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.656
    Допаѓања:
    6.526
    Е да, Ина се согласувам со тебе за пушењето. Сите се однесуваат како тоа да е кујзнае што и децата што пушат ги прават дека се незнам.. наркоманишта. Не зборувам за некој тука конкретно од форумот, туку онака за некои луѓе што ги сретнувам секој ден во населба, град, што слушам по телевизија.. Сега, не ме фаќајте за збор, незнам дали имам пишано на форумов, можеби имам ама порано исто и јас имав некој сличен став за пушењето. А всушност, на кој од нас (океј, има исклучоци) не му се присакало некогаш да проба цигара? Мене таа желба ми дојде во седмо одделение и пробав, и ај терав едно 2-3 месеци, демек пушев, а уствари никогаш не ни научив да пушам, само пуфкав.. Вчера еден мој другар пушеше и му ја земав цигарата, пуфнав два-три пати, ама тоа нервозна бев нешто.. Јас дури мислам дека кога ќе тргнам во средно и јас ќе почнам да пушам, не заради друштвото, не викајте ќе потпаднеш под влијание на овој, оној.. Туку, како да ви кажам, си ја имам таа желба (далеку од тоа дека пушењето е убаво) ама што знам, ми се чини дека и јас ќе станам еден вид на зависник, зашто од кај мене сите пушат.

    Инаку, да, поголем проблем е дрогата. Мада јас знам некои ликови кои пробале трева неколку пати, ама не се зависни. Сакале да пробаат и тоа. Јас не верувам дека некогаш ќе пробам марихуана, екстази или што и да е.. Ама, никогаш не вели никогаш. Секако, и ова е лоша навика, се уништуваат животи со дрога.. ама верувам дека од еднаш ништо нема да ми бидне.

    Сега можете да ме осудувате, или што и да е, ама барем знам дека бев потполно искрена и мило ми е заради тоа. :) :)
     
    На WhiteAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Многумина го мислат тоа што си го напишала. Тоа е причина зашто ги мразам предрасудите ..

    Имам неограничен излез, како и сите со кои се дружам, цигара во уста не сум ставила, ниту некогаш некој ме видел испијанета, ниту она третоно. Тоа зависи од карактерот на девојчето, воспитанието, интелегенцијата и паметот не само кај неа туку и глобално на сите во друштвото. Прво ја така да почнам да правам, ќе почнат да ме контролираат другарите и другарките, а ако не се свестам, ќе одат у крајност да ме спречат. И во нашето друштво има такви што пушат (еден), возат коли и мотори(скоро сите машки), женска (еднина) што знае да ја премине границата во пиењето, ама тие никогаш не го прават тоа за фалба и ретко некој друг да знае за ова. Им верувам и знам дека нема да ме разочараат.
    За тоа третото што го спомна, со такви девојчиња не се дружам. Овдека јас ги наведев само лошите примери инаку сите останати не се подлежни на ниеден порок или некоја глупост. :angel:

    Едноставно знам сама да си ја поставам границата, и моите се увериле во тоа. Запознаени се со се што прави моето друштво и секаде каде што оди и сватија дека нема што да им пречи. Денес се вратив во 23:00, многу рано, а имало денови кога ме разденило.. Едноставно ако ми се седи - останувам, ако ми се погоди глупав денот може да си дојдам и рано.
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  18. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Не знам само од каде забележа дека имам предрасуди и кон едната група и кон другата група.
    Дочитај го мислењето.

     
  19. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    Не девојче грешка ме разбра :D
    Не мислев на тебе, убаво те прочитав, јас реков дека е точно тоа што го кажа, дека многумина мислат така. Инаку потполно се согласувам. Јас не реков дека ти тоа го мислиш туку дека тоа што си го напишала. Види болодираното. Само го потврдив тоа и додадов.
    Ако ме свати :D
     
    На Lolo5 и innablood им се допаѓа ова.
  20. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Јас немам дете во пубертет, ама јас самата сум во пубертет! :) И еве го мојот однос родителите-јас:
    Како што веќе имам спомнато низ темиве моите се разделија кога јас бев петто одделение. Тогаш јас птидов да живеам со мајка ми, а кај татко ми одев за викенд. Со мајка ми многу често се каравме. Секако за глупости. Од ништо правев нешто и после солзите на очи... Таа знаеше да ми стави забрани. Добро, бев петто одделение, 11 години само и нормално дека ќе ми стави забрани, тоа го разбирав и со тоа немав проблеми. Дури и ја молев да доаѓа да ме чека после училиште, кога бев втора смена, бидејки не сакав сама да врвам низ темници. Не можам да издвојам и да речам се каравме за тоа и тоа кога стварно тоа беа глупости. Од влакно правев јаже и признавав дека сама сум си крива. А и немав некои барања да сакам да излегувам до оклу до околку. Никогаш не ми рече „кај си до сега? со кого беше?“ и сл.
    Откако завршив основно се преселив кај татко ми и со мајка ми се гледам за викенд. Со татко ми воопшто и не се караме. Добро, пак има некои ситници, ама тоа не се такви расправии.

    Како на тинејџерка не ми е ништо забрането. Никогаш не ми рекле не дружи се со овој, не дружи се со оној. Знаат со кого излегувам навечер, имаат доверба и никогаш не ми рекле во толку да си дома. Не претерувам, ама и да дојдам подоцна не сум влегла во караница поради тоа.
    Имам 16 години и кога некој на шала или на вистина ќе ме праша дали имам дечко пред:
    мама: велам немам(зашто немам навистина) а таа молчи...
    тато: велам немам(зашто немам навистина), а тој вели: и да има, време и е...
    Знам дека тоа и двајцата не го прават дволично, туку се искрени. На мајка ми можеби баш и не и се допаѓа да имам дечко, ама не рекла не смееш, мала си и сл. А тато ко тато, ретко за што сум мала кај него. :)
    За учењето немам проблеми со ниту едниот родител, бидејки сум скроз одлична, учам зашто сакам и иако понекогаш знаат да речат немаш некој тест утре, сепак знаат дека неспремна не би си дозволила да отидам на училиште. А доказ за тоа им се петките...

    Се на се, откако ги прочитав скоро сите ваши постови, сфаќам дека сум една од ретките тинејџерки кои добро се сложууваат со родителите. Можеби тоа е поради нивната попустливост и коректност, можеби бидејки никогаш не ме казниле па не се чувствувам огорчена поради тоа, а можеби и бидејки сме изградиле доверба меѓу себе и бидејки јас сум целосно искрена кон нив.
     
    На pink4ever и blueeparadise им се допаѓа ова.