Вашето искуство со слабите оценки

Discussion in 'Образование' started by Buttterfly, Nov 18, 2011.

  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2011
    Messages:
    4,464
    Likes Received:
    7,841
    Gender:
    Female
    Фала му на Господ што постои медицинско училиште па метематика се учи во 2ра и 3та година на писмените добивав 3ки а еднаш и 2ка добив, ама професорката многу ни беше нечовечна и сакаше да ми ја опстави во сведителството четворка ама не може така :x благодарение на мојата најдобра класна и другите професори и таа ми беше 5ка :) и сите оценки се поправаат со учење. Во основно нервни сломови доживував кога по математика ќе добиев 3ка ама ми ги поправаа на совет секогаш зошто само математика ми беше проблем :$
     
  2. CIA

    CIA Популарен член

    Joined:
    May 17, 2011
    Messages:
    1,525
    Likes Received:
    3,029
    Единица до сега немам добиено,но 2 имам...тоа беше минатата или пред минатата година на тестот по математика,јас очекував 4 дека ќе извадам,коа ми се јавија и ми кажаа 2 (не бев нашколо тој ден),абе се отепав од плачење :fubar: (мутава сум била,за една смрдена оценка по еден од најглупавите предмети сум плачела)...дома ништо не ми рекоа,оти ме видоа и самата колку се нервирав,па уште они ми фалеа,а баба ме тешеше,ми вика ајде де и тоа е за деца :lol: ...а сега во средно,сеуште немам добиено еденица(да не се подречам),ама ако добијам може само да се изнервирам и толку.
     
  3. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Joined:
    Jul 20, 2011
    Messages:
    1,703
    Likes Received:
    1,924
    Gender:
    Female
    Искуство со слаби оценки имам само со мојата мила, најмила, најдрага МАТЕМАТИКА која премногу си ја сакам :inlove: :inlove: и тоа 2 слаби. Цела среќа што професорката ми е премногу, препремногу добра, па ме остава да ја поправам, т.е. ме станува на табла или ни дава поправен тест. Инаку, останав со 3че на крај :D а со други предмети си немам некоја посебна мака, не ја сакав хемијата, ама колку- толку учев теорија, ама за хемиски реакции и такви глупости.. тапа :D
     
  4. tropix4e

    tropix4e Истакнат член

    Joined:
    Nov 11, 2011
    Messages:
    192
    Likes Received:
    141
    Пред некое време имавме родителска за тромесечие и жива среќна сум што татко ми не отиде :) , затоа што кај мене дома мајка ми ги знаеше сите оцени, а татко ми само 5ките. Што значи дека ако он ги видеше 2та кеца на ливчето ќе ме обесеше.

    :!: Во секој случај за единици кои што сум ги заслужила не плачам зашто знам дека сама сум си крива.
     
  5. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Joined:
    Jun 13, 2011
    Messages:
    697
    Likes Received:
    1,288
    Gender:
    Female
    Па често имав шпац (колку добро тоа звучи, кога ќе го кажеш по 3-4 години) по француски. Од целото мое 4годишно искуство знам само уи уи да кажам, и ќескевуфедонлави. И не знам да го напишам. Не сум крива јас, крива е професорката, а толку многу сакав да го знам, да го владеам. Шта чеш, има време, млади сме.
    Паметам, ми ставаше со моливче, токму тогаш кога ќе ја изнервирав, ќе ми кажеше луто и вознемирено КОКОШКА! и врти страни по дневникот барајќи ми го името. Ах колку ја обожавав таа напета жена :)
     
  6. Bright

    Bright Популарен член

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    2,547
    Likes Received:
    5,522
    Не сум сигурна, но мислам дека не сум добила кец. Ако сум добила, тоа мора да е во прво одделение. Не ми одеше математика, ама не сум добивала единици. Нит понатака во основно, нит во средно. Во основно сите сведителства ми беа со петки, освен во прво математика 4ка. Онака да не е монотоно :lol: А во средно само трета година ја поминав со сите петки, 1ва имав една 4ка и две тројки, втора една 4ка и една 3ка, четврта една 4ка (психологија бе!). И доста ви пишувам бројки, најобитно е знаењето.. нели?
     
  7. Cacy

    Cacy Популарен член

    Joined:
    Jul 26, 2010
    Messages:
    2,244
    Likes Received:
    1,547
    Па во основно имав неколку ама само на тефтерот не на дневникот.
    Во основното учев ама некако немаше разултат.Сега во средното супер ми оди :D
    Не ме мрзи да учам ама има еден предмет што го мразам!
    ИСТОРИЈА-Наука за мртвите која ги мачи живите :lol:
    Ни во основно ни пак во средно не ми тргна!
    Сега оваа година не учам и многу ми е поубаво :D
     
  8. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Joined:
    Jul 27, 2010
    Messages:
    4,632
    Likes Received:
    23,866
    Gender:
    Female
    Не можам да кажам дека имам многу искуство со слаби оценки. Во основно, нормално како и скоро сите, бев скроз одлична. Во средно, учев гимназија, Исто така ми беа сите 5ки. Само имав еден период кога раскинав со тогашниот прв дечко, паднав во депресија за глупост, и не учев воопшто. Професорот по историја ми стави 2. А другите сите 5ки, на стара слава. Ја поправив некако, пак минав скроз одлична. А сега на факултет, да не се урочам, немам слаби оценки освен една 6ка по Книжевност од прва година. Другите оценки ми се доста солидни.
     
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Joined:
    Apr 19, 2010
    Messages:
    1,619
    Likes Received:
    4,653
    Охооо имав слаби, како немав, ама секогаш во Мај загревав столчето и во сведителство сите 5.

    Првиот кец го добив во 5 одделение по ОТП, зошто чкртав по шкафчињата со креда, луд наставникот беше. Малце проплакав, после се радував зошто го добив првиот 1.
    После тоа одговарав и го поправив.

    После првиот другите веќе не ги памтам, ама знам дека сите единици што сум ги добила и во основно и средно ми се или зошто сум поткажувала, или зошто сум била немирна, никогаш за незнаење.

    Се сеќавам дека многу се потресов :lol: во 2 година средно, кога професорката ми стави двојка, а јас и кажав дека подобро да ми стави единица отколку двојка. И тогаш плачев од нервоза, зошто јас за оценки ги признавав само 1 и 5.

    Исто во средно се срчкав со еден професор (Мирче-математика, кој учел во Борис го знае), се наљути господинот и на почеток во Септември ми начука 4 или 5 единици во графата за прво полугодие што е.
    Мене ме фати инат и не одев цело полугодие на час, на класната и викав зошто да одам кога сум оценета :fubar: ?
    И после во второ секој час на табла решавав задачи за да ми го поправи кецот т.е. за да ми стави 5.

    Со другите не било толку страшно, ќе го стави, ќе постои недела две, ќе набубам материјалот и ќе станам доброволец да одговарам, ќе испеам 3-4 лекции, и оп, седи Најубава 5.
     
    LilBaby likes this.
  10. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Joined:
    May 28, 2011
    Messages:
    590
    Likes Received:
    120
    единица имав само еднаш на тест по матетатика...ама имав заборавено дека правиме тест...а двојки на секој тест скоро има,бидејки писмено не би беше многу добро... а во дневник никогаш
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Joined:
    Jul 12, 2010
    Messages:
    3,009
    Likes Received:
    14,816
    Морам да признаам дека иако бев фраерска бубалица (копирајт другарка ми), на една рака сепак можам да избројам по некоја единица која сум ја добила во животов ми школски. Една математика, една психологија, една филозофија и една 1 на 2 :rofl: И тоа на писмена по математика - е за оваа дебилна оценка ми беше најмногу криво затоа што чинам бев единствената од класот која извади толку лоша оценка и тоа се сеќавам дека површина на пирамида (парадоксално на пирамида де) сум ја рачунала по формула на површина на цилиндер и слични збунки :D
    И утехата - колку да не биде ептен кец, па ми ставија 1 на 2 ми беше уште пожалосна. Демек ај од сожалување пошто ме знаеше дека сум петкаш и да не ми го расипе просекот ме утеши веќе со оценкава, ахам! :D

    Во секој случај - најмногу се срамев во средно кога добив кец филозофија. Затоа што ниту читав, ниту имав читано, си дојдов дудуче а професоркава беше капацитет во ЈБТ и тоа невиден. Ох колку само ми беше срам пред неа да не знам абре ни за Платон да зуцнам.

    Освен ова си велам денес, што има врска?! Вистина е дека во тоа време некои ги сфаќаат оценките многу трагично, некои не ги боли, некои ко мене си велат - е добро де, ќе ја поправам.
    Ма навистина не е битно. Оценката не е мерило за понатамошен успех во животот. Оценката ве лишува од нервози за време на школскиот период. А понатаму во животот и онака никој не ве оценува. Вие самите ќе си се оцените по снаодливост и способност. И еден ден ќе се смеете и ќе си речете - за ова ли сум се нервирала?! Ма дај :)
     
  12. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Joined:
    Oct 24, 2010
    Messages:
    2,191
    Likes Received:
    3,858
    Една единствена единица имав во 7мо математика оти одреден период не носев домашно. Се сеќавам се побркав од плачење а сега да се прашам зошто сум плачела? -искрено смешно ми е. И така на крај ми беше 5. Слаба оценка ја сметам и тројката. Обавезно имам 2 до 3 преку годината ама за крај ги поправам или на 4ка или на 5ка. Секогаш гледам да поминам одлична без ниедна 3ка ама последните две години не ми успеа и во двете свидетелства по една ја грозат глетката, и искрено мака ми е што не беа реални.
     
  13. marama

    marama Форумски идол

    Joined:
    Apr 20, 2010
    Messages:
    6,525
    Likes Received:
    92,156
    Gender:
    Female
    Првата слаба оценка ми беше во 5то одд. Единица по англиски, мислам дека од тогаш почнав да го мразам јазиков. Прв час, јас до тогаш освен филмови, песни никогаш не сум пишувачко искуство. Ме извади на табла професорката и почна да ми диктира зборови. Од каде да знам како се пишуваат? И ми лупна кец со молив. Се разбира го поправив. Во основно не ми текнува на друга единица ама затоа во средно ги имаше. Никогаш не сум се замарала со оценки зошто знаев ќе ги поправам. Сите 4 години англиски имав единица до јуни, ама лоша беше професорката секој час испрашуваше од последен број и на сите единици ставаше. Ми текнува на една ситуација ги станува тие после мене во дневник и им става единица, ги прашува двајцата пред мене им става единица. Јас среќна не ме фатила и оп - Ајде број 36! Станувам јас и и велам- Пишете ми и мене единица :rofl: Е не ќе се шегуваме. И кога ќе отидев да одговарам ми велеше- Ти си многу паметна, не знам зошто вакви оценки сум ти ставала и оп , 4ка ќе ми пишеше. А да и информатика имав единица, па до 1ва средно не сум работела на компјутер, не ни имав. Си имав единица се дур не почнавме во PowerPoint да работиме. Тогаш добив 5ка и не можеше женава да се изначуди :wasntme:
     
  14. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Joined:
    Oct 30, 2011
    Messages:
    988
    Likes Received:
    319
    еднаш имав 2 единици во 2 или 3 година,и коа му кажав на моите па тоа беше уффф,зборење до без свес :D :D :rofl:
     
  15. calliope

    calliope Популарен член

    Joined:
    Jul 1, 2011
    Messages:
    1,368
    Likes Received:
    15,997
    Gender:
    Female
    Е што ако во основно ги нижев сите петки? Поминав и јас и оние со спроводници на струја кои на крај едвај и магично ги претвараа во лебед.
    Во средно искрено решив да не се замарам толку, ама скапо ме чинеше. Јас, навикната дека го имам знаењето и дека ќе биде како порано, имав „среќа“ да западнам во училиште и клас со газолижачи и мамини и татини љубимчиња кои со 2 збора од двојче правеа петче, а јас и некои со 30 минутно испрашување некогаш не успевавме ни за една оценка да покачиме. Ама нели, се ваѓаат со тоа дека морало да има и појаки и послаби ученици инаку кривицата ке била во професорот. Абе жими задников што тие „појаките“ беа појаки. До носот да им беше видикот, арни ке беа.
    Врвот - кога дознав дека мајчето на „најдобрата“ другарка фатила врски и ја надупила класната против мене, што автоматски ме смести во групата на паталци.
    Не дека имав некои единици, ама тук-таму никнуваше некоја, што за мене беше несвојствено и чудно, па во почетокот и јас и мајка ми се чудевме што дури не натера и да се запрашаме кои оценки ми се позаслужени, петките од основно или овие слабиве од средно.
    Ама кога ја сфативме целата работа, почнав да го мајчам со отсуства, со противење и расправање со професорите, спуштање муабети. И тоа додатно ми ги влошуваше оценките, ама на крај матурата ја положив со сите петки и им ги затнав муцките, пак си излезе вистинската јас на површина.
    Може забегав малку со раскажување, ама такво ми е искуството. Не секгогаш слабите оценки се резултат на незнаење и затоа не треба ни родителите, ни децата да го земаат тоа при срце и да се трескаат од земја за нешто такво.
    Луѓе сме бре, грешиме, ги исправаме грешките, стекнуваме искуство. Па Боже мој, криво ти е да, ама ако си ја знаеш вистинската вредност нема и зошто. Ако незнам - нема да ми е криво за единицата пошто не сум знаела, заслужена е.
    Ако знам - криво ке ми е, ама подобро ке ми е да знам дека го имам знаењето, отколку некое незаслужено бројче на ливче.
     
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Joined:
    Feb 22, 2011
    Messages:
    4,161
    Likes Received:
    14,172
    Gender:
    Female
    Прва единица, добив сега во прва, на тестот по физика, и го поправив на три. Така да, во дневник, фала богу, сум немала единица.
    Ама, за пола бод двојка, ќе сум извадела! :!: :rofl: Искрено, и си го очекував кецот, така да, не бев изненадена, него се радував на тие 3 и пол бода, не очекував толку. :!: Ама затоа, после си научив, и поправив. :rofl: Јас уште од вториот час, и реков на мајка ми: Мамо, да си знаеш, јас физика и биологија, не одговарам што оцени ќе имам. И моите веќе и очекуваа единица, така да, не си поминав лошо. :rofl:
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    8,386
    Likes Received:
    142,804
    Во основно не, сите ми беа петки, ама уште на почеток на средно работите ми избегаа од контрола :D

    Прв кец добив во втора, по историја, а во трета имав и на полугодие - тоа ми бил единствен кец на полугодие. Некои бубачки ме фатија, и да знам не одговарав од инает, што ли сум мислела - не знам. Сум добивала и по тетратки, или кец со молив и слична варијанта - ама секогаш во стилот - немам научено, а никогаш не сум била до толку да не можам барем тројка да извадам.

    Биологија имав многу кецови. Ама отпор имав некој, не дека не знаев, во основно на натпревари одев, во секции после часови, не знам што... Поточно биологија зависеше од професорката, ми се менуваа, кај една имав петки, кај друга кецови. Хемија никогаш не ја учев последната лекција, а таа секогаш почнуваше да испрашува од таму. А географија обавезно ме фаќаше неспремна, ми ставаше точка за кец, и после на се одговорено ми ставаше тројка, просекот толу бил. И тука зависеше од професорот, имало години и сите петки кога ми биле. И покрај мојата љубов кон природните науки, биологија, географија и хемија во средно оценките ми беа во просек тројки :D

    Кец во дневник сум имала и физичко. И пак исто, затоа што сум рекла не можам без да се потрудам.

    Среќа во просек бев многу добра или одлична, а на изненадување на сите што ќе ми ги видеа оценките математика не се сеќавам дека сум добила помалку од 5ка :D

    Важно во четврта ми помина пубертетот, фатив да учам, изнаредив петки :D . Интересно, изгледа се испукав во средно, на факултет немав никакви проблеми, дури и иако во средно бев во последни 10 од класот по успех, дипломирав прва :D

    И од ова што го изнапишав заклучив нешто за кое до сега не сум размислувала: учев само по предметите што ги предаваа професори што знаеја како да ме мотивираат да учам, а немало врска дека за едно ме бивало, а за друго не, или дека некој бил подобар од некој друг.
     
  18. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Joined:
    Oct 13, 2010
    Messages:
    8,071
    Likes Received:
    72,409
    Gender:
    Female
    Е единица сум имала една во животот и вечни трауми од неа. Не сум била никогаш скроз одлична, ама не сум имала единици. Барем за 2ка или 3ка ќе се снајдам некако.
    Е се погоди во трета година средно, Рилкова да ми стави кец на трето тромесечие, по Деловно работење, па редовно си ја сањав жената. Кошмари!
    И најиронично во целата ситуација е што предметот цел го знам на памет и ден денес.
     
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Joined:
    Feb 22, 2011
    Messages:
    4,161
    Likes Received:
    14,172
    Gender:
    Female
    Денес ја добив, биологија, и се исфрустрирав. |(
     
  20. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Joined:
    May 6, 2011
    Messages:
    1,420
    Likes Received:
    1,662
    Gender:
    Female
    Единица уште не сум добила 8) Во основно сите ми беа петки на полугодие, тромесечие, крај на година.Си бев што би рекла Пирамида, фраерска бубалица :lol: Се сеќавам само на еден тест биологија дека добив тројка...Е тогаш ми се сруши светот.Бев шесто одделение и се сеќавам само дека се истурив од плачење заради таа тројка.Нормално, ја поправив и се беше ок.Сега во средно сеуште си ја чувам титулата фраерска бубалица, само петчиња се вртат, и ако падне некоја четворка, одма се трудам да ја поправам.И што е најсмешно, сега сум најдобра во класот, на часовите по биологија.Изгледа дека таа тројка од основно ме научила да се позанимавам посериозно со биологијата :rofl: