Единица во дневник досега никогаш не сум добила. А на тестови и писмени-да. Најголем проблем кај мене е што премногу емотивно ги сфаќам оцените подолу од 5. Математика-од 5то до 8мо редовно добивав по најмалку една единица на тест/писмена. Ја мразев од дното на душата како предметот така и наставничката. Таа, пак, ме сакаше. Ниеднаш не ми ја напиша единицата во дневник. Првата и последната единица по македонски ја добив во 5то и тоа за лектира! Имавме едни прирачници за лектира и јас да ти сфатам дека на час ќе ги попoлнуваме, а тоа требало дома да ги пополниме. И тап, кецот мене. Во тетратката нејзина. Се скинав од плачење! Тоа ми беше прв час тој ден и до шестиот едвај се соземав. Дома беше хорор. На тато косата му се крена кога му кажав зошто плачам. Следниот ден ме барала наставничката да ми објасни и да ми се извини, ама јас се отпишав од тоа школо. Не поради единицата, да се разбереме, поради други причини. Други единици немам имано. Последната послаба оценка ми беше по физика, усно испрашување. Не бев спремна и ми напиша двојче. На тестот си извадив 5ка, па 5ка и ми остави. И лани, физичко ми напиша 4ка. Е тогаш не знам како не го заклав на лице место. Не дека 4ката е лоша, туку криво ми беше што јас секој час и опрема носев и вежбав додека други одеа јадење да купат и пак јас 4ка. Стигнав до одговорен раководител со мојот револт и не ми ја поправи тоа тромесечие. Ради таа 4ка не добив попуст на школарината.
Јас во 7мо одд. добив 1 по хемија, и тоа само дека не знаев што е раствор(во моментот не ми текнуваше). Можеби и ќе одговорев на прашањето, но наставничката ми даде само 5 секунди и само што кажав "раствор е..." ми рече "седи, еден" (за среќа единицата ја напиша со молив и следниот час ја поправив на 4) Инаку, до денес знам дека раствор е соединение составено од растворувач и растворлива супстанца
Првата и единствена единица ја доби во 4 та година по историја затоа што не сакав да одговарам не бев доволна спремна и си реков подобро да ми стави 1 одколку 2ка затоа што 1цата подобро се поправа и искрено не ми беше жал иако сите др ми беа 5 ки. Потоа одговарав секој час и пак имав 5 на крајот (ама тогаш видов како било да се учииии секој ден за да поправиш ) Исто пак во 4 та математика имав извадено 2ка и 3ка ма ич не ми одеше иц не ја сакав математиката ама проф ми беше класен и ми стави 5, живеев на стара слава
Јас досега не сум имала единици, од 1 до 8 секогаш бев со сите 5-ки и немав проблем. Средно беше истото имав една по математика таја ми беше писмено, зато шо секогаш добивав единици на тест оти и ден денес појма немам, другите ми беа сите 5-ки така да мојте не ни го гледаја кецот. А никогаш не сум плачела за оценка, сите се поправаат.
Edinici sum dobivala na testovi (za testovi ic ne me biva ),no sekogas gi popravav,ne me biva za predmetite vo koj treba da se upotrebi mozokot (matematika,fizika i hemija).Reakcijata na moite roditeli za slabite ocenki bese uzasna i bas ne sakam da se sekavam na nea
Долгогодишно искуство богами. Прв кец во прва средно, сосема очекувано -математика. И физика. И хемија. Која глупост, последниве два предмети ги обожавав во основно и сеуште ги обожавам, ама ајде... И така, не се притресував нешто премногу, ако идам на полагање, ќе идам, голема работа. Не ми се мене оценки мерило за тоа колку вредам како свесно човечко битие. И така, во втора имав прво тромесечие кец по нега, математик и физика (класика). Ама, things are getting much better now... Ги поправив на 4, само математика ми фали... пусти линеарни равенки... У главном, не се притресувам за кецови, за оценки воопшто.
Во прва година имав две единици на полугодие,се нервирав и тоа по електротехника и математика. Во електротехниката имаше и математика и затоа бапп кец ,а математика како математика никад не ми одела нема ни да ми оди, но сепак на крај се извлеков Сега пак си се мачам со математиката ама добро немам сега кец Па и не ми е ни криво математика да имам кец што кога незнам ама гураме некако гураме
Во основно си учев и си плачев ако добијам 4,мораше сите 5-ки (бубалица бре) . Колку само се смеам за тоа. А во средно од пуста мрза, знаев да добијам некоја 4-ка, а да поучев и малку повеќе добивав 5-ки. (Не се фалам ама многу брзо и лесно учев во средно). Единици и двојки немам добиено никогаш (за 3-ка не се сеќавам искрено),Освен еднаш кога на другарка и решавав задача на тест, ме виде професорот и ми стави три единици во дневник. Тоа беше 3-та година второ полугодие прв тест. Се нервирав, ме провоцираше професорот и до крај на година ми ги остави (а претходно математика немав помала од 5 ). Цело полугодие сакав да одговарам а професорот не ми дозволуваше и на крај моите три единици ги направи 4-ки . Битно јас се нервирав цело полугодие и на крај крајна оцена ми спушти 5. Тоа е моето искуство со „трите бандери“. Едит: Се присетив дека историја и географија добивав 3-ки Вака некако од 1 после ми ги преправи во 4
Одлична ученичка сум.И да на писмените по математика секогаш си ваѓам единици.Ма тоа е наследно на никој од фамилија не му иде математика,па ни најмлаце не мене, и ништо не ме чудит Во осонвно професорот си ме знајше,и сега во средно исто Родителите дома не ме караат,зошто да ме караат,тоа е давам се од себе,ама Математика пуста Исто така сега и средно зафркнав работа со Хемијата,ах бе немам професорка по хемија имам жив ѓаол,највисока оценка во клас ни е 2че и имаме една 5-ка со врски и две 4ки,а да јас имам 2че Шо би рекла една професорка,2че спасител година,па и така е
И јас исто како Анна-Банана. Немам единици во дневник, али затоа секој втор тест Математика ми е кец И пак за на крај на година јас Математика си вадев 4
Имав кец у прва година прво тромесечје по Техничко цртање. И тоа имавме цел клас кецови оти ништо не разбиравме. До крај се уходавме. Ехе, и на почеток Електротехника на писмени колку кецови сум вадела, до крај сите ги испоправив. У тек на година добивам од сите оценки по нешто, ама на тромесечје, полугодие и крај година ги управам, и си редам петки. И да признаам, математика мразам. До осмо ми беше интересна, вежбав, учев, доста знаев, од кога тргнав средно ми се погоди една таква глупача професорка шо на час не ми се одеше. и така после тоа ја усрав работата, па сега маки мачам за петка.
Никогаш не сум имала подолна оценка од 3-ка. Уу, па за мене и тоа било емотивен шок. Не знам, едноставно за мене тоа е пораз. И мразам кога некој ќе ми каже дека нешто не му оди и не може да добие добра оценка. Како па да не. Секој може да добие добра оценка со труд и работа. Зошто да биле единици кога може да се петки? - Секогаш сум се водела според ова. А и 5-ката ако не е со сите бода се нервирам.
Не се оценките предуслов за знаење. Оценката се пиши, оценката се бриши. Можи некој да ти напиши слаба оценка а ти да знајш за повисока. Денес сите учиме за оценка, а не за знаење. То е моето мислење. Се восхитувам на знаењето на мајка ми, татко ми... Не биле со сите 5ки ама учеле за да знат, за денес кога ќе ги прашам многу работи точно да ми одговорат. А ние по поќето предмети учиме само колку да поминиме. Пример јас конкретно за предмети за кои немам некој интерес учам колку да имам повисока оценка на крајот, а да ме праша некој по 10тина години нема многу работи да памтам
елелее кога ке ми текни основно 1 математика и се секирав и не се секирав нешто измеѓу ..никогаш не си ја трескав главата .А сега во средно имам добиено 1 но мноооогу повеќе учам па одма ги поправам не дозволувам до дневник да стигат
Јас се смеев некогаш на единиците во средно математика, па дури и на една единица во основно исто по математика. Скоро пола одд добивме единици и двојки и таа до мене што седеше исто доби единица. Она плаче, јас се смеам. Се смеев зошто знаев дека ќе ја поправам единицата и ако сум погрешила на тестот, тогаш на наредниот тест сигурно ќе научам повеќе Еднаш знам во средно со една професорка се карав зошто немав научено баш за тој ден и женава сакаше единица во дневник да ми стави. И ја така кога и се стрчав кога и го затворив дневникот и викам неможе еден во дневник има ја да научам се за нареден час. И навистина научив и си добив 5ка
Бидејќи сум срамежливо и плашливо дете, секогаш имам проблеми со усните оценки, а во последно време со писмените (тоа нема врска со срамежливоста ).Сега па во средно дека сум прва година па професорите се „строги“ па се дткам понекогаш и ќе кажам дека незнам иако знам само поради тоа што ми е страв од професорот, и така јас си добивав и добивам слаби оценки кај професориве а знам дека можам повеќе ама тоа е