Леле темава во срце ме погоди Сега прва година, пази во Јосип Броз! До осмо си ги редев петките на стара слава, јас 5 математика?! Море се четворки ги вадев на тестови и усно четворка ми ставаше ама дека ме сакаше си имав петче. И си мисли сега женскава Ау сега ќе одам во Јосип и сите петки ќе ги наредам. Како да не Не бре, јас не сум научена толку да запамтувам, а бараат многу, што е типично. За сега имам само неколку петки и четворки во дневник, ама на тестови Математика тројка си добив, македонски двојка А јас со цел памет се залетав Аа јас македонски 4 ке имам! Кога го видов тестот ми одеше од десети да се фрлам! А не се нервирам кога ќе добијам слаба оценка, пример македонски ми одеше во фаца да и се изнасмеам на професорката, а шок и смеење не е добра комбинација. Македонски си немав појма во основно, ама петка имав дека повторно, и бев мила Ама пример за француски, јас мислев дека на тестот ќе добијам 4 а тоа за мене е неприфатливо! Знам француски и не сакам професорката да мисли дека сум за четворка. НЕ! Ама добро е, добив 5
и мене годинава не ми почна баш сјајно....си закачив едно 2че хемија (ама за 2 бода 3че ќе беше)...што да правам, не сум јас виновна што не разбирам....
За никаде е средново бре Наставнициве малце се скренати,сите се нервираат за оценки,ама јас не. Некако ми е сеедно,а знам дека со нервирање нема ништо да постигнам
Првата единица ми беше во 5то одд по математика а сега во средно исто така прва едница по математика ама ок и 3јка иам математика инаку како се справувам па криво ми е само кога дома сум учела и пак 1 сум добила инаку дома со моите проблеми за оценки немам а се нервирам кога некој ќе видам добил 1 и плаче мене дома ми се признава 1 само по математика и физика ама сеа за сеа ок сум си се надевам ке продолжам така
Годинава ми почна како така не лошо прва сум во средно гимназија.Во основно сите ми беа 5-ки и сите велееа дека учам и се трудам ама годинава ја утнав работата имам две 3ки на полугодие и 2 четворки,знам дека не е страшно ама се плашам од реакцијата на моите и дали ќеуспеам да ги поправам до крајот на годината
Од прво одделение до 4та година сите 5ки, сега на факс и златна 6ка ми е доволно, не знам дали е до мене или до факултетот, ама не се замарам мн со оцените важно ми е да научам убо и да положам.
Сум добила само две слаби оцени(мислам на 1).И да,јас никогаш не сум плачела за оцена,ама никогаш,не е тоа дека не се нарвирам,инаку секогаш бев одлична,ама сепак ми е глупаво она лигавење пред професорите,ве молам,ама неможев да ги научам,па ајде плачки,цимолкања,па што уште не..Никогаш не сум плачела,ама никогаш,и мразам да плачам во јавност воопшто.И секако дека ги поправив,на крај стигнав до 4ки,и пак си бев одлична.Значи оцените не се поправаат со цимолкање,туку со учење.
слаби оценки немам сум имало во 5 одд математика ама ич не ми одеше на сите тестови добивав 1 или 2 ретко 3, ама никогаш не сум плачела фатив да учам полсе и една другарак ми помагаше па на последните тестови ( 3 теста беа) извадив две 4ки и 5- и наставников виде дека се трудам,работам и ми стави 5 за на крај а сега пак незнам ама ич зашто ни дојде една наставничка и таа не ни предава сами сме во училна искача од час ја болело главата неможела да не слуша и едно девојче од мој клас ни предава понекогаш.. и така ама пак барем 3-4ки вадам на тестови сме се жалеле сегде неможат д аја избркаат зашто со јаки врски е влезена
Првиот 1ца ја добив на курс по Англиски, ама не се сеќавам на поводот. Инаку до 8мо сум немала 1ца. А во средно иако поминував одлична, сепак имаше и лоши денови кога сум добивала 1. Па после учев како будала и се мачев да го поправам на 5. И тој во средно исто ми беше по Англиски. И никако немав 5ка англиски, со 4ка завршив Англиски.
Ја погледнав така темава и расчитав мислења. Прочитав мислења каде во средно,од кец до крај година сте стигнале до петка? Аман бре луѓе,толку ли е лесно? Зборам за гимназизкиве средни училишта,каде критериумите за оценување се малку на повисоко ниво. Јас неможев од кец на четворка да стигнам,макар и сите одговори петки ми биле.
Мојата прва слаба оценка беше по опшество (2) во 4то одделение, мислам дека срцев удар ќе добиев кога си го видов тестот А гледам сите уште во основно добивале 1 по математика.. а јас на секој тест се спасувам и двојче вадам пример до 29 бода е кецот- јас 30 ќе имам хепи енд
Прва слаба ми била3ката по математика во трето.Памтам не можев да се соземам од плачење.Кој памет сум го имала бе хаха. Од 5то па се до 8мо сум немала слаби оценки, 1ца не ми се случило да добијам пу пу.Ама со математикава вечно топло ладно си играм.2ки,3ки и 5ки.
Во основно можам да кажам бев бубалица,па во средно кога видов што убаво било да си забушант и продолжив со тајфата забушанти тоа траеше до првата родителска Првиот кец навезан беше по хемија и до ден денес ни ја разбирам хемијата ниту пак сакам да ја разберам ја замразив,тој беше единствен кец... маки мачев да го поправам и го завршив средното одлична сите години ама не со сите петки
Дали воопшто сте извадиле единица? - ехеееее во средно ги имав многу. Не можам да ги избројам Или пак редовно вадевте единици на тестовите? - математика редовно имав единици и на крај некако магично вадев двојки на поправните тестови. Ми текнува еднаш извадив 4ка и сите беа премн изненадени Дали ви беше криво? Или пак сеедно? - сеедно ми беше, само криво ми беше кога добив единица без никаква причина (т.е. дека бев отсутна од испрашување)
Сум имала и слаби, и сум ги поправала. Никогаш не сум била бубач сите петки да ми се постојано. Повеќе се радував ако нешто кое сум мислела дека нема никогаш да го научам сум го разбрала и ме оцениле со 3ка - 4ка отколку да набубам за 5ка и после да го заборавам. Не сум се нервирала за тоа никогаш, ниту пак сум се лигавела за повисока оценка. Не знам која е поентата у тоа да се расцимолиш пред наставникот за да ти стави 4ка, 5ка или било која повисока. Мене срам ќе ми е така. Подобро да седнам и да научам од колку да покажувам слабост и да се лигавам пред сите за една оценка погоре.
Немам добиено досега единица, има време за тоа потаму. А двојки иам 3-4 добиено.Една македонски, ама беше изненаден тестот, и скоро сите петкаши слаби извадовме и ни ги поправи лесно.Две двојки математика кои многу лесно ги поправив, еден со вежбање, друг со препишвање, ама па мама ме држеше под око месец дена дури не ги попраам и сеа си иам 5ка.И уште една 2ка биологија заради која крв проплукав дури да ја попраам.Мама и тато не беа обавестени за последнава. Толку беше .